В кола имам појачалце кое пишува дека е 1600вати макимална снага, но по мое вади 120вати по канал на два оми сосе изобличување. Значи 60-тина вати по звучник, ако се користат два 4-омски звучници паралелно врзани. Е сега проблемот е што звучниците во авото-продавниците со 50-60ватна снага се со превисока цена, а на колата има фабрички отвори наменети за 6,5' инчни звучници. Најверојатно по продавниците би нашол 6.5' звучници, кои ќе ваѓаат од некои 200-300хз до 3-5кхз, односно среднотонци, со соодветна снага. Бидејчи не често сум купувал голи звучници, би ве замолил за совет што да земам(која марка) и каде да побарам(во која продавница) Цената што сум подвотвен да ја платам би била околу 1000 денари по пар, а за сметка на тоа не очекувам "да паѓам во несвест" од звукот, односно квалитетот на звукот не е ми е пресуден, сепак станува збор за звучници за во автомобил. Ви благодарам.