Author Topic: Ripple кај SMPS DC адаптери за мобилни,лаптопи,свичеви  (Read 1210 times)

Offline aanev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Ме интересира дали има некое правило колку смее максимално да биде напонот на брум кај овој тип на веќе секојдневни адаптери. Пример адаптер од некој модем дава 5.5V при максимум пропишано оптеретување од 1A има Vrms од 37mV, а без оптеретување 9mV (мерено на осцилоскоп).
1.Дали е во ред напојувањето и во кој процентуални рамки +/- смее да се движи?
2.Дали некој од овие дигиталниве мултиметри којшто се RMS би го измерил истово или барем приближно да го измерат напонот на брум за да можеме да процениме дали адаптерот е во ред или не?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Зависи за што ќе го користиш, за аудио на пример треба мал брум што повлекува масивни сториџ јадра. За полнење на акумулатор скоро и да нема некоја улога брумот, во зацвисност од останатата електроника.
Обичен унимер тешко ќе го измери брумот, но може со некоја минимална електроника а се добие солидна апроксимација.

Offline aanev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Ете пример за мрежна опрема или компјутерска опрема, кој се стандардните отстапувања?И конкретниот пример што го дадов дали е во ред или ке доведе до нестабилна работа на уредот.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
За полнење на акумулатор скоро и да нема некоја улога брумот,
Точно, тоа го докажува и праксата- 101-то од баба ми се полни со полнач за акумулатор составен само од трафо, грец и амперметар, а акумулаторот нема гајле веќе 8-9 години... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.