Очигледно не си ги сменил сите кондензатори кои биле суви. Најчесто ги менуваат само оние на излезните rail-ови (за 3.3V, 5V и 12V), но често се случува да се суви и кондензатори околу switching IC-то или некои кои се наоѓаат некаде измеѓу излезот и секундарот на switching трафото. Зуењето највеорјатно доаѓа од некој сув електролит кој не е сменет. Пробај смени ги сите сонителни електролитски кондензатори. Стави кондензатори со поголем работен напон. На пример, на 12V-ниот rail, Кинезиве често (да не речам, скоро секогаш) ставаат 16V-ни кондензатори. Ти стави кондензатори со 25V максимален работен напон на овој rail. За останатите rail-ови, за 5V може да се постават кондензатори со максимален работен напон од 16V, а за 3.3V-ниот rail, може да се постават кондензатори со максимален работен напон од 10V.
Искрен да бидам, освен ако немаш кондензатори „на лагер“ (резерва, вадени од стари уреди), не се исплати да го поправаш ова напојување. Сега има Кинески напојувања со моќност од 450W (реално, до кај 300W или 350W ќе извадат) за 600 денари. Така да, ја поддржувам идејата на batka. Подобро купи си ново напојување, бидејќи, освен ако ги немаш кондензатори за замена да ти „лежат по дома“, парите кои ќе ги дадеш за кондензатори сигурно ќе достигнат барем 30% од цената на ново Кинеско напојување.