Многу добро! Од име на Администрацијата на Форумов ви благодариме за довербата и приказот на играта.Ги повикувам и другите членови,ако имаат слични работи да ги представат,а Форумот ако треба ке отвори и посебна тематска целина ,наменета за вакви проекти.За секоја пофалба!
Ако е за непрофитабилни и open source проекти, ќе видиме, можно е нешто вакво да се направи
.
Инаку, не сум fan на Third Person игри (на пример, иако многу ми се допаѓа целата приказна на Silent Hill, па и графиката, никогаш не сум ја играл ниту пак планирам да ја играм, едноставно не сакам Third Person игри... да беше First Person, дефинитивно ќе ја играв
), така да, само набрзинка ја пуштив и само ќе потврдам дека без проблем работи и на Windows Server 2003 Enterprise Edition R2 SP2 со DirectX 10 (custom installer за XP и Server 2003, инкау, знаеме дека по default Microsoft не нуди поддршка за DirectX 10 за XP и Server 2003). Претпоставувам дека не сте ја тестирале играва на серверски оперативни системи, па затоа и пишав
, бидејќи main workstation OS ми е Server 2003 (ќе користев XP да ми ги читаше сите 6GB RAM, ама за жал, не ги чита
... damn M$ licensing
).
Како и да е, од она малку што видов од играта, само ќе го потврдам она што го има пишано StefanJapanac. Камења паѓаат од небото, нема татнеж кога ќе паднат
... но затоа совршено добро се слуша како газам по тревата
. Ова некако нема логика
.
Околу графиката... за мене е одлична бидејќи и онака сум заглавен во времето со игрите
, ако играм нешто, тоа се најчесто игри од крајот на 90-тите (Quake III Arena и Unreal Tournament први би ги спомнал), така да, според денешни стандарди оваа графика е веќе застарена, но мене ми се допаѓа
(не сакам па игрите да ми се премногу реални
). Нешто понови што имам играно, Doom 3 и Quake 4 (да, fan сум на ID
), но тука запирам... само чекам да излезе Doom 4 и Quake 5 (ако воопшто излезат
, ко што тргнала работава, нема да ме чуди и никогаш да ја видат светлината на денот
), но потоа, дефинитивно се пензионирам во светот на игрите
(стар сум веќе за игри
).
Сваќам дека е проект на кој се работи и дека е ова тек 1.0 верзија, така да, сигурен сум дека ќе има подобри верзии со текот на времето
. Ако евентуално направиш First Person верзија од играва (или можеби некоја друга игра, сосема друг проект), можно е да ме придобиеш како играч
. Сега за сега, само ќе направам mirrors на линковите за играта
.
permanent mirrors:
https://cloud.mail.ru/public/A5pw/SP7ia861H
https://app.box.com/s/3un43nmeds4u00pcmt9r3h5egv78p76p