Реков ја нов сум тука затоа имам грешки не ги знам правилата
Насловот на темата е среден. Во иднина, прочитај си ги правилата, конкретно, оние околу имиња на теми и post-ови
.
Сега, што всушност сакаш. Сакаш ти да изработиш засилувач, да купиш засилувач...? Тоа не го разбрав. И сликај ги звучниците, бидејќи не верувам дека имаат моќност од 350W RMS (ако се толку моќни, треба да се 15", а тоа значи дека треба цел багажник од колата да им го „посветиш“... не дека нема вакви изведби, има, ама не се чести). Тоа се претерувања од страна на фирмите производители, се водат по некои чудни стандарди за да ја „напумпаат“ моќноста на звучниците.
Значи, прво, звучниците, сликај ги. Да видиме, дали се елипси со вградени високотонци или се само обични бас-среднотонци (кружни, а во овој случај, ќе ти требаат и високотонци), колкава им е (од прилика) моќноста, па врз база на тоа, да се избере шема за засилувач (ако планираш сам да правиш) или да се избере адекватен засилувач
.