Имам проблем со летрикот, нешто ми замириса па кога го отворив двата отпорници беа вчадени, менав други од 10 Оми, ама почнаја и тие да греат и одма го исклучив од полнач. Оргиналните беа 4 појасни и сите бои беа како темно кафеави, според боите иди отпорник од 110 Оми, а ко ги измерив кажва вредност од 11 Оми.
Можно е да не се познавале убаво боите на старите (изгорените), па тука да си се збунил и да си мислел дека станува збор за отпорници со поголема вредност. Инаку, ретко се наоѓаат толку моќни отпорници со таа вредност, околу 100ohm-и. Најчесто во уредите толкави моќности имаат отпорници со отпорност до 10-тина ohm-и.
Од плочката се гледа дека тие прилично си грееле и дека така биле наменети „нормално“ да работат (се штеди на се, па и на моќност на отпорници
). Најверојатно таму требало да има помоќни отпорници. Ако отпорниците не покажуваат на омметар дека се прекинати или во краток спој, измери ги (мислам на старите) и замени ги со онолкава вредност колкава што покажуваат, но со дупло поголема моќност (овие изгледаат на 1W-ни или на 2W-ни, стави им 5W-ни).