Ок....продолжувам јас а и Вие драги колеги со овој проект.
Како прво сакам да кажам дека 100% мораме да направиме промени во се тука.
Прво....многу голема кутија е вака, гломазна е тешка и нема место каде да ја ставам.
Второ, шемата не ми се бендисува.
Алуминската кутија отпаѓа оти сакам сето тоа да го скоцкам во што помал простор и во ново изработена кутија.
Кутијата е скоро готова, слики ке објавам вечер, едно нешто што сакам од Вас е да ми да mi помогнете околу шемата, јас мислам дека оваа шема е проста и наједноставна а со тоа и ефикасна
Јас мислам дека оваа шема е во ред, и мислам дека може да се искористи за овој проект, на Вас оставам да кажите мислење
Авторот има направено и модификација на шемата, а таа е оваа...
што мислите која е подобра?
Споено мислење: [time]20 Јануари 2013, 20:30:34[/time]
Што се однесува до кутијата, еве како дотерав некако да биде во минимален простор...
ова е основата каде ќе биде трансформаторот и исправувачките диоди, има опција за местење на кулер на левата страна на предната плоча така што диодите ќе имаат идеално ладење.
на овој ладилник има исправувачки диоди, тиристор и термопрекидач
на овој ладилник пробно се сега ставени два транзистори 2N3771, иначе ќе има 4, ги зедов последните два од алфа електроник, па рекоа да поминам по неколку дена.
задната страна на исправувачот
предната страна, отприлика како ќе изгледа
Споено мислење: [time]20 Јануари 2013, 22:15:18[/time]
ме интересира ако се стави кулер...дали тој кулер ќе прави брум, односно шумови ако се приклучи радиостаница