Секоја исправувачка диода работи како вентил и пропушта во пропусниот смер само 1/2 од синусоидата,односно само позитивната
полупериода на напонот.Фреквенцијата на наизменичната струја во мрежата е 50 херци,што значи само 50 полупериоди се пуштаат.Како резултат на тоа се добива таласаста карактеристика на напонот,а за да се пополнат празнините се става електролитски кондензатор кој има функција да ја задржи *правата линија* на напонот,односно да ја *испегла* брановидната линија која се добива после диодата.
Читајте малку повеќе овде:
Споено мислење: 04.12.2013, Wednesday, 23:30:38
Јас ова го сваќамм значи како фиксиран напон на пример 12В и нон стоп дава 12, а не како кај адаптерите типичен пример пишува 12 В а го мериш со инструмент 13 - 15 В дава на излез.. Дали моево сваќање е точно или пак грешам ?
Грешиш,ти зборуваш за адаптер како нестабилизиран извор на напон .Нормално е тој извор во * празен од * ,без оптоварување да дава 16 В,а при оптеретување напонот паѓа на 12 В.Она што го сметаш за * фиксиран* напон во стручната терминологија се вика *стабилизиран напон*.Добро е да расправаме за вакви работи,кои теоретски на многумина не ви се баш најјасни.Прашувајте слободно.