Author Topic: ми треба помош за трансформатор од ups  (Read 3434 times)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Ова трафо ми го даде еден пријател и според него е извадено од упс (незнам каков упс) На него па му го дал некој електроничар кој трафово го проценил демек теоретски на 800W а  реално било 600W.
Ја сум ептен аматер во електроника ама ова е EI трансформатор и димензиите се 11,4см x 5см. Од она што го имам научено за трафоа, а доста од тоа од форумов, според димензииве ова трафо би требало да е 350-360W. 
Е сега за она што повеќе ме мачи.

 

На сликава се означени отпорите што ги имам измерено на изводите. Од страната кај што се 5-те жици би требало да се пушти напон од дистрибутивната мрежа и тоа на една од трите комбинации на жиците што ги означив 1,2 и 3. Прашањето е која е точната комбинација  ???
Отпорот вика дека тоа би било 3 и 2 каде 3 е N а 2 е фаза. Комбинацијата 3 и 1 претпоставувам е за инвертерот од упс-от, а 4 и 5 немам идеја за што би биле.
Од другата страна претпоставувам дека меѓу 7 и 8 како и меѓу 7 и 6 треба да има 12V а меѓу 6 и 8 24V. Можно е напонот да е на пола од ова, ама ја се надевам на 24V  :)
Сакав да му пуштам 12 волти од другава страна ама немам друго трафо да пробам.
Приметувате дека не спомнувам примар секундар пошто незнам која страна да ја крстам за примар а која за секундар.

Прашањето е :
дали е ова трафо 600W или 350W ?
на кои две жици да му пуштам 220V ??? ???
за што се жиците означени со 4 и 5 ???                       

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Моќноста ќе ја одредиш ако ја измериш површината на средниот столб на трафото, тоа е оној околу кој стојат намотките, неговата површина на квадрат ти ја дава моќноста, на пр. ако си измерил димензии 4х3cm=12cm2, 12 на квадрат е 144, значи моќноста на трафото е 144W.
Околу поврзувањето, мислам дека мрежата се врзува на 1 и 3 или на 2 и 3, додека 6,7 и 8 се секундарот и таму треба да добиеш симетричен напон негде од 2х9 до 2х12волти.
Ако не се снајдеш во меѓувреме, донеси го кога ќе доаѓаш за волтметарот, ќе ги најдеме изводите на лице место... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Моќноста ќе ја одредиш ако ја измериш површината на средниот столб на трафото, тоа е оној околу кој стојат намотките, неговата површина на квадрат ти ја дава моќноста...
Затоа и ги ставив димензиите 11,4x5см .Ова се димензиите на лимовите, ширина и длабочина. Ширината е 11,4 Ако ширината се дели на 6 дела а средниот столб е два дела од овие 6 тогаш средниот столб е 3,8см. Така и мојата пресметка е 350-360W или 5см x 3,8см=19см2. 19^2=361.

...Ако не се снајдеш во меѓувреме, донеси го кога ќе доаѓаш за волтметарот, ќе ги најдеме изводите на лице место... ;)
За снаоѓање ...може само да му закачам 220V како што мислам дека е правилно, па што биде  :) Затоа дефинитивно ќе го донесам кај тебе

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не можеш така провизорно да ја делиш ширината на 6, треба точно да измериш колку е средниот столб, ама во твојот случај рачунај дека моќноста ќе биде пак тука негде како што си пишал... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Измери ја димензијата означена на сликата. Средината е двојно поголема  ;)

Жан

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Измери ја димензијата означена на сликата. Средината е двојно поголема  ;)
Таа димензија е 1/6 од ширината на лимот. Ја измерив и лењирот вика 1,9см, а и кога ја рачунам 11,4/6=1,9
Од она што го имам прочитано овие странициве од лимовите што Zan побара да ги измерам даваат(двете) два дела, деловите каде се намотките се исто два дела и средниот столб од лимовите е два дела, вкупно 6 дела. Или на сликата

Offline dejanpetrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
  • Gender: Male
  • Кратово
5 и 3 ката имаат ли отпор, ако немаат по мое 1 и 3 ти се на 220 волти бидејки и се приближна дебелина и најголем отпор. врзи паралелно сијалица и пробај накратко ништо страшно колега  ;D

а 6,7,8 и 2 и 4 ти се напони
admin: не ставај рекламни потписи за други форуми

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
5 и 3 ката имаат ли отпор, ако немаат по мое 1 и 3 ти се на 220 волти бидејки и се приближна дебелина и најголем отпор. врзи паралелно сијалица и пробај накратко ништо страшно колега  ;D

а 6,7,8 и 2 и 4 ти се напони

ако врзуваш сијалица СЕРИСКИ се поврзува :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: ми треба помош за трансформатор од ups
« Reply #8 on 18.12.2012, Tuesday, 23:17:01 (Edited 18.12.2012, Tuesday, 23:33:48) »
5 и 3 ката имаат ли отпор, ако немаат по мое 1 и 3 ти се на 220 волти бидејки и се приближна дебелина и најголем отпор. врзи паралелно сијалица и пробај накратко ништо страшно колега  ;D

а 6,7,8 и 2 и 4 ти се напони
4 и 5 се на посебна намотка, 1 2 и 3 се посебна и 6 7 и 8 посебна. Ако го гледаме како Step down трафово тогаш како примар треба да се 1,2 и 3 а секундар 6,7 и 8. 6,7 и 8 би требало да даваат симетричен напон арно ама 1,2 и 3 не се симетрични и би изгледало тоа нешто овака (како ја го замислувам)




ако врзуваш сијалица СЕРИСКИ се поврзува :)
Додека пишував дали беше редно или паралелно колегата Bojan ме претрка со одговорот  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
За снаоѓање ...може само да му закачам 220V како што мислам дека е правилно, па што биде  :) Затоа дефинитивно ќе го донесам кај тебе

Врзи сијалица сериски на тоа коло (онака како што планираш да го врзуваш). Ако не е правилно врзано, ќе засвети сијалицата ;). Ако е правилно врзано, нема да свети (или можби малку ќе жари, но само ако го оптовариш, во празен од не би требало ни да жари ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Конечно најдов време да го проверам трафото.
Мерењата ги правев на мрежен напон 230V преку сериски врзана сијалица во две комбинации.
1. Првата комбинација е напон од 230V на изводите 1 и 3

2. Втора комбинација 230V на 2 и 3


Ви благодарам на сите што дадовте совет  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Таа намотката од 32V не мора да значи дека е на примарната страна ако жиците за излезот од намотката стојат на страната на која стојат жиците за примарот ;). Ако се сосема одвоени намотките од примарот, најверојатно намотките се секундарни, но поради погодност (дизајнот на уредот во кој бил поставено трафото), жиците се поставени да излегуваат од примарната страна ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."