принципот на работа и на едните и на другите е ист (скоро ист) само што кај 78 и 79 регулаторите напонот е претходно избран при производството на регулаторот, односно она што го има како додатно коло кај LM (од наведените погоре) е веќе вградено во овие другите, а кај LM имаш ти како краен корисник да си поставиш напон
иако 78 сериите (и 79) се наменети за фиксни вредности, со мало додатно коло и нив можеш да ги регулираш како LM регулаторите..
Производителите на 78 регулаторите препорачуваат да се стави кондензатор на влез и на излез, тоа значи дека има можност да се појави шум после нив.
за 2-та и 3-та цртичка нема да коментирам, тоа зависи од производител до производител, и она што го има кај нас на пазарот најчесто не е тоа што треба да го има
Напојување за засилувач не се изработува на овај начин