Author Topic: 1W FM засилувач  (Read 1625 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 880
  • Gender: Male
  • shadow@elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
1W FM засилувач
« Opened on 14.04.2011, Thursday, 11:49:26 »
FM засилувач со моќност од 1W (влез 0.1W, излез 1W).



Вредности на компонентите означени на шемата:

R1 = 100Ω
R2 = 2.2KΩ at 12V and 4.7kΩ at 24V
R3 = 10KΩ
R4 = 100Ω
C1 = C5 = C6 = 10 – 60pF
C2 = C4 = 1nF
C3 = 10uF
D1 = 1N4148
L1 = 20 turns of 0.2mm EnCo* wire over R4
L2 = 7 turns of 0.8mm EnCo* wire with 6mm diameter on air
L3 = 4 turns of 0.8mm EnCo* wire with 7mm diameter on air
T1 = 2N4427, KT920A, KT934A, KT904, BLX65, 2SC1970, BLY87 (2N2219, output of 0.4W) at 12V
T1 = 2N3866, 2N3553, KT922A, BLY91, BLX92A at 24V
* EnCo = enamelled copper

Извор:
Code: [Select]
http://electroschematics.com/5761/1-watt-fm-amplifier/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #1 on 14.04.2011, Thursday, 12:47:28 »
Сите калеми нека бидат поставени под 90 степени,транзисторот постави го така да преградата го дели на два дела.Преградата е обавезна кај вакви уреди ,ако сакате да немате проблеми со пробивање.Преградата нека биде од бакарен или наједноставно од конзервен лим и обавезно залемена на маса на уредот.И внимателно со Р3 не форсирајте за да не се загрева претерано.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #2 on 14.04.2011, Thursday, 14:39:28 »
FM засилувач со моќност од 1W (влез 0.1W, излез 1W).

T1 = 2N4427, KT920A, KT934A, KT904, BLX65, 2SC1970, BLY87 (2N2219, output of 0.4W) at 12V
T1 = 2N3866, 2N3553, KT922A, BLY91, BLX92A at 24V
Обично колото се конструира за еден тип на транзистор барем така ме учеле, овде во листата има повеке транзистори кои не верувам дека сите би одговарале. Иначе од искуство (мое и на мој пријател):
2N4427 тешко да даде 1 ват
KT920A ке даде и повеке од 1
2SC1970 1 ват ке даде
2N2219 ~250mW
2N3866 300-350mW
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #3 on 14.04.2011, Thursday, 14:47:00 »
Да,во ред е ,ама секогаш податоците што одат со шемиве се * набилдани*.Стално го правиме истиот муабет - иако пишува 1 ват,ретко кога излегува  * домашниот рачун * ;D Секогаш во стварност е помалку , а исто и со дометот.Многу работи влијаат.Се десило од два транзистора ( исти ) едниот да дава многу подобри резултати ( и до 100% !) од другиот! Затоа фабриките што произведуваат ваква опрема  бираат од серијата пример - 500 парчиња и ги ставаат во уредите,а *рефусот* оди на пазар! Е,сега,како ти се погоди рефусот.. :D :D ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #4 on 14.04.2011, Thursday, 14:52:42 »
Во право си, истото важи и од производител до производител, како за пример ST 2N2219 дава далеку подобри резултати од CDIL 2N2219, или ST 2N3866 дава подобри резултати од CEN 2N3866.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline biker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #5 on 17.02.2013, Sunday, 12:49:51 »
Сакам да го изработам овај засилувач и направив плочка немам многу искуство со вф засилувачи но имам направено неколку мали предаватели па ако можи поискусните да дадат мислење за плочката дали е добро нацртана или треба да направам некои преправки фала однапред .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #6 on 17.02.2013, Sunday, 13:09:07 »
Стави ја во .pdf или како.jpg  го немам програмов тука инсталирано,

Offline biker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #7 on 17.02.2013, Sunday, 13:27:58 »
Еве ја плочката.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #8 on 17.02.2013, Sunday, 13:33:03 »
Водовите на транзисторот ти се предолги и не знам кој транзистор ке го употребиш,ама овој распоред не знам дали ке одговара за ВФ транзисторите.Сите калеми да бидат под прав агол,а напојувањето преку проводни кондензатори дополнително блокирани со кондензатори од 10 до 47 нФ.

Offline biker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #9 on 17.02.2013, Sunday, 13:37:42 »
Ке го употребам 2SC1970 а и ме интересира дали ке треба да правам филтер зошто ке го побудувам од мало предавателче кое има отприлика 100 миливати снага и е  2 степено ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #10 on 17.02.2013, Sunday, 13:57:52 »
Не ти треба специјален филтер,освен поврзување со оклопен кабел(што пократок!).Најдобро е целиот излез да го оклопиш.Транзисторот ке има дисципација и ке грее сигурно,па ке му треба ладење. Изводите на транзисторот неке не бидат подолги од 0,5 см и нека биде што поблизу до плочаката.Скоро ми дадоа делови за линеарец 12W со 3 транзистори и тоа 40820,..21,...22 .Линеарецот е тростепен спрема Моторола апликација ,на 12 V со побуда од 125 mW

Offline biker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: 1W FM засилувач
« Reply #11 on 17.02.2013, Sunday, 16:32:31 »
Да да целиот излез ке биди оклопен со лим а транзисторот ке го преместам и ке ја преправам плочката со помали водови па кога ке го составам уредот ке пишам дали работи и како работи фала многу на помошта .