Author Topic: 60W FM засилувач  (Read 2539 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #15 on 30.01.2010, Saturday, 21:56:19 »

Што функција има променливиот отпорник во појачалово?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1823
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #16 on 31.01.2010, Sunday, 02:25:30 »
Теоретски променливиот отпорник е да го доведе транзисторот во „малку“ проводна состојба за да немора да има на влез над 100mW (0.7V) за да почне да проведува транзисторот и да засилува засилувачот туку да може да засилува и послаби сигнали. Меѓутоа во пракса се покажа дека идеата на дизајнерот на колото е погрешна и дека ВФ транзисторите (моќните) МОРА да ги побудиш доволно за да почнат да засилуваат без разлика дали ја доведуваме базата на транзисторот на почеток на проведување или не. Тоа не значи дека треба да се извадат сите делови кои се нацртани, може да останат (ја држат базата на нулти потенцијал) меѓутоа тримерот скоро и да нема ефект кога ќе го мрдате.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #17 on 02.04.2010, Friday, 23:08:47 »
Борче ме интересираат две работи околу намотките на феритите. Не можев да разберам добро па затоа те прашувам.

Емитерот и минусот како се поврзани преку калем намотан на ферит, па ме интересира каков треба да фиде феритот и колку намотки од каква жица треба да се намотаат?

Друга работа,  колекторот освен што емитува истиот се напојува со стрија +13,8V е сега од колекторот кон напојувањето има еден калем а потоа има друг калем на ферит па ме интересира за него каков треба да биде феритот и колку намотки од каква жица треба да се намотаат на него ?

Благодарам однапред
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1823
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #18 on 03.04.2010, Saturday, 00:10:10 (Edited 03.04.2010, Saturday, 00:12:16) »
Тие калеми се ВФ пригушници. Идеалната ВФ пригушница треба за дадената фрекфенција на работа да биде многу голем отпор а да нема воопшто капацитет. Што значи тоа. Тоа значи дека премногу малку намотки и ќе има мал отпор (ќе го намалува корисниот сигнал) а премногу намотки ќе предизвикаат намотката да се однесува како кондензатор и повторно ќе го намалува корисниот сигнал. Проблемот кај намотките е што имаат таканаречена фрекфенција на само-резонанција и треба пригушницата што се употребува да има барем двојно поголема фрекфенција на самоосцилација од фрекфенцијата на која работиме. Бидејќи оваа фрекфенција зависи од физичката големина на намотката и бројот на намотки се стремиме да направиме што е можно помала намотка со доволно но не со премногу голем број на намотки. За да биде помала се користи мало феритно јадро и бројот на намотки на пример за УКБ треба да биде под 20 за само-резонантната фрекфенција биде над околу 500MHz (ова под предпоставка дека изработениот калем ќе биде под 1цм х 0.5цм) што е добро но може со малку помала ефикасност (индуктивност) но со поголема сигурност дека ќе нема самоосцилации да се употребат и помал број на намотки (5 до 10) но никако не под 5. Ова се разбира важи за ВФ пригушниците кај влезните кола. На колекторското коло е потребна ВФ пригушница за појака струја што значи подебела жица и за жал поголем ферит или дури мал торус.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1823
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #19 on 12.05.2010, Wednesday, 12:11:33 »
Еве најдов слика од засилувачот изработен со транзисторот 2SC1972 (околу 15W):

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #20 on 12.05.2010, Wednesday, 12:29:16 »
Се е тоа добро но без керамички тримери и спектрален анализатор ништо, зошто ? Еве зошто, јас сум имал прилика да направам појачало кое засилува доста добро ама во дометот не се приметува некоја разлика или јас немам приметено. Радио техниката е џабе фрлање на пари доколку се нема спектрален анализатор и SWR.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.