Author Topic: Димер со адекватно тригеруван триак  (Read 266 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11539
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Шемава ја имав споделено барем два пати (еднаш тука и уште еднаш или два пати во други теми), но еве ја и како посебна тема :).



Причината поради која решив да ја отворам темава е бидејќи средувајќи mail-ови, наидов на оригиналниот линк од каде ја имам превземено :D.

Инаку, шемата е многу слична на онаа која ја има презентирано batka во оваа тема (да не речам иста), со тоа што се разликуваат вредностите на компонентите и делот со EMI (филтерската) секција.

Зошто овој димер се разликува од останатите димери и е подобар? Празнењето на C1. Во текстот од линкот подолу (и во attachment) го пишува следното.

Quote
We are all familiar with the snap-on phenomenon of inexpensive TRIAC dimmers that are often used to control incandescent lamps - turn the pot until the light comes (snaps) on and then reduce the setting to make it dimmer –but don’t turn it too low because the light extinguishes and then the process must be repeated.

Значи, проблем е во начинот на тригерување на триакот.

Quote
Before the DIAC triggering device fires, C1 must charge to 28 or so volts. However, if the voltage at the end of the cycle is insufficient to trigger the DIAC, the next half-cycle starts with C1 charged in the incorrect polarity so that it takes all the longer for C1 to discharge through zero and then charge to the opposite threshold.

After the DIAC initially fires, this condition changes substantially so that the phase delay angle is reduced and the lamp snaps on at a minimum brightness - sometimes brighter than desired.

Генерално земено, C1 е одговорен за тригерување на триакот и начинот на кој се полни и празни e проблематичен. Што прават дополнителните 3 компоненти (6 во случајот на batka ако се земе дека секоја диода е посебна и не се користи грецов исправувач)? Брзо го празнат кондензаторот за може во наредната полупериода триакот да биде „правилно“ тригеруван (не дека другото е неправилно, туку начинот на кој работи е непожелен, не е она што го сакаме ;)).

Значи, со оваа контрола се избегнува спорото празнење и полнење на кондензаторот за тригерување на триакот, со што се подобрува контролата ;). Се разбира, димерот е препорачлив за било кои уреди, не само за индуктивни товари ;) (имав намера да го користам во контрола за леткум на мрежен напон, ама уште не сум го довршил проектот :P). Со доволно моќен триак и овој димер, ќе добиете контрола на моќноста од 25% до 100% (може да отсече цела полупериода, со што ефективно, предадената моќност на уредот се намалува на 25%) на било кој уред кој може да се контролира на овој начин (вклучувајќи и греалки, фенови, калорифери, итн.). Во случај на грејни тела, контролата се поставува само на гејното тело, не и на вентилаторот кој го кружи топлиот воздух, како што е случајот кај феновите и калориферите.

Филтерската секција е опционална, но сепак, пожелна да се стави, без разлика на уредот кој го контролирате. Пресекувањето на полупериодите во моментите кога се активира триакот предизвикува електромагнетен шум (EMI) во напојувачката мрежа, поради што може да страдаат други уреди во мрежата.

Quote
L1, R6 & C2 make up an optional noise filter. Generally the values are non-critical - what ever works. It reduces the noise created by the firing of the TRIAC and also reduces the effect of line transients that may tend to turn off (commutate) the TRIAC and thus make it flicker. While a bona-fide inductor is recommended, a number of turns of AWG18 wire around a ferrite rod or even a nail may work OK. Simply listen to the noise emissions with an AM or SW radio to observe the effect.

Оригиналниот текст можете да го најдете на следниот линк ;).

Code: [Select]
https://www.electroschematics.com/10115/triac-lamp-dimmer-snap-on/
А копија од текстот, заедно со шемите и сликите спакувана во DOC, можете да ја симнете од следните линкови и од attachment-от ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/4veo1w09ygtjc72bxutkqqnhvxm16vt3
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/E941B1DCD4264E5A958E155C044D4619W
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."