Author Topic: Полнач за автомобилски акумулатор  (Read 899 times)

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Поставете некоја испробана шема за полнач за акумулатор. Најдов 2-3 теми, но ги нема сликите (мене не ми ги вади).
Благодарам

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3252
  • Gender: Male
Code: [Select]
http://www.napravi-sam.com/clanci/punjaci-olovnih-automobilskih-akumulatora/   имаше и шема негде по нетов, ја имам оваа правено, топ работи. Малце ќе се помачиш дуг ги наштелаш потенциометрите ама многу добро работи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Проверено

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 415
  • Gender: Male
Одг: Полнач за автомобилски акумулатор
« Reply #3 on 24.08.2017, Thursday, 16:46:27 (Edited 24.08.2017, Thursday, 22:22:03) »
не се мачи на жешково, нарачај си готово :)


Code: [Select]
https://www.ebay.com/p/220v-12v-24v-100ah-Car-Intelligent-Battery-Charger-Automatic-Pulse-Repair-Type/8004234701?iid=382133892094

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Богами ме замисли сега.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Целата електроника од горната шема ,без трафото и кутија би те чинела 5  ЕУ. 8)

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Сепак ќе го правам сам  :) Најдов трафо 24в/5а. Од понеделник ќе почнам со првата шема од батка.
Благодарам за помошта.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
И двете шеми се слични. ;D на ова втората, од *Мала школа електронике* ( српско издание) се додадени само три лед кои имаат функција да сигнализираат состојба * работи,полн, празен* .Значи не е на одмет да ги предвидиш и нив. 8)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 505
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Re: Полнач за автомобилски акумулатор
« Reply #8 on 26.09.2018, Wednesday, 20:47:35 (Edited 28.09.2018, Friday, 00:44:46) »
бидејќи ладново ни е на прагот а со тоа и можни проблеми со акумулаторите се сретнав со една многу навидум едноставна шема тука

Code: [Select]
https://www.elteh.net/sheme/auto/punja%C4%8D-12v-6a.html


па би побарал мислење од поискусните тука дали држи вода со тоа што замислата ми е следна наместо од трафо извор за напонот од 18-20 волти да го добијам од стар полнач од лаптоп со тоа што првиот дел од шемата (трафото и грецот) да го исфрлам?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Ова шема пред се е добра за надополнување на акумулатор. За полнач не е дури ни препорачливо тој да биде стабилизиран, а пожелно е да *пропушта* и наизменична полупериода. Значи, ти требаат оние 6А за почеток, во прв момент и не би ти советувал да трошиш полнач за лап топ.Ке најдеш 4А на 20волти од постарите,ама на старт може и да изгори , ако акумулаторот и склопот повлечат 6А! Не би ти советувал да вадиш ништо, а најмалку грецот. Најди некое јадо намотај си 12 волти 6А и терај со него.Тоа е и најскапиот дел на склопот, ама за сигурност е пожелно да биде и малку предимензиониран ( пример да повлече и 8А струја). Не штеди на него , бидејќи остатокот на деловите не вредат ни 1/5 од неговата цена. Во основа ти треба- трафо, грец и склоп за ограничување на струјата, односно склоп за исклучување на напојувањето кога напонот ќе дојде на потебната вредност на акумулаторот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 505
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
@batka фала ти за одговорот :-)
ќе ги имам во предвид твоите забелешки.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11539
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во право е batka, ако акумулаторот повлече повеќе струја, можно е да го изгори полначот. Како што пиша, твојата комбинација е добра (со полнач за лаптоп), но само за дополнување, не и за полнење, пред се поради тоа што SMPS напојувањата не поднесуваат многу големи варијации во максималната излезна струја. Од друга страна, гарантираат стабилен излезен напон до декларираната максимална излезна струја. Не дека не може да се оптовари и малку над таа максимална вредност, може, но тоа е навистина малку повеќе (на пример, деклариран е за 3A, повлечеш 3.3, 3.4A) и тоа за многу кратки временски интервали (дел од секунда), никако континуирано. Затоа SMPS не би било баш најдобра комбинација за полнач за акумулатори... или би била, но би требало да биде екстремно наддимензионирано SMPS напојувањето (да има дупло поголема максимална излезна струја од онаа што би ја повлекол акумулаторот кога би бил екстремно празен), што е практично тешко изводливо, а и скапо :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3252
  • Gender: Male
Re: Полнач за автомобилски акумулатор
« Reply #12 on 27.09.2018, Thursday, 18:54:07 (Edited 28.09.2018, Friday, 00:42:50) »
Или па друга шема т.е. со константна струја. Мада овие полначиве сами исклучуваат ако дојде појака струја, но ако го оставиш подолго така може и да прегори. Значи или трафо барај и јас ц1 не би го ставил, или друга шема, ама ова со трафо ти е подобра варијатна.
Мада генерално шемава нема струјно ограничување и затоа не ми се допаѓа.
Ја имам оваа подолу правено и на сммпс работи одлично и на тафо, исто ц1 може да се изостави.

Code: [Select]
http://www.napravi-sam.com/clanci/punjaci-olovnih-automobilskih-akumulatora/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Не ти треба толку транзистори и делови.Еве две проверени шеми- првата е од Мала школа електронике, а втората е од старо списание САМ.Работат беспрекорно.