Author Topic: Широкопојасен ВФ засилувач со хибрид ERA-3SM  (Read 840 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1823
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Широкопојасен ВФ засилувач со хибрид ERA-3SM
« Opened on 21.05.2010, Friday, 16:04:43 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:04:03) »
Ова хибридно коло е ново и е направено да личи на мал транзистор, има многу големо (повеќестепенско) засилување и може да засили сигнали од неколку миливати на 150 до 330mW (со помоќната верзија на колото) максимум на фрекфенции од 0 до над 2GHz. Бидејќи е широкопојасно може да засилува повеќе сигнали истовремено со вкупна (заедничка) моќност од максимум 330mW.

Пример шема за негова употреба:



Вредностите на поедините елементи се опишани во datasheet во зависност од засилувањето и излезната моќност која сакате да ја има засилувачот.

Изработен засилувач од еден радио аматер:

Code: [Select]
http://www.azdtechnology.com/mwa2.htm
datasheet:

Code: [Select]
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/94540/MINI/ERA-3SM.html
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6251
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Прекрасно нешто само ме интересира како би се штеловало мислам на оние тримери кои се штеловаат при промена на фрекфенција или промена на антена ?

И едно гадно прашање, дали го има во МК да се купи?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1823
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Бидејќи е широкопојасен засилувач нема потреба од штелување, влезната импеданса му е нагодена внатрешно да е 50 оми а исто така и излезната и таа е слична на цел фрекфентен опсег од 100MHz па до 2.2GHz некаде. Само треба да се внимава влезниот сигнал да е чист бидејќи е широкопојасен ќе ги засилува и хармониците исто како и главниот сигнал кој сакаме да го засилиме.

За набавка мислам дека можат да го набават електронинвест (може и го имаат на лагер во Скопје, не знам) а цена сигурно нема да биде под 3-4 евра према цените што кружат на интернет за ова коло.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.