Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: bicikle on 28.01.2020, Tuesday, 13:35:48

Title: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 28.01.2020, Tuesday, 13:35:48
Го искорнав ова вентилаторче од пц, но на црвена и црна врти 5 секунди и престанува. Има некоја фитна, но дали ја знае некој. На белата однесов +12в преку отпорник од 1к, но отпорникот го стајв одоко, дали знае некој како точно д аго поврзам ?

(http://www.mediafire.com/convkey/37fc/39tn11y29nrl8ogzg.jpg)

еве ја и машината овде: IBM ThinkCentre S51

Code: [Select]
https://aukro.cz/ibm-thinkcentre-s51-8172kgv-6943108939
(http://www.mediafire.com/convkey/2758/1i2wds8w3j81b8jzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/4b2f/381bou64pa8lrlnzg.jpg)
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: Toma on 28.01.2020, Tuesday, 17:02:21
Ако не сум погрешил тогаш вентилаторот треба да е CHD6012ES-AH

Code: [Select]
https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/81w7foyXvBL._AC_SL1500_.jpg
(http://www.mediafire.com/convkey/41b3/yqk7ua2tvqu26pkzg.jpg)

Сличен проблем и решение

Code: [Select]
https://youtu.be/gKHww3qJbs8


Ако е таков логично за мене е дека треба да се поврзат долните здебелени точки!

Code: [Select]
http://www.pavouk.org/hw/fan/IMG_7118.JPG
(http://www.mediafire.com/convkey/8563/kyzcwi5nayi5ohezg.jpg)
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 28.01.2020, Tuesday, 22:52:57
Да, тоа е. А нели на клипчето успеа отпорник? оти гледам го скршил за да дојде до точките...
Не ми треба максимум обртаи, колку да луфтира малце, секако на 6-7в планирам да го врзам, да не е бучно. Мислам дека црвената ја врза на +, преку отпорник (не забележав колкав) белата, црната на - и портокаловата остана да виси ?
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 29.01.2020, Wednesday, 00:44:08
@bicikle: На твојата слика: црната е минус, црвената е плус, жолата е RPM feedback, портокаловата е PWM.

Последната слика од post-от на Toma е Intel stock кулер за LGA1150/1151/1155/1156. Црната е минус, жолтата е плус, зелената е RPM feedback, сината е PWM.

Кај кулери за PC со 3 и 4 жици, распоредот е скоро секогаш како на следните слики, освен ако не станува збор за некој „лев“ кулер од brand name машина. Тогаш можно е да немаат RPM feedback, туку тој пин да е за PWM. Ако сакаш да замениш кулер во некоја таква „лева“ машина (бидејќи дел од нив не се ни палат ако немаат се врзано како што било предадено од производителот, дел негодуваат дека им фали ова или она, па теба да стиснеш некој од F-овите за да продолжи со boot, на некои треба да им гасиш детекции во BIOS, итн.), најди било каков кулер со PWM контрола (Intel stock кулерите со 4 жици се одлична замена ;), ball bearing се сите ;)) и замени ги местата на PWM пинот и RPM feedback пинот на конекторот, ќе проработи ;). Практично ќе виси RPM feedback пинот, но нема везе ;).

(https://i.postimg.cc/bvPt7B97/4wirefanconn.png)

(http://www.mediafire.com/convkey/d28a/fi1xwavn4gabsnozg.jpg)
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 29.01.2020, Wednesday, 08:36:08
Нема да биде в машина, само 0 и +12в ќе има...
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 29.01.2020, Wednesday, 11:26:52
Епа ти пишав, црната е минус, црвената е плус ;).
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: Toma on 29.01.2020, Wednesday, 13:34:20
Не сум сигурен дека така ќе работи!
Quote from: bicikle
но на црвена и црна врти 5 секунди и престанува.
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 29.01.2020, Wednesday, 23:38:45
Епа изгледа е некој custom направен кулер, потребен е feedback од плочата. Datasheet не се наоѓа од него. Кој знае што може да е feedback-от. Можно е да проста логичка единица или нула (GND) или нешто сосема трето (и вакви ситуации имам видено, некој правоаголен периодичен сигнал).

Пробај со некои од шемите од клипот што Toma го има ставено, можно е да профунционира.
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 30.01.2020, Thursday, 15:19:41
ќе го врза со 1к отпорник на бела, па ако прегори ние да сме здрави живи...
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: Toma on 30.01.2020, Thursday, 15:48:32
Според мене прво пробај со 100k потоа со 10k и на крај со 1k !!
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 31.01.2020, Friday, 12:59:21
Да, ова е добра идеја ;). Само јас би одел само со 10K, па со 1K. Сепак, не е баш висок напонот, 12V е ;).
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 31.01.2020, Friday, 21:04:56
И онака планирам на понизок напон да го поврза, да не бучи, сепак ќе пробам со поголем отпорник па ќе вида како ќе реагира, па ќе пишам, може ќе се најде ина некој друг, мада вентилаториве се библија  :)
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 01.02.2020, Saturday, 13:07:05
Да, ама најверојатно е ball bearing ако е од brand name машина, така да, во прилог ти е да го проработиш ;).
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 01.02.2020, Saturday, 15:02:52
Слив беаринг е, ама за 5 денари не ми се фрла :)
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 01.02.2020, Saturday, 16:47:35
Сигурен си? Расклопи го, види под перките. Ако нема лагери, да, sleeve bearing е, ако има лагери значи е комбиниран (како што се и над 90% од ball bearing кулерите, освен Intel-овите stock, тие се 100% ball bearing), прво пиксна, па потоа лагери. Ама тоа не значи ништо, скоро вечни се и овие комбинираните ;).
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 02.02.2020, Sunday, 19:48:15
Хммм му нашибав товатна и моторно масло какво сакат нека е, би требало да трае бар уште 10 год...
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: krema on 02.02.2020, Sunday, 21:50:35
Го проработи ли вентилаторчето?
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 04.02.2020, Tuesday, 21:56:39
Пробав со тример, цплусот треба да е на портокаловата (не на белата) од директно врзано до 10к исто вртит, го остајв со 10к, 2-3дена врти без проблем, би требало да продолжи да врти.
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: GigaWatt on 04.02.2020, Tuesday, 21:59:38
Отпорникот му е само за да јави логичка нула или едница (pull up), ништо повеќе ;). Контрола на RPM нема да добиеш само со отпорник према некој напон. Има и такви кулери, но поретки се (имам начекано еднаш еден во принтер).
Title: Re: Како да го поврзам вентилаторчево?
Post by: bicikle on 06.02.2020, Thursday, 07:39:51
Не ми треба контрола...