Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 17.02.2015, Tuesday, 11:17:50

Title: DIY интерконекциски кабли
Post by: LordZi on 17.02.2015, Tuesday, 11:17:50
Вчера ги направив за еден член на форумот, проводниците се од полна жица 0,5mm 99,9% чисто сребро во памучна изолација, прицврстени на подебело јаже како носач и навлечен бужир врз се тоа. Конекторите се некои fancy со стегање за да не е се извлекуваат. Вкупната должина е скоро пола метар.
На крај и не излегоа лошо... :)

(https://s25.postimg.cc/xfxn2o3lb/WP_20150216_001_zpsa3deb2a5.jpg) (https://postimages.org/)

(https://s25.postimg.cc/lqtnepkcf/WP_20150216_003_zps742c7025.jpg) (https://postimages.org/)
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: DrTubeR on 17.02.2015, Tuesday, 12:08:50
Ептен си профи, браво!

Инаку, и јас користам полн кабел (бакарен). Начекав квалитетен 6Е категорија и сум презадоволен.

Еве неколку слики(имав бела гума за затегање, црната ми беше при крај):

(http://i1378.photobucket.com/albums/ah99/drtuber/50f090cdc8478b8699731a0ef6459f9836da77d43355ab3d50243957864af2aa_zpsywtmsa1k.jpg)

Не ги користам сите 8 жици, користам 4 и ги уплетувам.

(http://i1378.photobucket.com/albums/ah99/drtuber/e17ad353b693be82c97e9678c95d10f0f08ef0784a461638c7865f08c1683f3f_zpskxg7edxc.jpg)
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: Otpor on 17.02.2015, Tuesday, 12:16:36
E и јас да се пофалам  ;) Ова се моите ,самоделски  ;D

(http://www.4shared.com/download/jNyVyaQ1ba/IMG_0003.JPG?lgfp=3000)

КОристени се Неутрик голд платед конектори со OFC проводник во памучна изолација...
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: DrTubeR on 17.02.2015, Tuesday, 12:26:49
Лике :)

Само да не се убаци некој со „Аудиофилски“ ... уствари, ќе не насмее :)
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: LordZi on 17.02.2015, Tuesday, 12:30:15
Ако не се лемени точно на полноќ на млада месечина не се аудиофилски... :D
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: DrTubeR on 17.02.2015, Tuesday, 12:32:53
Да, и ако не се ролани на препони на девица, точно во тоа време (како сто напомена) и при тоа, не се лемени со леткум чиј напонски кабел не е аудиофилски .... ништо од бизнисот :)
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: LordZi on 17.02.2015, Tuesday, 12:44:40
Јас кај мене дома чисто сумњам дека ќе чујам некоја разлика меѓу овие и „обични“ интерконекти (ама да не се ептен некои пазарски) од проста причина што немам таква опрема нити пари да ја купам (а и да имам, ќе ги дадам за друго, ама тоа е друга тема 8)) кај што ќе можам да ловам нијанси во звукот, ама секој со својот ум, кого го има фатено „вирусот“ ќе плете и сука кабли по цели денови и вечери и не можеш да го разубедиш дека не звучат подобро од другите... ;)
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: Otpor on 17.02.2015, Tuesday, 13:22:32
Не вирус,а бре болест ме има фатено... :D  ;) Шегата настрана,сепак тоа го гледам како едно хоби,ништо повеќе ,ништо помалку..а за плетењето, да ми стасаат конекторите па ќе го постирам кабелот за напојување што го правев за монструмот во А класа.
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: didy on 17.02.2015, Tuesday, 22:49:59
може за тестирање кај мене, поточно кај еден близок аудиофил, кој ги разликува по карактериситки  ;D
во Скопје еден  Лазо ги прави подобри и од профи, според проценките на аудиофилот со реноме ;D ;D
Title: Одг: DIY интерконекциски кабли
Post by: aleksandar94 on 31.01.2016, Sunday, 11:16:48
Еве ги и моите, со коаксијален кабел должина 1м + и по еден феритен прстен.
(http://s10.postimg.cc/wp5eb21g9/DSC_0188.jpg)
(http://s10.postimg.cc/hk9adjd95/DSC_0189.jpg)