Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: antonio@arsenal on 10.04.2010, Saturday, 19:57:21
-
Дома имам едно дивиди фуего нејки да стартува го приклучувам и зуја што е работата пред тоа имаше еден електролит во плочката за напојување одлемен него го залемив и пак нејки дали е можно да има рикнато некој електролит па нејки да наполни за да уклучи ?
-
A што зуе не го имаш отворено без капак па да видиш што зуе,и да не е тоа што го имаш однесено на сколија,во училницата за пракса.
-
Не бе не е тоа а да ти кажам отворено е дивидито ама неможам да проценам од што зуе
-
значи отвори го капакот и доближи се со уше до двд-то и слушај од кај свири, најверојатно свири од ВФ трансформаторот што е во напојувачкиот дел.
-
Има две трансформаторчиња едно помало и едно поголемо ама неможам да откријам дали зуја
некое од нив
-
па откачи го помалото и види дали ќе зује ако зује големото тогаш ... :(
-
Некоја диода е цркната пред кондензаторот што си го одлемувал, види кој тип е и смени ја.
-
Мора иста како неа ?
-
Мора иста како неа ?
иста боја да е...тоа е најважно...ц ц ц ...А бе дечки као на тезга муабет за компири да правите а не за електорника.
Значи верувам дека ви е познато дека секоја електронска компонента има свои карактеристики. Така да потребно е доколку е некој елемент расипан да се замени со соодветен ист таков, во најмала рака некој со слични карактеристики. На пример: неисправна диода од грец...Може да се стави било каква исправувачка диода со слични карактеристики зависно од колото во кое се наоѓа. на пример 1N4001 може да се замени со 1N4007, но обратно не...Доколку ги погледнете карактеристиките се4 ке ви биде јасно...Многу често и искуството дозволува да си играте со замена на делови, но само во моменти кога немате при рака оригинал. Сепак тоа само колку за проба. По извршена дефектацја, најдобро е да се стави оригинал доколку се работи за некој поспецифичен елемент. Диодата не спаѓа во нив.
Е сеа во поглед на мрежата на дивидито...Зуењето се јавува од мрежниот дел...Најверојатно има некакво оштетување, а за какво поточно мора да се провери. Викааш одлемен кондензатор...Обично страдаат кондензаторите од 1000 микро фаради, два комада ги има.
Доколку не е до нив сигурно има уште некакво оштетување...
Дај малку поконкретни податоци за и околу деловите во мрежното напојување.
Поздрав
-
Па ке видиш што што пиши на неа и ќе видиме можи ќе можи и замена со некоја друга.
-
Хахахха тестот е успешен без навреда ама веза немате хиииххх имаше пробиен кондензатор ама нејкев да би кажам Дивидито е исправно :D
-
Ако дошло време такви како тебе да ме оценуваат и тестираат ке се обесам на вратот од лавоивите кои треба да ги постават на мостот Гоце Делчев...
Инаку прочитај го погорните постови па коментирај ;D ;D ;D
-
Епа џабе ке ги сменев сите диоди ако ве послушав
-
Членот е опоменат за однесувањето и темата се затвора за да нема препукувања.