Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: jovce. on 25.11.2012, Sunday, 01:17:40
-
Па дојде времето и јас да сум при крај со средното школо и како што е редот треба да се одбрани по некој предмет.
Планирам еден од тие предмети да е практична настава, така да сакам да го изработам овој проект од емитер.http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3782
Е сега бидејќи малце заарѓав со електроникава и општо со компјутериве(немам направено ништо од лани), цело лето го поминав уживајќи се до сега ке прашам неколку глупи прашања, се надевам нема да ми замерите :)
Не ми е јасно во врска со поврзувањето на жиците, да објаснам подобро:Има три точки, првата е за напон, втората е маса и третата е за 3.55мм кабел.На сликава од емитер колку што гледам има 3 жици наместо 4 т.е. кај масата има една жица наместо две, според тоа што треба да има една од напојувањето и една од 3.55м кабел.
Бидејќи не знам на какви звучки ке биди приклучен ву метаров, еве една табела па доколку можите да ми кажите одприлика каков отпорник и кондензатор да ставам и што да изменам за да го приклучам на 12в.
Истотака немие јасно во врска со приклучувајнето на 3.55мм кабел.Дали тој ке иди во матичната плоча т.е. на матичната да ставам сплитер и на него поставен 3.55мм кабел од звучниците и од ву метарот или пак на звучникот напред каде што се става слушалки.Ова од секогаш ми било проблем, никако да го сватам бидејќи првиот ву метар кој го направив доколку го поставам дирек со сплитер на матичната плоча не добивам никаков сигнал.Треба да поставам сплитер напред на звучникот каде што се поставуваат слушалки и на сплитерот да поврзам уште еден звучник без напојување.Но вака не добивам квалитетен глас, па како би можел тој проблем да го решам?
Благодарам.
[датотека избришана од администраторот]
-
Kолега,забрането е копирање и постирање проекти,шеми или делови од проекти од домашни списанија! Веке не еднаш укажуваме на тоа и ве молам сите да се придржувате на тоа.Можеш на администраторот да му испратиш пп,па да се реши директно тоа прашање,или да се јавиш со писмо ( е- маил) на адреса на Емитер и да бараш одговор од авторот на написот.
-
ако си го прочитал убаво проектот ке видиш дека не се поврзува на компјутер него на засилувач...
возбуда директно од звучник
значи ако имаш засилувач некој, VU метарот ке го поврзеш на звучникот што е уклучен на него...
-
Се извинувам за линкот :(
Се решив да не го правам овој проект, туку да изберам некој друг, но не знам кој.Дали можи нешто да ми предложите? некој ву метар или нешто друго.
-
направи нешто вака
Neon Vu-Meter (http://www.youtube.com/watch?v=194HB-NH1IY#)
или вака
blue nyntzilla with final firmware (http://www.youtube.com/watch?v=07s3-1nJe6M#ws)
најјак проект ќе имаш од сите :D
-
Првово видео не ми е нешто нај, ама второво е зверско, арно ама од 3к не верувам да е подолу, плус ова не верувам да користи обично коло него PIC, за прогаматорот 4-5стотки и на крај ке ми дојди поубо да ја подмитам комисијата :P
Стварно не знам што да направам, веке кренав глава од све :(
-
А ваков VU меатар? :)
D'Amore Engineering VU-1 Blue Meters in Action (http://www.youtube.com/watch?v=BjmPv0HSx-I#ws)
-
Ако не запримети првото видео користи неонки како VU Метри, не е со лед диоди :D
-
Ако не запримети првото видео користи неонки како VU Метри, не е со лед диоди :D
Да, заприметив, но не ми е по кејф, знам убаво е, но не ми е по кејфот :(
А ваков VU меатар? :)
D'Amore Engineering VU-1 Blue Meters in Action (http://www.youtube.com/watch?v=BjmPv0HSx-I#ws)
Скап проект е овој, остај тоа нема ни шема, потребно ми е шема.
-
не е нешто посебно, набави драјвер за лед диоди, или поврзи повеќе транзистори и стави едно LM3914/15 (мислам дека овие беа за ВУ метри) и исцртај ја плочата само, запримети дека лед диодите светат како кај обичен ву метар :D
направи нешто вакво :D
Audio spectrum Graphic project (http://www.youtube.com/watch?v=Jw3MOZVG60M#)

Ке дојди како да си играм мајтап бидјеќи досега одбив све, но не е така.Исто и овој ке ме кошта многу, само за диоди ке треба да фрлам 1000ден, а тоа не планирам.
Можи и нешто друго освен ву метар, со диоди или без, само со дигитални кола да е :)
Најтрагично од све е тоа што утре треба да му кажам што ке правам, а јас немам ништо :(
-
Тајмер со 555 напрај. нема да те фати поќе од 50 ден ;)
-
Тајмер со 555 напрај. нема да те фати поќе од 50 ден ;)
Со овој проект нема да земам ни 1, а камоли повисоко.
Добро еве буџетот нека е до 500-600ден, максимум 1000 со се плочка, солна киселина, хидроген и останати работи..
-
Ако не запримети првото видео користи неонки како VU Метри, не е со лед диоди :D
Да, заприметив, но не ми е по кејф, знам убаво е, но не ми е по кејфот :(
А ваков VU меатар? :)
D'Amore Engineering VU-1 Blue Meters in Action (http://www.youtube.com/watch?v=BjmPv0HSx-I#ws)
Скап проект е овој, остај тоа нема ни шема, потребно ми е шема.
Може некој долколку го има овој проект да го постави или доколку има некој линк од каде го видел да го постави тука?
-
Без оф-топик барања-ако некој сака нешто пишете барање во посебен пост.
Па,Јовче ,можеш за тие пари да направиш трчечко светло со 10 ЛЕД(555+4017) ,некој приемник (со ТДА7000),температурен прекинувач,појачувач,стабилизиран исправувач со регулација,електронска коцка.рулет.....
-
Што мислите за ова?
LM3915 IC VU Meter Tower (http://www.youtube.com/watch?v=HKWt4zf2EGM#ws)
Патем да не знае некој колку пари ке ме коштаат 10 парчиња плексиглас?
Или пак
Vu-Meter Specchiato con 20 LED Blu - By STE (http://www.youtube.com/watch?v=zOrPxaKv1q8#ws)
-
можеби не е плексигалс, можеби се акрилно стакло мислам дека така се вика.
-
Последниот пат кога питав плексиглас беше 1200ден квадрат дебелина 3 или 4м.
Тој сто го користат во клипот е 10мм дебелина колку што видов.
-
Многу во оф-топик отидовте.Вратете се на темата или преминете во *случајни муабети*!
-
Зборував со професорот и бидејќи треба да влечкам сто работи од дома за да го изведам ова, се решив да не го правам ву метарот.Побарав низ емитер некои проекти и се решив за овој проект, па доколку некој го има бројот ако можи да ми ја прати по ПП шемата за да ја нацртам.
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1643
-
Па ,како за почетник не си можел да избереш* позамрсена* шема ;D. Се шалам.Сум ја видел шемата и има многу ситни грешки и пропусти.Јас би ти советувал да избереш некој поедноставен,а поефекен склоп - разгледај на форумов,има поставени шеми на доста ефектни мерни инструменти : ЕСР,flyback метар,испитувачи.....

Да, во право е batka ;). Може да го изработиш овој C/ESR метар ;). Шемата не е прекомплицирана ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9198.0
Можно е да ти служи и во иднина, за мерење на капацитивност на кондензатори и ESR ;). PIC16F873A може да го испрограмираш на школо (најверојатно имате програматор за микроконтролери ;)).

Зборував за ова со професорот на школо, но ми рече дека немале програматор... ??? ??? ??? ??? така да ке го изработам проектот од Eмитер.Доколку некој го има емитерот, го замолувам да ми ја прати шемата по ПП бидејќи таа што ја имам(скенирана) не се гелда баш најдобро. Патем @Batka кои се тие грешки што треба да се поправат?
-
Абе,немам сега шема пред мене,ама знам кога еднаш земаа дечкиве да го прават најдоа неколку грешки во монтажната шема.Не се сеќавам што беше,ама знам дигнаа раце од тоа . Направи го оној flyback тестер,со 393 и 4015.Не ти треба програмирање.Со ЛЕД се покажува исправноста/неисправноста на ВН трафо или други импулсни трансформатори.Го имаше и во Емитер ,во 2003 годиште,не знам кој број.Можам оригиналната шема да ти ја пратам.