Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: daniel spasovski on 20.10.2012, Saturday, 23:44:10
-
Поздрав до сите колеги .. Имам голем проблем со појачалово .. Неговото цело име е Gemco solid state stereo amplifier .. Нема никакви бројки до моделот .. Појачалото е стерео и е транзисторско .. Ама има многу влезови а и со селекторот неможам да се снајдам :-\
Дај објаснете ми како да го приклучам :-[ :-[
Под селекторот за канали има и едно копче за одбирање помеѓу = normal или t-monitor а десно од него stereo или mono .. Го побудувам со влезен моно сигнал од копмјутер ..
На копчето однапред за селекторот пишува : Aux , Tuner , Tape , Phono 2 , Phono 1 ..
Сум поврзувал појачала ама вакво комплексно со толку многу влезови и селектори не :S
Значи има нешто што треба да се рчне помеѓу задните пинови за влез , предниот селектор и копчето за одбирање помеѓу = normal или t-monitor :-\
Ајде колеги да го решиме појачалово .. 8) ::)
-
за да поврзиш компјутер и слично идеш на AUX за касетофон Tape за радио мислам дека е tuner
и Phono незнам за што се :D
-
Проблемот е што одзади на панелот нема аux ( од другите мислам дека само најслично на него е само Low phono 1 i Low phono 2 ) Ке треба да го чекаме батка :( :( :-\ :-\
-
па од позади треба да има само 1-2 влеза и со селектрот да избереш што е тоа нна влез, ако избереш погрешен сигнал голема е можноста појачалото да влегува во клипинг
-
Да да влегува во клипинг .. Погрешен влез бирам секојпат :S А башка овде 1000 комбинации има како што кажав .. Треба и тоа t-monitor или normal да се искомбинира а како и јас незнам :-X :-[
-
Веројатно тоа е атенуатор кој треба да го подесиш,ако сакаш да работи како треба.Тоа фоно е за грамофонска глава веројатно и не е за компјутер.Има ли тонски контроли и нешто како мастер волумен и сл.?Имаш ли можност да го сликаш? Така најдобро ке оцениме што треба да направиш.Колку е јако,кои транзистори се во излез? Да не има и линиско 100V трафо??
-
Пронајдов нешто пред малце на тој атенуаторот на тој пинот за Low phono 1 и само има некој клипинг и закаснет звук .. Појачалото работи сигурно ама ја го вртев тој атенуатор и заборавив како беше поставен .. А и тоа t-monitor и normal треба да се одбере едно од нив и да се комбинира со атенуаторот.. :-\ :-\ :-\ Појма неам .. :-X
Иначе појачалото е стерео .. Транзисторско .. Имиња на транзисторите непишува а се во ТО - 03 куќиште ..
Moќноста е до 2x100w повеќе не е .. Иначе трафото незнам дали е 100 волтно .. Мислам дека не е .. Само се гледа дека е со Ei лимови и дека кај намотките е залиено со лим :) Тоа е тоа ..
-
Компјутерот треба да се приклучи на tape,aux или tuner,никако на phono.Дугмето да биде на normal.
Ако нема добар звук,онда појачалото е расипано.
Сликај го појачалото од напред и од позади,да видиме.
-
Готово колеги му го најдов марифетот , ми покажа газдата што како , го поврзав , супер работи .. ;D :D Благодарност до сите :)
Иначе имам сега мал проблем .. Има брум од 50 Hz на двата канала .. сигурен сум дека тоа е поради малата капацитативност на кондезаторите во напојувачката секција .. Ке пробам сега да му додадам некој кондензатор па ке видиме што како .. Ама на едниот канал брумот е малце посилен од другиот канал .. :P Што би можело да биде проблем ??
-
Веројатно имаш некоја лоша врска,сув електролит или умасеноста не е како што треба,Прелеми кабли,малку експериментирај со масата,промени кондензатори.Ако се излазите солидни, преправи си го предпојачувачот и готово.Колку повеке преклопници ( механички) прекинувачи и сл.има ,толку повеке брум.
-
Тоа понатака батка .. ке го преправам како и да е ;D .. Ова сега онака додека тера тера :) :D
Иначе батка мислам дека си во право за електролитот .. Само што незнам дали е сув .. ја овде внатре најдов еден паднат електролит од старите типови .. Само неможам да го извадам , заглавен е во ладењето :D А и појма неам од кај испаднал .. сигурен сум дека тој е проблемот за поголемиот брум од другиот канал .. Ама и да го извадам (иако треба цело појачало да се растура ) ;D појма неам кај стоел .. :D
Ништо .. Тоа е тоа .. Ке треба да го слушам само на едниот канал бидејќи ми е страв од тој поголем брум од едниот канал да не си го изгорам звучникот ... :)
-
Провери ги побудните транзистори.........