Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: DX-er on 04.10.2012, Thursday, 19:21:38

Title: Дали некој знае како се дистрибуира ел. енергија и податоци до островите?
Post by: DX-er on 04.10.2012, Thursday, 19:21:38
Значи не мислам на острови како Јапонија и сл. кои имаат свои ел. централи, туку на помали туристички острови? Пример во јужниот сосед има многу острови кои немаат ел. централи но имаат струја.

(http://uploadpic.org/storage/2011/thumb_hsk6FTc3qt4IQBa5ZtCjVDAM4.jpg) (http://uploadpic.org/v.php?img=JIAqsOTVd)
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: StefanJapanac on 04.10.2012, Thursday, 19:59:23
Веројатно со подводни кабли, не се многу одалечени, па можно е.
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: batka on 04.10.2012, Thursday, 20:34:21
90% островите во Јадранско море добиваат ел.енергија со кабли положени во море со помош на бродови.Такви имаше порано Морнарицата на ЈНА ,знам сигурно,и обично тие беа и обучени за такви работи.Тие кабли се посебни,тројно гумирани и преку нив островите добиваат и телефонска линија.
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: DX-er on 04.10.2012, Thursday, 21:02:22
Фала за одговорот. Значи каблите лежат на самото дно на морето.

П.С. офф топик: Иначе имам слушнато дека Европа и Америка се поврзани со оптички кабел :) преку кој иде интернетот и телефон, а изгледа не се користат (или многу ретко) сателити за тие намени.
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: GigaWatt on 05.10.2012, Friday, 03:46:39
90% (ако не и повеќе) од информациите одат преку оптика од Америка до Европа и обратно. Единствен проблем е стандардот за комуникација кој се користи во Европа (па и низ целиот останат свет, освен во Америка) и Америка, ние имаме SDH, они имаат SoNet, па треба да се ставаат конвртори, ова она... затоа транспортот на податоците трпи... спор ping, намалена брзина :S...
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: DX-er on 05.10.2012, Friday, 21:34:22
А како е поврзана Европа со Африка, Азија и Австралија за интернет ? Дали исто со оптика ?
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: dr-mr on 05.10.2012, Friday, 21:41:46
Види дали тука ќе најдеш нешто што те интересира.

Code: [Select]
http://www.telegeography.com/telecom-resources/telegeography-infographics/submarine-cable-map/index.html
Code: [Select]
http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2039974/The-deep-web-The-new-map-undersea-cables-world-clicking.html
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: GigaWatt on 06.10.2012, Saturday, 04:51:32
А како е поврзана Европа со Африка, Азија и Австралија за интернет ? Дали исто со оптика ?

Се разбира дека да, барем со оние континенти со кои Европа е одвоена со вода, најверојатно да (општо правило, ако е кратко растојанието, дури и ако е вода во прашање, можно е да се искористат и парици/кабли, ако е долго растојанието, дефинитивно се користи оптика, без разлика дали е вода или копно).
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира електричната енергија до островите?
Post by: DX-er on 06.10.2012, Saturday, 16:13:41
Интересни податоци дознав благодарение на вас. Ова со оптикава е вистински бум во телекомуникациите. Само некако ми е чудно што прочитав дека на секој 30km оптички кабел име репетитор на зракот. Па во тој случај кабелот што ги поврзува америка и австралија и е долг повеќе илјади километри и треба да има стотици репетитори. Друга работа, ако се пушти струја за напојување на репетиторите, што од таа струја ке стигне на најоддалечениот репетитор за да го напојува? Ме интересира уште нешто, при толку многу репетитори на оптичкиот кабел, сигурно се расипуваат, нели во тој случај интернетот би бил многу често во прекин и ке треба многу време додека се лоцира и замени расипаниот уред?

П.С. ке го модифицирам насловот на темата бидејки има и уште една добра тема (за оптиката)
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира ел. енергија и податоци до островите?
Post by: GigaWatt on 06.10.2012, Saturday, 19:11:15
Се е тоа решено со DC-DC конвертори. А често и оптиката која се користи за прекуокенаски транспорт на податоци е посебна и има многу мало слабеење по km ;).

Мислам дека Австаралија е поврзана со Азија, не со Америка, така да, танспортот оди прво до Азија, па Европа и на крајот до Америка. Затоа Австралија и нема некој кој знае колкав bandwidth на интернет конекција, голем ping има, итн.

Околу замената на репититорите, тие не се како стандардни уреди „за комерцијална употреба“, најчесто се многу квалитетни и се расипуваат многу ретко, а и да се расипат, не се пушта целиот stream за податоци преку еден оптички кабел, сигурно има барем 10-тина снопови од оптички кабли (во секој сноп, не знам колку оптички кабли има, ама не се малку), така да, дури и да се расипа еден сноп (се скине кабел, го одгризе ајкула, се расипа репетитор, што и да е), другите превземаат голем дел од stream-от на податоци, така да, само ќе се осети успорување, ништо повеќе од тоа, се додека не се репарира кабелот.
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира ел. енергија и податоци до островите?
Post by: DX-er on 07.10.2012, Sunday, 15:25:24
Има кабли меѓу австралија и америка

(http://uploadpic.org/storage/2011/thumb_gqSgATOOGcjWUByha8jvh7xnI.jpg) (http://uploadpic.org/v.php?img=s5SWgaJuZr)

Ако ајкулата го прегризе кабелот со 10 000V напон ке има минимум една ајкула помалце во морето :D

Eдино не сретнав зошто се обележани со разни бои оптичките кабли, ако знае некој нека пише :)
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира ел. енергија и податоци до островите?
Post by: GigaWatt on 07.10.2012, Sunday, 18:10:05
Има кабли меѓу австралија и америка

Хмммм... не сум знаел, мислев дека нема, а и да има, мислев дека поголемиот дел од сообраќајот оди преку Азија. Добро е да се знае ;).

Ако ајкулата го прегризе кабелот со 10 000V напон ке има минимум една ајкула помалце во морето :D

Ако зборуваш за енергетски кабли, да, но низ оптички кабли не се пренесува напон (или некој понизок, само за регенераторите), така да, ништо нема да и биде ;D.
Title: Одг: Дали некој знае како се дистрибуира ел. енергија и податоци до островите?
Post by: DX-er on 07.10.2012, Sunday, 18:14:04
па и мене ме зачуди тоа што го прочитав на еден од двата линкови погоре оти низ каблите врви 10 000V :)