Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ddd on 07.09.2012, Friday, 16:57:44
-
Здраво на сите........
Јас сум нов член и ако можете да ми помогнете.Имам комплет од појачало Iskra SEO 2706 и предпојачало Iskra SMU 1010,поточно проблемите се со претпојачалото.Целото ожичување од предпојачалото е искинато,ако некој има исто вакво или ако можете да ми најдете шема од истото.Инаку и двете работат и тоа перфектно.Појачалото има трафо на 100 и на 70 волти за звучници на поголема оддалеченост.
-
Како може да работи перфектно пп ако ожичувањето му е искинато??Тоа појачало беше наменето за озвучување на хали.фабрики,установи.. а највеке го користеше ЈНА во касарните.Знам дека имаше комплет документација со шеми.Ако не најдеш на друго место оди на
www.radista.com
и таму побарај во *огласи*
-
Појачалото е врзано посебно,мислам дека објаснив добро дека проблемот е со претпојачалото.Тоа ожичување е искинато и прашањето е како да го поврзам со појачалото.Линкот што го пушти не постои...............
-
Пробај вака:
http://www.radista.info/index.htm
-
Нема ништо.......................
Друга помош ако може.
-
Го копираш линкот од code-от и го paste-ираш во празен tab. Не гледам каде е проблемот. Не работи на база на клик, ако мислиш на тоа.
-
Пиши само на Гугл * радиста* и ке те однесе директно на страната.Бидејки ги имаше доста по касарните и војните објекти ( домови,клубови) можно е некој од колегите да има и комплетна документација.
-
Проблемот не е како да пастирам и копирам или како да ја најдам страната.......................На форумот не најдов ништо,се зачленив и ке барам од колегите шема.Прашањето беше дали некој од вас има шема.................
Споено мислење: 12.09.2012, Wednesday, 08:49:49
Никој изгледа неможе да ми помогне.Во radista на форумот не пишав ништо бидејки видов дека batka им го има поставено прашањето на колегите од тој форум.Ако има некоја информација добиено добро би ми дошла.................
Поздрав
-
Проблемот е решен.Ги поврзав појачалото и предпојачалото,трафото на предпојачалото беше изгорено од влага го премотав и сега е супер.Еве и некоја слика како изгледа заедно.Ова е 150 вати на 4 она и е моно,имаше внатре трафо на 110 волти за подолго ожичување,звучникот да го носите и до 500 метри и да не падне отпорот.Звукот е одличен и со добра кутија ке го биде за свирки..........
(http://imageshack.us/a/img72/3704/iskra.jpg)
-
Ајде, со среќа да си ги користиш ;).