Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: StefanJapanac on 24.06.2012, Sunday, 06:37:43
-
Денеска ги гледав првите видеа од овој по мене неверојатен производ и многу ми се допадна и сакам да го споделам со вас и да ги чујам вашите мислења. Се работи за таблет кој исто така може да се користи како лаптоп со солидни перформанси.
-
Предност давам на секој лап топ , а ова е сaмо дел од гамата на *шарени играчки* и ке служи претежно за престиж,да бидеш виден и да ти се восхитуваат плавуши... ;D ;D ;D Многу пари,а ефектот може да разочара,
-
Предност давам на секој лап топ , а ова е смао дел од гамата на *шарени играчки* и ке служи претежно за престиж,да бидеш виден и да ти се восхитуваат плавуши... ;D ;D ;D Многу пари,а ефектот може да разочара,
Исто мислење делам, ова не е за професионална работа. Исто како мобилниве, ќе се користи за „чатал“ ;).
-
Цена :599$ ;D ;D ;D ;D Абе лап-топ до I5 процесор се купува за тие пари 8) 8)
-
Ама лаптоп секој има видено а многу и имаат, а ова ке го имаш ти и толку. На секого ке му е интересен да го види/проба. А тоа е и целта, да го забележат.
-
Па тоа го велем-само ако имаш премногу пари,пратиш мода,плавуша си итд. инаку нема ефект ;D ;D
-
Ама лаптоп секој има видено а многу и имаат, а ова ке го имаш ти и толку. На секого ке му е интересен да го види/проба. А тоа е и целта, да го забележат.
Како што реков, ако е за „чатал“ и ако имаш вишок пари за фрлање, да, вреди да се купи ;).
-
мисалм дека accer имаа еден со дуал скрин, со два тач скрина без тастатура, едниот во зависност од што работиш можеш како тастатура да го користиш (се разбира на тач) купи си таков, таков никој нема
-
Плавушите обично сакаат розева или бела боја! ;D
-
Може и сте во право дека е само за чаталење но скоро сите најави се дека за неколку години таблетите во целост ќе ги исфрлат десктоп па и лаптоп компјутерите, дали ќе биде така останува да се види ама факт е дека се брзорастечки производ на пазарот кој почна да има и солидни перформанси а секој ден има и нови производи и производители па поради големата конкуренција очекувам дека ќе се вадат секој ден се подобри производи и со поефтини цени (зарафи конкуренцијата). За пример ја посетив веб страната на тренд и гледам дека ила 10 инчен таблет за околу 150 евра што е прифатлива цена .
-
Да, ама што ако имаат се тоа кога немаат основни порти кои се потребни за дијагностика на определени системи (јас барем, од таа причина би купувал лаптоп)... колку што знам, немаат Ethernet порти :S.
-
тоа е продолжение на фејсбук, само за комуницирање, а седиш сам во кафиќ, али во друштво ама не ги “вртиш“ ти си занесен во таблетот.
добро кажаа играчка за големи егоисти, а за иднината ќе видиме ;D
-
Цитирам*..За пример ја посетив веб страната на тренд и гледам дека ила 10 инчен таблет за околу 150 евра што е прифатлива цена .* .Е,од тој таблет до пр. 10 инчен лап топ АСУС со атом процесор ,1Гб РАМ,160 Гб ХДД... е само 50-60 ЕУ,а разликата е 100 км ;D ;DНе се базирај на тоа,сепак таблетот е само нешто подобро од мобилен телефон, а за нешто подобро малку се 150 ЕУ.