Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: kirils on 20.05.2012, Sunday, 10:23:36
-
Здраво на сите
Како што кажува насловот се работи за вентилатор на клима, кон него доаѓаат 4 кабли од кој едниот е -, останатите три се +, но работата е што во зависност од загреаност на колата активен е само еден од плусовите, првите два се преку резистори а последната е директна и најбрза и се уклучува само во екстремни случаи, проблемот е што кај мене двата резистори се изгорени а директната кога ке се случи може да биде веке касно...
резисторите се едниот
85W - 0.5om
80W - 0.2om
Оригинални да се купат од официалниот застапник се некоја луда цена 100еур, дали може да се најдат вакви резистори и што мислите што би се случило доколку се стави резистор од 100W-0.5om?
Поздрав Кирил
-
Ставај слободно со100w ке грее помалку, битно е дека е 0,5оми е сеа дали физички ке го собере ако има некое лежиште...
-
Не е проблем физички ке го собере има место :)... Благодарам на одговорот
-
resistor е отпорник на англиски, не на македонски, и ништо нема да му е ако ставиш 100W отпорник, да ти прегори тој многу тешко ке биде...