Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 29.04.2012, Sunday, 19:34:49
-
Треба да изработам интерфон за една институција ,ама не можам да се одлучам што да направам.Еве две шеми да ве размрдам малку,ама ако некој има друга подобра ке размислам и за таа солуција ;D Првата шема е со два звучника и два електретски микрофони .Втората ,е исто со LM 386 ,еден транзистор како претпојачувач и два звучника. Навистина која да ја започнам ,не знам.Има ли некој друг предлог?
-
Зошто едноставно не купиш класичен домофон, готов спремен со слушалки и слично? Зарем не е поефтино, + нема да губиш време?
-
Класичен интерфон е скапо решение,а и се работи за специфично место.И да купам интерфон,пак морам да го извадам од кутија и да ги наместам во влезната(дрвена) врата на установата.Мора да биде скриен и со него да се служат само оние кои знаат за него ;DБидејки се работи за отприлика 60 м растојание,сакам осетливо и добро да се слуша.Утре ке ја испробам првата варијанта со два микрофона + 2 звучника.
-
За таква намена најдобро решение е оние на времето што ги имаше во зградите...
Ги произведуваа по нашиве ех-ју компании, но дали има некој шема од такво нешто...
Инаку далечината не би требала да биде проблем...
Дали интерфонот треба да е нонстоп активен или треба да се активира во одреден момент?
Но колку што разбрав треба да е безжичен?
Или?
Ако е со кабли можеш да го решиш едноставно како од примерите со шемата, :)
-
Не ,не безжичен! Нормален интерфон,само да дава добар сигнал и да не биде многу гломазен.Во бившите ЈУ конструкции работеа со ТВА 800,ако добро се сеќавам ,ама конструкциите беа пресложени(предвидени за 5-60 корисници).Се мислам само дали ке биде подобро со микрофони и звучници или да правам уште еден степен пп со трнзистор,како во втората шема)
-
па ако сакаш поквалитетен пренос, втората шема би требало да го овозможи тоа. Никад не сум правел овакво нешто...Треба да се проба...
-
Ова шема со електретски микрофони е добра,осетлива и работи добро.Можете слободно меѓу пин 1 и 8 да го изоставите (краткоспоите) тримерот и да оставите само електролит од 10 мФ.Излегува за нијанса поскапа со микрофончињата ,ама добро работи и осетлива е прилично.