Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: Radioexpert on 20.04.2012, Friday, 18:33:25

Title: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 20.04.2012, Friday, 18:33:25
Дали некој знае како може да се смени фрекфенцијата на рачна радиостаница Макфон кои порано ги произведуваше Макпетрол-Теас иста како оваа на сликава ?

(http://www.mediafire.com/convkey/fb78/5mte8v3t0scfrjbzg.jpg)
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Z31GH on 20.04.2012, Friday, 18:57:11
може да се промени фреквенцијата, ама е многу комплексна и неисплатлива инвестиција. Имаш внатре место за кристали ама и промената на кристалите нема да измени многу оти целото коло е дизајнирано за да работи на тие фреквенции, значи нема да ти помогне самата промена на кристалите. Целата преправка е скоро како една половна добра радиостаница на фреквенција која што би ја сакал.
Јас имав една таква рачна радиостаница и никако не можев да ја променам фреквенцијата. Фреквенцијата ја променив со  Luger P08, универзален алат за решавање на сите проблеми во втората светска војна, кој што го позајмив од мојот 90 годишен дедо.
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/ddddd.jpg)

превземено од светскират.нет
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 20.04.2012, Friday, 19:03:55
Ха ха многу добар алат !!!
Но јас ги имам кристалите ме интересира дали може некако да се смени фрекфенцијата бидејќи внатре има Тх/Рх кристали и мене ми треба кристалот кој се користи за примање на фрекфенцијата некако да го променам да ја оддава на таа фрекфенција т.е Рх да биде Тх пробав со промена на местата но не работи.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Z31GH on 20.04.2012, Friday, 19:09:52
нема да може да работи на тој начин, тоа би било премногу едноставно. Јас се консултирав со искусни радиоаматери и велат дека може да се промени фреквенција ама треба преправка на целото коло, а не само на кристалите. Не сум толку сигурен за следното што ќе го кажам ама не знам дали кристалите за RX може да се користат за TX, а и должината на антената не би била иста ако ја приомениш фреквенцијата, што значи и друга антена ќе треба
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 20.04.2012, Friday, 19:12:42
Tи благодарам на одговорот.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Z31GH on 20.04.2012, Friday, 19:17:17
нема проблем, затоа сме тука. Преправка би коштала сигурно негде 50 евра оти кристалите се скапи, плус ако ја правиш за репетиторска работа разликата на RX и TX би требала да биде разлика од 600 kHz. За тие пари можеш да си купиш нова кинеска радиостаница која би работела на цел VHF опсег.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: batka on 20.04.2012, Friday, 22:49:05
Мојот колега и пријател Петре Николовски,иначе сега професор во ПТТ училиште ( класниот на Даниел) е еден од оние кои на времето ја изработуваа и се *мачеа* со овие радио  станици.Тоја ја познава * во душа* и доколку Даниел го прочита ова ,може да *претрча* и да побара одговор или да го натера класниот да ни се јави ;D Во секој случај,познавајки го проблемот и јас би рекол дека преправката е прво скапа,второ резултатите се неизвесни,па затоа не си земајте таква привилегија - да ја расипете. :D ;)
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 21.04.2012, Saturday, 08:16:18
Јас мислев ако може да се преправи кристалот од Рx да ја има улогата на Тх.Но сепак фала.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: didy on 21.04.2012, Saturday, 14:13:30
радиоексперт, потсети се како работи еден таков апарат, убаво ти кажаа дека има МФ степен каде ја дава разликата на предајната и на приемната фрекфенција, и обратно за предавање, таа разлика е10.7 мхз за ФМ и  455кхз, за АМ модулација, овие се за класични јавни радио фрекфенции,за овие уреди која е МФ сигурно има некој керамички филтер, да провериш, исто и филтрацијата во излезниот дел е подесена само за тој опсег. пробај со промена на кристалите, но со соодветни за прием и предавање, зошто може со кристалите да дава еднафрекфенција која создава опсег на хармоници и потоа ги филтрира со преклопник да се менува фрекфенцијата за модулирање.
барем да ги пишеше постоечките кристали што вредности се!  ;)
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: DX-er on 21.04.2012, Saturday, 14:58:07
од 166МХз сакаш да ја направиш за 144 ли?
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: batka on 21.04.2012, Saturday, 21:30:15
Не може така.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 22.04.2012, Sunday, 07:49:02
A дали некој знае каков е овој конектор на радиостаницата за звучник/микрофон што го има на нејзе.Со 6 пинови.
(http://i42.tinypic.com/23mkgol.jpg)
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: batka on 22.04.2012, Sunday, 08:56:15
Toa е YM-32 конектор
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 22.04.2012, Sunday, 09:16:17
Tи благодарам batka.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 13.05.2012, Sunday, 14:40:15
Дали некој знае во што може да биде проблемот еден пријател мој кој работи во такси компанија ја има оваа радиостаница и Tx/Rx фрекфенциите се исти на радиостаницата како што треба да бидат на репетиторот мислам дека има Моторола gr500,но радиостаницата не емитува преку предавател?
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: batka on 14.05.2012, Monday, 00:39:21
Ајде прво среди го постот.Јас не те разбирам!???
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: Radioexpert on 14.05.2012, Monday, 17:55:01
Вака е радиостаницата е на еден мој пријател тој има такси компанија и користи предавател моторола гр 500 е сега Тx фрекфенцијата на предавателот е иста со Рx фрекфенцијата на радиостаницата, а исто така Rх фрекфенцијата на предавателот е иста со Тх фрекфенцијата на радиостаницата што значи дека фрекфенциите се точно наместени и на радиостаницата и на предавателот но предавателот не го прима сигналот од радиостаницата, јас се прашував да не е проблемот до CTCSS.
Title: Одг: Промена на фрекфенција на радиостаница
Post by: batka on 14.05.2012, Monday, 23:50:44
Секој подобар приемник си има своја меѓуфреквенција и свој локален осцилатор.Разликата на влезната фреквенција и фреквенцијата на локалниот осцилатор треба да ја дава меѓуфреквенцијата.Во овој случај веројатно се лошо ( од око!) заменети кристалите и се добила една ,по велешки - кармакаша! Најдете ја шемата и видете кои се кристалите на приемната и предавателната страна,односно која е МФ - дали е 455 кхз  или 10,7 Мхз,или пак е некоја друга.Вратете ги старите кристали и се ке биде во ред.