Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Gestak on 29.03.2010, Monday, 12:46:41
-
Дали некој има сретнато ласер,за во диско што се оние најобично се зелени,е сега дали може да се најде таков ласер кај нас само ласерот,не да се купи цел уред и дали може да се направи нешто слично.
Внате во купечкиот уред има моторче на кое има огледалце кое ротита најобично и поновите ласери 1 огледалце кое се движи горе долу лево десно и само неколку степени се врти лево десно горе долу.А за електрониката не ми е познато иначе цел уред купечки има големина 15см ширина 10см висина и 15см должина.
-
ја имам гледано деца со такви зелени ласери, значи само ласерот, а бајаги е јак, ама па беља работа...незнам кај може да се најде... :-[.
ако најдеш кај има таков ласер некој кажи...
-
Такви ласери кај нас неможе да се најдат, не ги носат бидејќи нема побарувачка (нели ние сме земја на информатичари а не земја на електроничари :D)
-
Значи тешка работа да се најде ласер :(.
-
Такви ласери кај нас неможе да се најдат, не ги носат бидејќи нема побарувачка (нели ние сме земја на информатичари а не земја на електроничари :D)
Баш така.... еве ја повекето работи кои ги барам ги нема и нивниот одговор е "немаме" и ние сме земја на информатичари :D и нема веќе класична електроника, се е SMD како кај матичните плочи :D
-
A дали може од странство да се порача и ако на мекој му е познато од прилика колку чини ласерот.
Еве неколку слики како изгледа ласерот.
(http://www.pic.mk/thumbs/laser10.jpg) (http://www.pic.mk/?v=laser10.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/wickedlase.jpg) (http://www.pic.mk/?v=wickedlase.jpg)
-
па да ти се плукнам у државата...ај тоа што нема се што треба, па неможе ни од интернет да се купува од кај и да сакаш да нарачуваш нигде го нема нашево македонче....за срамота ни е државава....
-
без мешање држави молам и државни институции ( ова за секој случај :D)
-
па ајде бе ние не се занимаваме со политика ;D немој да не караш одма
Споено мислење: 29.03.2010, Monday, 15:35:57
матна ми беше наочарава па највероватно сум го голтнам во читањето ::)
-
луѓе...
http://www.mkd-shop.info/
повелелееееее
-
Oooo!!! Фала фала одма ќе пробам да нарачам нешто.
-
Прекрасно... :D
-
тој од 200mW е супер ама штета е многу скап. Не знам што има внатре што толку пари е за наши услови е прескапо. Јас имамв 5mW ласер ама го купив за 550 денари уште во 1999та год. А летоска гледав такви ласери за 100 денари. П.С. едно прашање, дали ласерот е јака ЛЕД и добра леќа ?
-
Дали тој од 5mW е добар, дали се геда зракот дење, ноќе? И каде имаше за 100 ден?
-
Тогашниот ласер се гледаше на зграда оддалечена 650m а на таа далечина точката беше голем бледо црвен круг
-
па со такви ласери порано се радувавме ние у мало кога бевме мали...иначе зракот не се гледа, ги има на пазарче кое и да отидеш кај тие што продаваат играчки, иначе зборам за тој од 5mW
-
Ласерот не е ЛЕД диода фокусирана, ласерот е ласерски генерирана монохроматска светлина кај која фотоните имаат иста фаза и може многу подобро да се фокусира со леќа отколку обичната светлина.
-
Тие на пазар се сигурно помали од 5mW. Се вели демек на 5mW минимум се гледа зракот колку е точно не знам...
-
а бе тие од пазарче се за деца да си играат, на женско некое да и светат во г'з и да се радуваат....(like we did it ;D)
-
Ласерот не е ЛЕД диода фокусирана, ласерот е ласерски генерирана монохроматска светлина кај која фотоните имаат иста фаза и може многу подобро да се фокусира со леќа отколку обичната светлина.
Ова е интересно, но дали има и некаква електроника во самиот ласер ?
поздрав
-
Во малите ласерчиња има ласерска диода и коло (регулатор) за константна струја бидејќи ласерската диода е многу осетлива на посилна струја од пропишаното и може одма да изгори.
-
Ама овие ласерите што се зелените од 30mw и од 50mw,тие се штетни за на очи,а изгледа и оние што гуи имаат во дискотеките се исти,фала за линкот.
-
јас имам гледано некаде на интернет за палење и пукање на балони може да се користат ласери што ги има во дивиди ромовоте за компјутер колку е вистина незнам
-
и јас имам видено тоа ама ги користат од режачите ласерие пошто појаки се
-
Ама и овие ласери 100% се штетни за очите.
-
да да за од режачи мислев и мора да се штетни за очите кога можат да пукнат балон
-
Со моќни ласери да знаете дека и на несакање може да се ослепите или да ослепите некој друг (на пример ласерот да се одбие од некоја сјајна површина) затоа ВНИМАТЕЛНО!
-
A оние што се во дискотеките кафичите тие не се штетни или слаби се 5-10mW оти итие се доста јаки, јас имам видено кај нас, излегува светлинат од прозорците и доста далеку свети ласеот дури на 500м на зграда се познава,мози да ја немасе зградата и повеќе.
-
Во упатството на тие ласери пишува дека не смее да свети во луѓето туку сам над луѓето (во клубовите) така да сигурно се штетни иако не се толку многу фокусирани за да ослепат но сепак се штетни (рак на кожа, катаракта и слични работи можат да се случат).
-
а ласерите што се користат за сечење се од овој тип само појаки или :-\
-
Тие се поинакви,на поинаков принцип рботат.
-
може малце да ми објасниш ако знаеш баш ме интересира
-
Работи на принцип на компримиран гас,незнам точно кој гас
Има една стаклена цевка во кој се наоѓа во една цевка и е под висок напон, од ова се добива многу јака светлина која се фокусирта преку леќи и се добива ласер кој е многу моќен, но не може да свети на далеку бидејќи се шири
исто така има довод на течен азот кој е во минус температура како ладење.
-
ок фала интересно но комплицирано било за да можеш нешто вакво сам да направиш
-
Има да се купи кај нас незнам точно...во клубот кај мене имаше газдата таков земено баш зелен....и имаш мислам 8 видови како да се врти и многу е јак ...работи на адаптер од 12V ...ке го прашам мислам низ скопје го има земено
-
Прашав во Алфа електроник дали може да се купи ласерска диода но за жал немале...
-
А дали праша наскоро дали ке добијале или не планират :).
-
Не прашав ама ако планираа ќе ми речеа моментално немаме или ќе добиеме наскоро...
-
Еве еден линк со 30mW зелен ласер и 15$ или 700ден во нашем,толу чини странство.
http://www.youtube.com/watch?v=7mWRxYWgMPw
-
Епа кај нас мора некој да прави пари... >:(
-
Еве како е претставено со леќи внатре во ласерот,е сега кој е маш нека пробва со леќи.:)
(http://www.pic.mk/thumbs/dpss1.gif) (http://www.pic.mk/?v=dpss1.gif)
-
какво пробување нема шанси да се наштелуваат толку прецизно ако немаш специјален алат затаква работа.
-
Секако дека неможе да се наштелува,ова е колку да знаат од прилика како изгледа еден ласер,како се фокусира преку леќи.
-
па да секако добро е да се има во предвид како изгледа сето тоа