Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: warningteam on 19.03.2012, Monday, 13:26:45

Title: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 19.03.2012, Monday, 13:26:45
Оние стари телефони на кој не им треба струја за да работи, дирекно работат на телефонската линија сакам да прашам внатре Звоното што им е слично е како Звончињата во школо па сакам да го извадам од телефонот и да го искористам за друго..Моето прашање е следно колкав напон треба да донесам до звоното за тоа да започне да звони??  Пробав со 1.5 - 4 - 9- В ама несакаше ни да мрдне на 9 волти имаше некоја промена ама сепак не се вклучи звончето ... сакав да пробам со 12 ама мака ке ми биде ако го изгорам.. кажете вие ваше искуство (мислење) на колкав напон би проработело звоното??  Еве и слика за каков телефон станува збор..

(http://pic.mk/images/mFA1.jpg)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: batka on 19.03.2012, Monday, 13:36:32
Ти требаат 60 волти наизменична, ама не 50 Хз  ;D ;D  Не си играј ако не знаеш основни работи за работа на телефонската линија .Тоа звонче е предвидено за друга намена,а напојувањето е преку индукторски напон од  телефонска централа. Пробај со 24V за почеток... :D ;)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 19.03.2012, Monday, 14:54:26
Пробај со 24V за почеток... :D ;)

Ама наизменичен ;).
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 19.03.2012, Monday, 16:18:10
И би звонело ли тогаш ? а тој напон од 24В може да користам адаптер ?
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 19.03.2012, Monday, 16:34:12
И би звонело ли тогаш ? а тој напон од 24В може да користам адаптер ?

Па, без исправувач, би требало да работи.
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: didy on 19.03.2012, Monday, 18:47:42
и фрекфенцијата е од 25 херци, 30волти, бидејќи 60 волти е на неоптеретена аналогна телефонска линија. која веќе и не постои ;D
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 19.03.2012, Monday, 20:15:07
Ма да ви кажам искрено нишо не ве разбрав.. xD Само прашувам дали ако поврзам адаптер од 24В би звонело звончето без да прегори.. А каква врска има па френквенцијата.. :P?
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 19.03.2012, Monday, 21:24:37
и фрекфенцијата е од 25 херци, 30волти, бидејќи 60 волти е на неоптеретена аналогна телефонска линија. која веќе и не постои ;D

Што знам, не сум баш сигурен за тоа дали не работи, јас дома имам стар телефон со ѕвонче (Искрин, уште пред околу 30 и повеќе години е купен ;D) и еве го, сеуште ѕвони ;).

Ма да ви кажам искрено нишо не ве разбрав.. xD Само прашувам дали ако поврзам адаптер од 24В би звонело звончето без да прегори.. А каква врска има па френквенцијата.. :P?

Ако врзан само адаптерот без исправувач, да, би требало да работи, со исправувач, не нема да работи. Потребен ти е наизменичен напон за да може да се побуди тоа ѕвоно, затоа не треба да има исправувач, бидејќи исправувачот го прави наизменичниот напон еднонасочен ;).

А фреквенцијата, битна е поради самата конструкција на тие звона. Можно е да не сака да осцилира како што треба чеканчето (да лупа по ѕвоната) ако не е погодена фреквенцијата. Затоа е важна фреквенцијата ;).
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: ivica.s on 19.03.2012, Monday, 22:03:15
Значи иако е преносот од централа до централа дигитален, од телефон до централа е сеуште аналоген. Значи зборувам за класична телефонска линија од телеком. Ова е така баш поради овие стари телефони каков Гига што има.

Значи за да зацвони телефонот му треба висок наизменичен напон, ова е всушност и сигналот за доаѓачки повик кој го праќа централата до телефонот. Инаку кога нема звонење напонот е 48 волти еднонасочен.
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: batka on 19.03.2012, Monday, 23:54:38
Значи иако е преносот од централа до централа дигитален, од телефон до централа е сеуште аналоген. Значи зборувам за класична телефонска линија од телеком. Ова е така баш поради овие стари телефони каков Гига што има.

Значи за да зацвони телефонот му треба висок наизменичен напон, ова е всушност и сигналот за доаѓачки повик кој го праќа централата до телефонот. Инаку кога нема звонење напонот е 48 волти еднонасочен.

Новиве дигитални централи веке не работат на индукторски напон од 60V. Моментално и Телеком користејки АДСЛ се префла од модемска на рутерска комбинација  и при пониски напони се носат дигитални сигнали за кабловска,интернет и телефонија.Уште малку овие телефони никаде нема да се користат,освен ако некој сака да си направи своја мрежа ;D
Ѕвоното е всушност електромагнетна зујалка која механички се погони да ѕвони (принцип на електромагнетна зујалка од комплетите по ОТП!) со прекин на напојувањето,котва повратен федер итн.Ке најдам во *брлогов * веројатно и такво нешто па ке ставам на пост да видите! 8)

(http://img401.imageshack.us/img401/9612/dzwstorebellwesternelec.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/images98721348178923791.jpg)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 20.03.2012, Tuesday, 15:27:16
Хмм.. добра идеа батка за тоа по ОТП.. :D Само може ли некој да ми даде шема како се прави тоа по ОТП пошо ако добро се сеќавам тоа работеше на 4.5 или 9В а на ова му требаат над 12 В..
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 20.03.2012, Tuesday, 15:55:05
Хмм.. добра идеа батка за тоа по ОТП.. :D Само може ли некој да ми даде шема како се прави тоа по ОТП пошо ако добро се сеќавам тоа работеше на 4.5 или 9В а на ова му требаат над 12 В..

И со 12V би требало без проблем да работи ;). Само можно е малку повеќе да загрева електромагнетот ;).
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 20.03.2012, Tuesday, 16:07:55
Не несака со 12 В пробав со адаптер 12В 1200мА ама не ни мрдна...
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 20.03.2012, Tuesday, 16:54:17
Не несака со 12 В пробав со адаптер 12В 1200мА ама не ни мрдна...

Го извади исправувачот од адаптерот? Зборуваш за овие комплетиве од ОТП или за звончето од телефонот, што имаш приклучено?
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 20.03.2012, Tuesday, 17:25:57
За Звончето од телефонот зборувам само сеа незнам ни јас што му се деси прееска на 12В не мрдаше а сеа на 9В пак сака  ;D Сигурно јас имам нешто утнато при поврзување  ама сеа на пример кога ке поврзам + на +  - на - прави едно удирање во тоа звоната и потоа треба да ја извадам жицата од + и да ја ставам на - и пак истото еднаш само ке удри во звоната  сакам тоа автоматски да си оди само да си се мења од + на - и обратно ТРЕБА да го извадам тоа исправувачот за да само си се мења + и - ?... Не сум извадил ништо од адаптерот како што е фабрички така е  треба + да го кршам пошо е ЛИЕН нема штрафови за отварање  .. :P
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: Gele_PP on 20.03.2012, Tuesday, 17:35:52
Да, треба да го извадиш исправувачот !!!  :P
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: GigaWatt on 20.03.2012, Tuesday, 17:40:11
Јас 10 пати ти спомав, извади го исправувачот, така можеби и ќе проработи ;D.
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: Gele_PP on 20.03.2012, Tuesday, 17:50:41
Или алтернативна верзија, пачно менувај +/- , само побрзо и ако постигниш брзина од 50хз исто како наизменично ќе е  ;D ;D :D ;D :D :D ;D :D :D ;D
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: Z31GH on 20.03.2012, Tuesday, 18:49:05
приклучи го на 24в и нема да прегори, шо толку се плашиш
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: batka on 21.03.2012, Wednesday, 00:21:09
Аман,од ништо - нешто направи.Како да е спејс шатл! Ако не знаеш или те страв да го поврзеш остави го и готово.Занимавај се со друго нешто. 8)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: nenotxx on 21.03.2012, Wednesday, 12:06:09
Можеби е смешно пашањево ама јас сепак се држам до поговорката "Не е срамота да прашаш ако незнаеш, туку срамота е да незнаеш а да не прашаш" Како изгледа тој исправувач во адаптерот? може некој да го опише или слика да стави ?
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: BOBAN on 21.03.2012, Wednesday, 12:24:11
Сета електроника во тој адаптер е т.н. ИСПРАВУВАЧ која наизменичниот напон го претвора во еднонасочен.
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: nenotxx on 21.03.2012, Wednesday, 12:58:18
Ха.. па како бе нема ништо во адаптерот само еден трансформатор друго ништи баш ништо.. и викаат да го извади што да се извади само трансформаторчето е...
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: LordZi on 21.03.2012, Wednesday, 13:56:49
Епа тогаш значи нема исправувач, адаптерот дава наизменичен напон.
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 21.03.2012, Wednesday, 15:15:43
Хмм.. не баш дека дава најизменичен напон.. :D Истото се случува кога ке се поврзе + на + и  - на - еднаш само удира во дзвоното доколку сакам пак да удри во звоното треба да ги сменам половите на пример + на - и - на +, а доколку би давал најизменичен напон само ке си ги поврзеш еднаш на пример + на + и - на - и тие сами ке си се мануваат и цело време ке звонии.. :@
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: Gele_PP on 21.03.2012, Wednesday, 16:26:15
Има тука некоја диода, ::), ако не ја гледаш СЛИКАЈ ...
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 21.03.2012, Wednesday, 17:00:09
НИШТО нема баш ништо ви кажа братми само едно трафо и друго ништо ..
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: Toma on 21.03.2012, Wednesday, 17:54:31
Измери го отпорот на намотката од ѕвоното и тој треба да е во границите до 2000 Ω, па според тоа при 12 V изменичен напон пресметај ја струјата што поминува во намотката од ѕвоното а со тоа и моќноста па ќе разбереш дека овој трансформатор од 12 V изменичен напон е доста „слаб“. Напонот за ѕвоното треба да е до четириесетина волти. U = R x I па следува 12 = 1200 x I или I = 12/1200 а тоа е = 0,01 A , а сега ти продолжи понатаму.
ПС  1200 Ω е земено како претпоставена вредност! На сликата е стандардно ѕвоно од стар телефон!

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/026681446.jpg)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: warningteam on 21.03.2012, Wednesday, 19:50:30
Значи целото звонче е ОКЕЈ! само ми треба најизменичен напон во границите од 9 до 24В а преку адаптер неможам да го добијам бидејки нема ништо за вадење освен трафото.. а твојте пресмметки незнам зошто и си пресметувал пошо во случајов не се ни потребни.. пошо звоното РАБОТИ!
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: batka on 22.03.2012, Thursday, 08:50:08
За тоа цело време зборувавме... 8)
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон.
Post by: ki4o01 on 22.03.2012, Thursday, 11:27:52
елеле бе па земи некое мало трафо и приклучиго со ѕвончето ако на излез дава измеѓу 9-24в и средена работа.  :P
Title: Одг: Прашање во врска со стар жичен телефон..
Post by: ZareBt on 22.03.2012, Thursday, 13:14:55
Прво треба да знајш да разликуваш наизменичен и еднонасочен напон. Разликата е голема. Цело време ти се кажува дека треба да донесиш наизменичен напон, ти упорно од адаптер пушташ. Си запнал + и -, а кај наизменичниот нема ни + ни -. Така да, прво научи некој основни вакви работи, па после лесно ќе сваќаш шо ти велам останатите членови. Ова ти го велам чисто најдобронамерно  :)