Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 14.03.2012, Wednesday, 15:22:40

Title: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: batka on 14.03.2012, Wednesday, 15:22:40
Еве една интересна идеа,едноставна со малку делови.Човеков ја направил за кога ке ја запали столната ламба,по пат на индукција и неколку едноставни компоненти,преку релеј вклучува цел низ други уреди.Поентата е што сензорот за ова намена е направен од десетина намотки на изолирана жица намотани на напонскиот кабел на ламбата,Останатото е транзисторски склоп,за чија намена можете секој посебно да се одлучите.Сето тоа го собира во една дозна на продолжниот кабел.
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: Malecko on 21.06.2012, Thursday, 21:05:17
Oва не е слично со фи склопка?Ако е доволно брз и осетлив склопот може да се направи добра заштита од струен удар.
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: batka on 21.06.2012, Thursday, 21:15:10
Па може да се најде и за тоа. ;D
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: Malecko on 21.06.2012, Thursday, 21:16:40
Па може да се најде и за тоа. ;D
Tреба ептен добро да се измери колку милисекунди му требаат за да уклучи/исклучи дека ако не е доволно брзо не отепа струјата :D.Исто така и релето по тромаво е,мислам дека побрзо ќе биде ако е со тријак.
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: GigaWatt on 21.06.2012, Thursday, 23:46:02
Исто така и релето по тромаво е,мислам дека побрзо ќе биде ако е со тријак.

Да, ама си ограничен на моќност на потрошувач ;). Може да се извведе и со триак, ама да не ја надмашиш максималната струја низ триакот ;D.
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: MarkoMK on 22.06.2012, Friday, 16:56:23
Интересна идеја.. Ама мора да го избланкираш горниот слој од кабелот за да се одвојат фазата и нулата.. Ако намотката ја намоташ околу комплетниот кабел нема да работи  :o
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: Zdravkovski on 22.06.2012, Friday, 17:34:17
Quote
Интересна идеја.. Ама мора да го избланкираш горниот слој од кабелот за да се одвојат фазата и нулата.. Ако намотката ја намоташ околу комплетниот кабел нема да работи 
Па токму така е и преставено на шемата намотката стои на фазниот проводник  ;)
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: GigaWatt on 22.06.2012, Friday, 20:44:01
Интересна идеја.. Ама мора да го избланкираш горниот слој од кабелот за да се одвојат фазата и нулата.. Ако намотката ја намоташ околу комплетниот кабел нема да работи  :o

Може да се направи колото да реагира и на двата проводника (без да се одделува фазата од нулата од кабелот), но треба многу поосетливо да се направи самото коло. И во тој случај, пазете да не ставите мобилен телефон или радио до „антената“ ;D. Ќе гледате light show ;D. А можно и со веќе дадената конфигурација да се случува тоа, кој знае ;D.
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: MarkoMK on 23.06.2012, Saturday, 16:11:35
Quote
Интересна идеја.. Ама мора да го избланкираш горниот слој од кабелот за да се одвојат фазата и нулата.. Ако намотката ја намоташ околу комплетниот кабел нема да работи 
Па токму така е и преставено на шемата намотката стои на фазниот проводник  ;)

Па да де, и јас тоа го гледам, ама сакам да кажам дека ако веќе го бланкираш кабелот... Не е токлу практично како што изгледа на прв поглед...
Title: Одг: Прекинувач со индуктивен сензор
Post by: mkfe on 14.09.2012, Friday, 09:42:04
Почитувани,

Овде во шемата, жицата што се намотува, има улога на капацитивен дојавувач.

Сакам да кажам дека жицата сензорира електрично поле, преку капацитивноста која ќе се појави помеѓу кабелот и намотаната жица. Другиот крај од жицата виси, не е никаде поврзана. Би требало истиот ефект да се постигна и ако поставиме фолија.

Работи на сличен принцип како оние фазометрите кои имаат внатре батерија, FET, LED; оние што се изработени без тињалица, туку со LED.

Како што кажа GigaWatt, треба да работи и на целиот кабел.... со по-осетлива електроника; како што ваквиот фазомер свети и на кабел. Прекинувачот треба да биде поставен пред овај жица-сензор (прво прекинуч баш на фаза, па потоа жица-сензор) за да пали-гаси, и да баш низ прекинувачот (се прекинува) минува фазата; доколку не е фазата прекината (прекината е нулата, а фазата оди директно) ќе треба да се заротира кабелот, да си ги сменат местата фазата и нулата во кабелот.

Укажувам дека нема случност со принципот на работа со FI(D) склопка, каде со некој вид струен трансформатор се мери разликата на струите помеѓу фазата и нулата.

Поздрав,
mkfe.