Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: bore on 11.03.2012, Sunday, 15:39:18
-
NEO модел: TV-2177TXSR, шасија: 11AK30A14. Телевизорот си работи се како што треба пали/гаси само кога ќе се изгаси зуе-брчи при што напонот од 9V варира и лед диодата што треба да свети црвено варира светлината. Сменето е MC44608, C810, C848, SFH617, TL431, Q804, D801. Кога е уклучен сите напони се ок и работи мирно не зуе 115V, 12V лед диодата свети зелено.
Еве шема од мрежата во атачмент.
-
Мислам дека ова беше Vestel шасија, или грешам ???. Во последно време со многу Кинески шасии имав работа ;D, сум заборавил ;D.
Јас не начекав на шемата линија од 9V, имаше само од 8V, претпоставувам дека за таа линија станува збор ;). Тој напон доаѓа по 7808. Ако имаш осцилоскоп, види дали напонот пред 7808 варира на ист начин. Ако варира, ќе треба да се проверат некои компоненти пред 7808.
Сигурно лие диодата врзана за 8/9V-ниот rail? Некако чудно е ако е така. Најчесто се врзани за +5V лчинијата тие диоди (истиот напон со кој се напојува процесорот).
-
Најверојатно е некој електролитски кондензтор. Види (внимателно) дали некој од електролитските кондензатори се загрева при работа, не треба да се заграваат, ако се загрева смени го.
-
Најверојатно е некој електролитски кондензтор. Види (внимателно) дали некој од електролитските кондензатори се загрева при работа, не треба да се заграваат, ако се загрева смени го.
Не мора да значи, некои кондензатори што работат во хоризнтален отклонски степен или во напојувачки степен, знаат да греат, иако на ESR и на мерач на капацитивност јавува дека се исправни. Некогаш работниот напон им е пренизок, или тука некаде, некогаш капацитивноста им е прениска... многу причини може да има.
-
Промени го r817 99k со 100k и трите диоди ба159 во примар без да ги мериш ... ако ти пулсира мрежата. Поздрав
-
Најверојатно е некој електролитски кондензтор. Види (внимателно) дали некој од електролитските кондензатори се загрева при работа, не треба да се заграваат, ако се загрева смени го.
Не мора да значи, некои кондензатори што работат во хоризнтален отклонски степен или во напојувачки степен, знаат да греат, иако на ESR и на мерач на капацитивност јавува дека се исправни. Некогаш работниот напон им е пренизок, или тука некаде, некогаш капацитивноста им е прениска... многу причини може да има.
Епа тоа ти е, кинески квалитет ;D
-
Проблемот го решив, прекината 1N4148- D812, поздрав до сите :D