Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 26.03.2010, Friday, 01:19:10

Title: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: DX-er on 26.03.2010, Friday, 01:19:10
Кај ФМ предавателите антената освен таа шипка која го емитува сигналот мора да има и друга шипка која е приклучена на минусот.
Од друга страна многу други предаватели имаат антена со само една шипка, на пример токи воките.
Па ме интересира што е финтата, нели тие предаватели што имаат антена составена од еден дел ја емитуваат ефикасно снагата?
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната анте
Post by: BorceBT on 26.03.2010, Friday, 19:49:58
Антената во најпрост облик е отворено осцилаторно коло (отворен кондензатор) што значи дека за да има капацитет треба да има две страни позитивна и негативна. Бидејќи се работи за ВФ немора секогаш да има директен контакт (метал) кон една од страните, позитивната и негативната. Кај токи-воките маса (минус) е плочката, батеријата и човекот што го држи токи-вокито а позитивната (жешка) страна е антената во која има ставено калем (loading coil) кој го одржува балансот бидејќи антената е небалансирана на овој начин. Се разбира зрачењето (ефиксноста) е намалена но нема друг начин. Исто некои токи-воки имаат конектор за поефикасна надровешна антена. На пример кај такси возилата е истиот принцип кој го спомнав погоре: масата е самото возило а во антената има калем (loading coil) за баланс.
Исто кај среднобрановите антени: масата е земјата (заземјувањето) а позитивниот крај е вертикален („антената“). Тоа значи дека ако некогаш нема место за балансиран комплетен дипол се прават некои вакви модификации или решенија кој во секој случај зрачат помалку одколку да има цел дипол.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: DX-er on 26.03.2010, Friday, 20:30:59
Фала за објаснувањето. Кај ФМ диполите нели треба и минусот-шипката да е долга и во ист облик како и плусот, па кај таксистите минусот (колата) е поголем и со по друг облик од плусот.. исто и кај токи воките а да не збориме за АМ-СБ предавателите тамо минусот-масата е цела земјина топка :)Во тој случај нели и за ФМ антена може да се има само една шипка но минусот да е врзан за парно греење или пак на масата од штекерот ?
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: BorceBT on 28.03.2010, Sunday, 00:18:44
Може но со послаба ефикасност и различна импеданса и треба да се стави loading coil кој се пресметува према фрекфенцијата (за жал моментално ја немам формулата).
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: batka on 14.07.2010, Wednesday, 09:25:38
Бате Борче! Не се слагам во се со тебе! Нема сега да коментирам,ама кој сака да прочита повеке најдете ја на Интернет книгата од Др Божо Метзгер * Прирачник за радио-аматери и техничари* и прочитајте малку повеке.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: DX-er on 14.07.2010, Wednesday, 10:58:08
batka ако веке кажуваш дека не се слагаш со него, кажи зошто не се слагаш и образложи го тоа иначе како ке ти веруваме.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: r00t on 14.07.2010, Wednesday, 15:15:31
Како што кажа Борче, антената има жешко и маса. Масата кај токивокијата оди на самата плочкица а жешкиот дел оди во антената. Е сега, какви се тие loading coils?? Диполот (и перфектен нека е) сам по себе е небалансиран и само со балун може да се балансира. Антенчињата на токивокијата имаат антена така што изгледа како калем и кога ќе ја оптегнеме би требало да ја добиеме четвртината од брановата должина. Ова се вика трап антена затоа што се намалува просторот и големината на антената со помош на користрење на трапови.

Јас имам антени за 3.5 и 7 МХз кои се помали од 2 метра во висина.

Таксистите по колите ставаат истотакви антени (доколку имате видено антенки со спирали на почетокот) и ја користат масата на колата како маса за антената т.е. другиот крај на диполот затоа што на нив не им треба којзнае колква ефективност :)

И се сложувам со батка, книгата на Метзгер е најдобрата за овие работи.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: DX-er on 14.07.2010, Wednesday, 17:10:04
можно е антената која е навиткана (спирала) да има помала ефикасност одколку истата да е испружена?
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: deophorant on 14.07.2010, Wednesday, 17:34:54
Јас мислам да си ги земете двете книги од Љубен Јанев (Магнетика 1 и 2) и со нив има и некои прирачници во кои има детални пресметки на некои електромагнетни појави (користење на брановоди, електромагнетни рефлектори, па дурии како се користи јоносферата), а за антени и нивни детални пресметки Јанев има објавено и книга "Антенска техника" во која има се за антени. Имено не само големината и должината на антената се битни. Кога ќе видите што се игра улога во пресметка на една антена ќе се замислите за она што сте го збореле до сега (и јас бев истиот, ова не е наука на проба, тука лежи тешка математика). Ако и наса експериментално правеше антени уште ке се радувавме на фиксните телефони :)
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: r00t on 14.07.2010, Wednesday, 19:58:15

Каде може да се најдат наведените книги ?
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: GigaWatt on 14.07.2010, Wednesday, 20:03:42
Каде може да се најдат наведените книги ?

Во тобакото во ЕТФ, само јас лично не би ги препорачал тие книги, премногу се теоретски (мислам не Магентика 1 и 2, Магнетика и Електромагнетни Бранови), ги имам положено и двете Магнетики и пак ништо не знам за бранови и полиња... :S
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: r00t on 14.07.2010, Wednesday, 20:15:25
Штом таква работата :) Само Метзгер :) Или пак книгата Practical Antenna Handbook од Joseph J. Carr
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: deophorant on 14.07.2010, Wednesday, 20:49:02
Каде може да се најдат наведените книги ?

Во тобакото во ЕТФ, само јас лично не би ги препорачал тие книги, премногу се теоретски (мислам не Магентика 1 и 2, Магнетика и Електромагнетни Бранови), ги имам положено и двете Магнетики и пак ништо не знам за бранови и полиња... :S

Кој сакал да научи научил. Инаку проф. д-р. Љубен Јанев е ѕвер за тие работи. Јас го прашував бааги за антени и ми објаснуваше многу сложени работи (како ја правеле и пресметувале антената за долгобраново подрачје во лозово) и сл. Точно е дека се теоретски ама тие двете се основа за антенка техника (а пракса без теорија не иде никад). Не е идејата само да се положат (препишат или научат напамет) зашо колегите од претходната генерација те плашат, ако сакаш да научиш ќе научиш и тоа доста. И јас знам еден куп колеги што и добри оценки извадиле на магнетика и бранови и не знаат што е дипол. А и патем што има практично во антенска техника (виткање жици) таа цела област е теоретска (преметки на зрачење и кои се фактори влијаат на зрачењето), пресметки на сите параметри на една антена (со изведувања и докази). И патем оние што учеле само да положат затоа што им била тешка математиката тие никогаш ништо не разбрале (сите параметри се наоѓаат во формулите ама тие не разбираат што е R, l, sigma, и само шаблонски решаваат задачи) така не се учи за да се научи така се учи за да се положи. И  да напоменам тие книги не се за средношколци (они немаат толкава основа од математика за да сватат за што се работи), таму не пишува како да ја свиткаш жицата за да биде антенатуку сите пресметки па после ти пресметај си антена каква што ти треба.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: GigaWatt on 14.07.2010, Wednesday, 21:00:34

Само реков дека јас не би ги препорачал, а кој сака нека си ги чита слободно ;).
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: DX-er on 14.07.2010, Wednesday, 21:46:54
Кој сакал да научи научил. Инаку проф. д-р. Љубен Јанев е ѕвер за тие работи. Јас го прашував бааги за антени и ми објаснуваше многу сложени работи (како ја правеле и пресметувале антената за долгобраново подрачје во лозово) и сл.
Eeee е не е долгобраново туку среднобраново подрачје во лозово. 810КХз се средни бранови. Постапката за пресметка на должината на таа антена е едноставна. Антената е 1/2 од брановата должина.
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: BorceBT on 16.07.2010, Friday, 23:56:37
Добро сега да се вклучам оти гледам дека настана дискусија. Значи се работи за Мегавати РФ енергија и иако антената треба да е 1/2 или 1/4 треба специјален дизајн на заземјувањето и одделувањето на централниот проводник (антената) од земјата а сепак да биде цврсто поставен и да има добри електрички својства. За оваа снага е потребно итекако планирање и дизајн и не е едноставно. Сепак, мегават на 50 оми импеданса има вршни напони во ред на десетици киловолти!
Title: Одг: Зошто е потребно предавателната антена да и маса (шипка на минус приклучена) ?
Post by: deophorant on 17.07.2010, Saturday, 02:28:09
За оваа снага е потребно итекако планирање и дизајн и не е едноставно.

Целосно се сложувам