Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: StefanJapanac on 29.02.2012, Wednesday, 18:32:50
-
Автомобилот е Шкода Фабиа 1.4 Дизел, и има проблем со светлата не сакаат да се палат, позицијата работи долгите работат само кратките не. Дајте ако имате некоја идеја зошто и што да проверам да ми помогнете. Осигурачите се проверени и сите се Океј
-
светлата најверојатно се на реле уклучени, провери дали кога ќе дадеш сигнал поточно ќе ги пуштиш кратките дали стигнува напон до нив, доколку стигнува тогаш најверојатно изгорени се, најди негде 1 светло пробај замени го ако работи со новото значи изгорено е
-
јас го имав истиот проблем кај мене (имам застава 101) се сменив до сијалици релиња осигурачи и на крај испадна дека бил тастерот за пуштање светлата како шо ти кажа Devil пробај да ги пуштиш светлата па кога ке пуштиш кратки светла измери дали има напон ако има тогаш се сијалиците ако нема тогаш е тастерот. :)
-
Ништо чудо да не е ракетата отидена.. па зеза :o
-
Ракетата е во неутрална позиција кога се кратки така да таа одма ке ја исклучам. Волтажа не стига до светлата проверени се работат сијалиците, така да останува само релето или прекинувачот. Како ке можам да проверам дали е релето и ако знае некој каде се наоѓа?
-
епа види каде се осигурувачите, почни следи го сигналот од прекинувач стигни до осигурувачи провери дали тие се ок, ако се ок, оди понатаму иди релето кај постарите коли се наоѓаат напред кај ммоторот, кај поновите се од внатрешна страна негде или на средина или под воланот (најчесто)
-
Кога ке имам слободно време ке проверам што можам па ке пишам пак.
-
А нели се 2 релиња ако не работи едното треба да работи другото неможе и 2-те одеднаш да се расипат, или се лажам ???
-
Немора да значи дека релето е проблемот можеби е прекинувачот. Ке го погледна после или утре