Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: borisq10 on 27.02.2012, Monday, 23:29:49
-
Здраво на сите јас сум почетник и моментално работам на TDA7295 ме интересира тоа на сликата сто сум го поцртал.. дали тоа е минус или така требат да си останат????
-
дали тоа е минус
да
-
Не е минус, за овој засилувач ти треба симетрично напојување, плусот е +Vs, минусот е -Vs, а тоа што си го обележал е маса.
-
какво е тоа симетрично напојување?
-
За да го напојуваш ова коло ти требат +/- 25 волти. Значи ти требат +25 и -25 волти во однос на средна точка 0. (леле, сеа ама ти објаснив ::) )
Мислам дека ќе ме сватиш, не бе бива за асоцијација. Сепак, ти треба трафо кое на секундар ќе дава околу 17 волти НАИЗМЕНИЧНИ, па грец и со ред сите работи ;D
-
аха а дали може ова нешто да се направи да работи на 12v? јас видов на некои страни дека работи на 12v ме интересира како што е дадена шемата горе дали ке работи на 12v??
-
Маса е тоа што си го заокружил, а како што рече дека си почетник, ќе се изнамачиш со овај засилувач. Земи си поедноставен проект како TDA 1558Q, лесно и едноставно, и само 12 волти напојување ќе ти треба.
-
аха а дали може ова нешто да се направи да работи на 12v? јас видов на некои страни дека работи на 12v ме интересира како што е дадена шемата горе дали ке работи на 12v??
Не работи на 12 V. Најди го дата шитот за колото и таму ке ги најдеш сите податоци и вредности.Иначе во пик колото дава 80W на 4 оми со симетричен напон +/- 25V,а еве ти изглед на плочката ( од горната страна на елементите!).Треба само да и направиш mirror и да ја нацрташ или симнеш,се ти е означено на плочката која е работена по шемата што ја имаш
-
ќе може помош да ми кажете што е тоа на шемата VM и VSTBY???
-
ќе може помош да ми кажете што е тоа на шемата VM и VSTBY???
муте и стенд бај
-
Vm -mute
Vstby - stand by
Овие треба да ги врзиш према маса кога сакаш да се вклучени
-
аха а каде се наоѓа влезот за звик ???
-
На пин 3 преку кондензаторот кај што се наоѓа ознаката за извор на наизменичен напон. (~)
-
како што е дадена шемата така направив хахахаха само што незнам како да ја уклучам знам само каде се +/- незнам каде е - на звуцникот и каде се наоѓа влезот на звукот помош
-
Минус од звучникот на маса.
А најде ли симетрично напојување 2х25 волти?
-
имам напојување само што незнам како да го поврзам дај помогни ми
-
сликај го и дај покажи што напојување си нашол, па ќе видиме дали одговара ;)
-
немам со што да го слика дај кажи ми како да го поврзам како сто е на шемата така го направив
-
+ на 13-ка
- на 15-ка
МАСА на 1 и секаде каде што си ја заокружил на сликата каде што прашуваше за заокруженото.
-
да а со масата сто да правам?
Споено мислење: [time]28 Февруари 2012, 14:02:35[/time]
со ова може да го поврзам??
Сликата е избришана од администрација! Прочитај во правилата како правилно се ставаат слики!
-
да а со масата сто да правам?
Споено мислење: [time]28 Февруари 2012, 14:02:35[/time]
со ова може да го поврзам??
ова шо го држиш во раката е РЕЛЕ!
не е блиску до напојување :o
и види во пораки (сандачето) ти имам вратено.
-
Значи пак имаме проблем со симетрично напојување, еве ти една скица како треба да изгледа симетричното напојување.
-
Колега кодирај линкови или ке ги бришеме!!!!!!
-
Значи пак имаме проблем со симетрично напојување, еве ти една скица како треба да изгледа симетричното напојување.
Mорам малку да те исправам. Прво после грецот напонот одма не е исправен (испеглан). После кондензаторо напонот е испеглан (не целосно, ама сепак личи на еднонасочен напон).
И уште една исправка. Ако на секундар имаш 25В наизменични, исправен напон ќе добиеш околу 35 волти еднонасочни (А не 50в). позз
-
Колега јас само скица ставив, да му објаснам отприлика за што се работи и како изгледа симетрично напојување. иначе на скицата на секундар од трансформаторот пишува на 2 места 25 v ~.
Позз
Споено мислење: 28.02.2012, Tuesday, 14:48:32
Еве шема за испеглано напојување за појачалото
-
Ама не и за ова појачало. Пошто ова бара 25 волти еднонасочни, шо значи за ова му требат 17 волти наизменични. (поточно 2х17V). :D
-
Не се согласувам колега. Имено електролитите се тие што го одржуваат напонот висок, кога ќе пушти бас ќе се празнат и напонот ќе падне под 20 волти.
-
Електролитите го подигаат напонот.Во право си 17 V ке дадат околи 25V во слободен *од* .
-
Не се согласувам колега. Имено електролитите се тие што го одржуваат напонот висок, кога ќе пушти бас ќе се празнат и напонот ќе падне под 20 волти.
По твојата математика, колку еднонасочни волти ќе добиеш знајш?
25(наизменични) х 1,41=35,25
И колку да има пад на напонот, далеку е од 25 волти, еднонасочни.
Зато јас викам му требат 17 волти од трафо(наизменични), па после тој ко ќе испрај ќе добие 25 волти еднонасочни.
-
да ама тој напон кој ќе го добиеш ти нема да е онај напон кој може трафото да го испорача континуирано, односно само еден дел од времето тоа трафо после исправување ќе дава толкав напон, сепак ова зависи и од тоа каков потрошувач имаш ставено, колкав пад на напонот прави тој потрошувач
-
Ама 25 волти наизменични ќе бидат многу за ова коло. Мислам дека 35 волти ми беше границата на тда-та, така да ризично е. Доста ќе бидат 20 волти наизменилни, и онака и така ќе работи. Не памтам во даташито како беше волтажата :)
-
Хаха, значи колега спрема тебе ако појачалото работи на:
9 волти, ставаш трафо од 6
12 волти, ставаш трафо од 9
15 волти, ставаш од 12 ???
Па и мобилните полнат на 3,6 волти, ама во празен ОД ако мериш со инструмент ќе ти покаже околу 7 волти на адаптерот.
-
За некој работи велам така, за некој не. Ама сепак 25 волти наизменични сметам дека се многу за ова коло :)
-
во право е жаре, пошто ако немаш ти на појачалото приклучено ништо и го вклучиш ова в струја на пиновите од напојувањето ќе го добиеш максималниот напон, иако тој е со мала струја, некои верзии на овие хинридни засилувачи немаат заштита од повисок напон, така да големи се шансите да го расипеш појачалото
кај подобрите појачала не се става само трафо исправувач и директно во напојувањето од појачалото, се додаваат и регулации и заштити, така да се предимензионира малку за да после регулација го има посакуваниот напон, со вакво напојување појачалото секогаш се напојува со ист напон, не некогаш поголем некогаш помал, ако е помал нема да уклучи заштитата :)
-
Колега Devil, во datasheet има опишано буквално се' за овај засилувач.
Имено ТДА7295 има вграден термички прекинувач од прегревање, има заштитно коло од краток спој, и крепи максимален напон од ± 40 волти. И да нема приклучено влезен сигнал, самата дисипација ќе го обори напонот.
Па тука станува збор за 5 волти, не за 50 :)
-
Јас го имам изработено засилувачот со TDA7295,и трафото ми е со 2x18 волти наизменичен напон.Го работам на звучник од 4 оми,6 години го имам,многу журки е поминало и нема никакви маки.Сепак битен е и ладникот. ;D
-
Тесла, не зборувам јас директно за ова коло, општо зборувам, незнам што пишува во дата шитот не го имам видено
-
Еве една шема од мене па видете како што ако има некоја грешка пишете Поздрав :)
-
водовите цртај ги со подебела жица, интегралци, транзистори и останати елементи кој се наменети за поставување на ладилник и кој прилично загреваат при работа пожелно е да се постават на некој крај од лочата за нивно полесно монтирање на ладилник
-
шемата ја направив ги наредив ситеделови ја уклучив на 12+ и 12- и GND појацалото работи а не дава звук во што ли може да е проблемот ги проверив сите делови сите се ок???
-
ја направи шемата од првиот пост ти кој го наведе така ?
провери го делот околу тоа MUTE и STBY, да не ти е цело време „мутирано“ па да не ти вади никаков звук на излез ..
или пак цело време е во стендбај мод
-
да да ја направив шемата што е од мене ставена значи на mute и stby немам нисто ставено
Споено мислење: 08.03.2012, Thursday, 21:04:15
дали ке работи ако ги извадам кондензаторите и отпорниците??
-
поврзи звучници пушти музика вклучи го напојувањето и пробај на кратко MUTE поврзи го на плус од напојување, ако работи ок е поврзи го цело време на плус да е
-
не бива ги пробав сите можни комбинации -+ и mute и stby ne raboti
-
дали користиш симетрично напојување + - и маса/ GND или како сакаш наречи го
пошто такво ти треба за напојувањето
провери дали стигнува воопшто некаков сигнал до интегралецот
-
до интергралното оди струја на излезот за звик оди 0.02v користам напојувајне од PC сијната зица ја користам -12 золта +12 а црна GND
-
Значи вака, Борис работи во консултации со мене, па работи со компјутерско напојување. Жолтата жица на +, сина на - и црна на маса(гнд). Диодата на влез за ко ќе работи појачалото вели дека свети, на 13 на интегралецот стигат нешто поќе од 12 волти, на излез од интегрално има 0,02 волти, шо значи не е изгорено. Е сеа најверојатно проблемот е во то муте и стенд бај (по моја логика) :)
-
на влез од итегралецот би требало да има некој сигнал од 1Vp-p
-
на влез од итегралецот би требало да има некој сигнал од 1Vp-p
Можи објаснување за ова? :)
-
1V peak to peak значи имаш потенцијал од 1V на синусен сигнал од еден до друг максимум (поточно од максимум до минимум на синусоидата), ова не мора да значи дека толку е за овај засилувач (влезниот напон), ама најчесто се движи од 0.8V до 2V, проверете во даташитот колкав е максималниот дозволен влезен напон, со кој реагира ова коло, кој е минимален кој максимален :)
-
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/25105/STMICROELECTRONICS/TDA7295.html
Вели од +/- 10 до +/- 40 волти работи, Борис го користи на +/-12в.
Јас се мислам и влезот грешно да не врзан :(
-
поврзете ги стендбај и муте копчето на 3.5V и видете дали така ќе работи, ама гледајте точно да е 3.5V (ок +-0.1V/0.3V не менуваат многу, ама вредноста де околу 3.5V)
влезен напон е +-10mV внимавајте, значи треба помал напон да има на влез
-
Ете Девил, така пробва Борис, ама на влез има 13mV, шо значи се поќе од 10mV. Koга ќе ја гибал 3,5мм џек со рака немало никаков звук (шуштење). A на мутето и стенд бајот носи 3,4 волти од пк напојување.
-
ама нека пушти музика, не да си игра со рака
нека намести на 3.5V тоа или 3.4V
нема гајле од 13mV, сега само уште да пушти музика и да види што се случува
-
Борис, смени го напојувањето, нема да ти брка работа тоа компјутерското, посебно не за -12 волти, струите се ептен мали. Ќе ставиш појако напојување, овај појачувач ти бара минимум ± 20 волти за добар старт.