Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: DX-er on 24.03.2010, Wednesday, 12:35:30
-
Не се разбирам во аудио појачала но би сакал да ве прашам вас поискусните дали може вака да функционира појачало во А класа ?
(http://pic.mk/thumbs/1269431011.jpg) (http://pic.mk/?v=1269431011.jpg)
-
од толку многу експерти по аудио појачала (и толку што ве видов присутни на форумот) зар никој не знае за појачало од А класа ?
-
што точно те интересира ?
дали ова чудото горе ќе работи или ?
-
Да, сакам да направам аудио појачало од А класа па ме интересира
Дали добро е поврзано и дали треба да се додаде/одземе некој дел ?
-
Хе, хе, со BC546 нема да извадиш многу снага ;), еве ти едно проверено појачало А класа
http://sound.westhost.com/project36.htm
-
Појачалото ќе работи како што го нацрта. На местото на отпорникот стави тример за да го подесиш напонот на колектор да биде половина од напонот на напојување. Значи вака со еден отпорник не е доволно стабилен (и квалитетен) аудио засилувачот и може да се користи само за помали напонски сигнали (отстапувања од средната точка).
-
Мислиш на отпорник меѓу колекторот и базата ? Еве јас ке го напојувам со 13,8V и тоа значи колку оми да биде отпорникот ?
А кондензаторот колку uF да биде?
И дали треба и на влез кондензатор како на излез?
-
Отпорникот зависи од употребениот транзистор. За да имаш пошироко подесување стави тример од 100К и подесувај. Треба кондензатор и на влез од барем 10uF a и на излез барем двојно.