Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 20:49:59

Title: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 20:49:59
На форумот има многу теми и шеми за регулирано напојување, една од нив е оваа
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.0)
Ме интересира од вие кои сте направиле регулирано напојување, како сте задоволни/незадоволни кои се предности и маани на истото.

Се разбира тоа регулирано напојување да нема еден тон делови туку да е едноставно ама добро.
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 21:03:07
Има доста шеми,ама пак зависи колку пари сакаш да фрлиш(колку пари толку музика ;D),од колку до колку ќе биде напонот/струјата,дали да има струјно/напонско ограничување...За кој како,пример ја имам сега едно од 1.2 до 36V пола пола е,хибридно ;D,напојувањето е SMPS,а регулаторот е стандарден LDO како овој LM317,до 1.2А е...Башка и трансформаторите се скапи,па кондензатори,ладилници,транзистори.Јас сакам ова на докторот да го правам,LordZi и менде што го имаат направено,гледам доста добро е,има струјна и напонска регулација од 0-30V 0-5А.Ти од колку до колку волти/струја сакаш да дава напојувањето?
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 21:06:07
0-30V 10A (10А ке постигнам со некој помоќен транзистор)
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 21:09:14
0-30V 10A (10А ке постигнам со некој помоќен транзистор)
Ова можеш со LM317 да го изведеш и неколку транзистори,еден нема да издржи,бар 3 комада...И трафо oд 300W.Напонот нема да биде баш од 0V,од 1.2V па нагоре ;D
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 21:18:27
0-30V 10A (10А ке постигнам со некој помоќен транзистор)
Ова можеш со LM317 да го изведеш и неколку транзистори,еден нема да издржи,бар 3 комада...И трафо oд 300W.Напонот нема да биде баш од 0V,од 1.2V па нагоре ;D
Зошто да не издржи? Ако ставам 2N3773 пример ?
За напонот не е проблем, и од 1,2 па нагоре не е никаков проблем.
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: SKOLS_OLD on 30.01.2012, Monday, 21:20:14
повеќе ти треба за напојување на ВФ техника?Дека 10Ампери е многу за дигитална електроника и аналогна.Воедно и за ВФ и за овие горе.
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: GigaWatt on 30.01.2012, Monday, 21:24:40
Таа од Др. Бора, LordZi што ја има направено е една од подобрите шеми ;). Плус, може да се модифицира да дава колкава сакаш излезна струја ;). Јас би ти препорачал таа да ја правиш ;).
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 21:32:10
0-30V 10A (10А ке постигнам со некој помоќен транзистор)
Ова можеш со LM317 да го изведеш и неколку транзистори,еден нема да издржи,бар 3 комада...И трафо oд 300W.Напонот нема да биде баш од 0V,од 1.2V па нагоре ;D
Зошто да не издржи? Ако ставам 2N3773 пример ?
За напонот не е проблем, и од 1,2 па нагоре не е никаков проблем.
Нема да издржи,ако пишува дека он е до 140V 16A,неговата моќност е 150W,значи 150W/30V=5А и тоа бајаги ќе грее дека на граница е,затоа се ставаат повеќе во паралела за поголема моќност,пример 3 такви би издржале 10А,2 се кнап...Башка ова е за оригинални транзистори,а кај ќе најдеш ти оригинал во македонија :D?Кај нас транзисторите нема ни третина од декларираната моќност да издржат ;D.(Вака мислам дека е,некој по искусен нека ме корегира ако сум утнал)

Eве даташит:
Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet2/b/0f582lg1l7hqtexofow7tsggc5cy.pdf
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 21:41:31
во право си, епа што да направам за 10A, ако ставам 3 такви транзистори ке ми треба огромно ладење за сите 3, а тоа е гломазно.
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: LordZi on 30.01.2012, Monday, 21:42:33
Што повеќе излезни транзистори, тоа подобро, за комотна работа на 10А барем 3 комада и тоа оригинали, извадени од некој уред, новите што се продаваат кај нас се ѓубре. А 10А без гломазно ладење ич не пробувај да направиш.
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 21:44:17
во право си, епа што да направам за 10A, ако ставам 3 такви транзистори ке ми треба огромно ладење за сите 3, а тоа е гломазно.
Tоа е,ќе бараат голем ладилник...Незнам со некои уште по моќни од овие,па 2 да ставиш,ама не ми паѓаат други на памет.Башка ова 3 оригинални,а кинески 10 комада ќе треба,тие кузне што имаат внатре во тоа куќиштето,некој BC547 :D
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: batka on 30.01.2012, Monday, 21:46:42
Ако ти се потребни многу ампери и голема јачина,прави го јако,а ако се занимаваш со аналогно-дигитална проблематика од 5А не ти треба поголема ампеража.Со секој ампер доаѓа нов проблем  ;D и - нови пари!! ;)
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: BOBAN on 30.01.2012, Monday, 21:47:23
Еве нешто појако :)
2 SC 2608
и некои замени на горенаведениот 2N3773:
BDX 50
MJ 15015
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 21:53:32
епа ако не да го правам за 150W (5А на 30V) мислам дека тоа би било доволно :)
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 21:58:12
епа ако не да го правам за 150W (5А на 30V) мислам дека тоа би било доволно :)
Доста е и толку,ако ти е за стандардни проекти,не за засилувачи и некој такви работи што влечат голема струја...Дури мислам дека и 30V 3A е доста,ама пак,твој избор е :)

P.S. еве еден транзистор од 300W ;D
Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/stmicroelectronics/5948.pdf
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која од сите шеми на форумот е најдобра ?
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 22:02:31
па да, за засилувач мислев... ама ајде ке издржи засилувач во Ц класа од 40-50W :)
Title: Одг: Ми треба шема за добро напојување, која
Post by: Bojan on 30.01.2012, Monday, 22:52:07
тоа до 10А многу е, освен ако немаш трафо со повеќе изводи па да се намалува напонот на секундар во зависност од колкав напон ти е на излез па да се намали дисипираната моќност. дека (пример) ако на излез имаш 12V, трафото ти е 24V, после филтрирањето ке имаш ~33V и струјата да ти е 10А, тогаш транзисторите ке дисипираат моќност од (33-12)*10=210W (ако грешам за формулава нека ме поправи некој) што би дошло по 70W по транзистор(ако ги имаш 3 транзистори) а 70W дисипирана моќност е МНОГУ и ке ти треба бајаги големо ладење. Предлогот од малечко ти е добар, не ти треба повеќе од 3А за некои помали проекти, најверојатно нема кола да палиш со тој стабилизатор. ако го правиш до 3А прави го со LM723 зашто има ограничување на максималната струја што се пресметува многу лесно (само еден отпорник треба да го пресметаш колкава му е вредноста) а и веќе ако го правиш до 3А и еден транзистор ти е доста, 2N3055 ке ти заврши работа и за ладење можеш да користиш ладилник од процесор и кулер, јас имам направено еден таков стабилизатор до 3А и на 12V транзисторот скоро ич не се загрева. арно ама има проблем што минималниот напон му е 3V.