Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: SKOLS_OLD on 18.01.2012, Wednesday, 13:51:56

Title: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: SKOLS_OLD on 18.01.2012, Wednesday, 13:51:56
Сакам да купам нов DVD режач,се поврзува преку SATA.Дали треба драјвери или пак некој софтвер да работи DVD режачот?Кога прашував во Анхоч,не прашав за оваа работа,па ако може да ми кажете. :D

Стариот го *кокнав*,чита само обични CD-ња,DVD-ња несака да чита,до ласерот е.
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: Malecko on 18.01.2012, Wednesday, 14:17:39
Види на тој стариот,штелни го ласерот,има на плочката два тримери,едниот е за DVD-а,а другиот е за CD-a...Е сега ќе треба да погодиш кој е кој :D ,а можеби и пишува...Тримерите се мислам за регулирање на струјата кон ласер диодите,види сврти ги малце тримерите и види дали ќе почне да чита.
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: stefanjanevski on 18.01.2012, Wednesday, 14:18:25
Сакам да купам нов DVD режач,се поврзува преку SATA.Дали треба драјвери или пак некој софтвер да работи DVD режачот?Кога прашував во Анхоч,не прашав за оваа работа,па ако може да ми кажете. :D

Стариот го *кокнав*,чита само обични CD-ња,DVD-ња несака да чита,до ласерот е.

Драјвери не треба, јас колку што знам, ќе го поврзеш на матичната и после одиш во биосот да го подесиш да се користи, драјвери не се потребни ;)
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: darkoj on 18.01.2012, Wednesday, 15:41:58
Не треба ништо да чепкаш само поврзи го со напојуванјето и со матичната и ке си шиба. Само зависи колку ти е старо напојувањето оти старите напојувања немаат сата излези па ке мораш да си купиш кабелчиња(не се скапи околу 50 ден се) за од обичен чек да го конертира во сата.
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: GigaWatt on 18.01.2012, Wednesday, 15:42:10
Драјвери не треба, јас колку што знам, ќе го поврзеш на матичната и после одиш во биосот да го подесиш да се користи, драјвери не се потребни ;)

Често не е потребно ни подесување во BIOS-от, само стави го на SATA порт. Ако нешто не го чита или не го јавува, тогаш ќе интервенираме ;).
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: donis92 on 18.01.2012, Wednesday, 15:55:29
нема потреба од драјвери, пошто исто како да приклучуваш нов хдд на сата, стави го и сигурно веќе имаш инсталирано виндоус хп или 7мица, така да ќе ти појави found new hardware и ќе се инсталира, после тоа можиш да го користиш без проблем :)
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: Steff_Maja on 18.01.2012, Wednesday, 20:16:24
On Topic

Не треба драјвери.

Off Topic

Quote
Види на тој стариот,штелни го ласерот,има на плочката два тримери,едниот е за DVD-а,а другиот е за CD-a...Е сега ќе треба да погодиш кој е кој  ,а можеби и пишува...Тримерите се мислам за регулирање на струјата кон ласер диодите,види сврти ги малце тримерите и види дали ќе почне да чита.

Ова важи и за системите, двд плеерите ? Што ако му појачам премногу, ќе изгори од повеќе струја ?
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: Malecko on 18.01.2012, Wednesday, 20:19:05
Off Topic
Quote
Види на тој стариот,штелни го ласерот,има на плочката два тримери,едниот е за DVD-а,а другиот е за CD-a...Е сега ќе треба да погодиш кој е кој  ,а можеби и пишува...Тримерите се мислам за регулирање на струјата кон ласер диодите,види сврти ги малце тримерите и види дали ќе почне да чита.
Ова важи и за системите, двд плеерите ? Што ако му појачам премногу, ќе изгори од повеќе струја ?
Да,мислам дека и за нив важи...Треба да провериш,но сигурен сум дека ќе има 1 или 2 такви тримери...Мислам дека можеш да го изгореш така,ако ептен му пуштиш струја,затоа по малце ќе треба.Појачуваш,го склопуваш ставаш CD-ќе видиш дали чита или не,ако не чита пак истата постапка,појачај-склопи-пробај :D ;D
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: GigaWatt on 18.01.2012, Wednesday, 20:28:18
Ова важи и за системите, двд плеерите ? Што ако му појачам премногу, ќе изгори од повеќе струја ?

Можно е да се случи, но се случува многу ретко, да не речам, скоро никогаш. Тие потенциометри кај различни модели на DVD-ROM-ови и општо оптички уреди за PC имаат различна функција. Начесто со нив се штелува дијапазонот на фокуси кои може да ги има леќата на ласерот (по некое време, ласерската леќа се заматува или запрашува, или се заматува приемнкот на ласерската информација, па потребно е да се подеси дијапазонот на фокуси да биде поголем за да може приемната фотодиода да ја прима со иста прецизност повратната информација од леќата, па затоа се прештелува овој потенциометар, но недостаток може да биде поголема потрошувачка на струја низ отклонските калеми на леќата, што може да доведе до горење на некој полупроводничка компонента, не се случува често, но имам видено да се случи). Но, некогаш, со нив се штелува и јачината на зракот. На пример, DVD режачите имаат два потенциометри. Некогаш едниот од нив е голбален и со него се штелува фокусот за двата ласери, а со другиот се штелува јачината на зракот за двата ласери. Некогаш со едниот од нив се штелува јачината на зракот за ласерот за CD, а со другиот јачината на зракот за ласерот за DVD, што значи дека нема потенциометар за штелување на дијапазонот на фокуси. Различни дизјани имаат различни опции. Како и да е, факт е дека оптичките уреди наменети за PC кои може да режат дискови најчесто имаат два потенциометри. Оние кои не можат да режат, ако е CD-ROM најчесто имаат само еден, ако е DVD-ROM имаат два (еден за ласерот за CD, друг за ласерот за DVD). Купечките DVD и CD плеери и системи, најчесто имаат само еден потенциометар, без разлика дали е DVD или обичен CD плеер, и со него се штелува или фокусот, или јачината на зракот (во зависност од тоа како го замислил дозајнот фирмата која го произвела). Во секој случај, крајната цел и на двата типови на штелување е да се постигне добро читање на DVD и CD дискови ;). Но, ова не значи дека CD или DVD плеерот ќе ви чита пиратски копии ако го штелувате ласерот (порано вака се лажеа некои луѓе ::)). Ако вашето Sony SP не чита оригинали, треба да се чипува, а не да му се штелува ласерот ;).
Title: Одг: Потребни ли се драјвери за нов DVD режач?
Post by: batka on 20.01.2012, Friday, 00:05:51
Сакам да купам нов DVD режач,се поврзува преку SATA.Дали треба драјвери или пак некој софтвер да работи DVD режачот?Кога прашував во Анхоч,не прашав за оваа работа,па ако може да ми кажете. :D

Стариот го *кокнав*,чита само обични CD-ња,DVD-ња несака да чита,до ласерот е.


Пиши на Гугл * firmware for xxx точен модел на режачот ххх * и малку поднови го режачот.Можеби се ке чита тогаш!