Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: banjifiko on 15.01.2012, Sunday, 18:22:12

Title: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: banjifiko on 15.01.2012, Sunday, 18:22:12
Имам потреба од TDA9351PS/N3/3 или комплетна шасија CY-PH2529PD (може и некоја слична) за ТВ  Vivax 2949-PF.
Телевизорот имаше пред едно 3-4 месеци проблем со вертикала, за кој истотака пишував на форумов и добив некои полезни насочувања. Но по се изгледа дека тоа не било единствениот проблем, бидејќи пред недела дена почна повторно да ја собира сликата. По замената на еден кондензатор се среди сликата, но веднаш потоа престана да стартува, т.е во рок од половина час, прво откажа далечинското, потоа не стартуваше и на крај престана да свети диоадата за standby.
Следеше интервенција на стручно лице, и едно пет часа испитување, и заклучок - сите потребни напони постојат и доаѓаат до TDA9351, така да најверојатно се работи за дефект на интегралецот.
Ми треба совет како и каде да го нарачам делот или евентулано некоја компактибилна шасија. Отворен сум и за други поконкретни понуди за решавање на случајов. Би сакал да го средам иако не е некој бренд бидејќи е само неполни 4 години стар и се уште има добра слика.

Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: GigaWatt on 15.01.2012, Sunday, 18:34:11
Ми треба совет како и каде да го нарачам делот или евентулано некоја компактибилна шасија. Отворен сум и за други поконкретни понуди за решавање на случајов. Би сакал да го средам иако не е некој бренд бидејќи е само неполни 4 години стар и се уште има добра слика.

Ако е навистина неисправен процесорот, треба да најдеш ист таков од иста таква шасија бидејќи софверот кој е запишан во него одговара само за таа шасија, иако и други шасии го имаат овој интералец (на пример, Fuego, Neo, сите тие шасии се Кинески „универзални“ шасии, позната ми е шасијата, се става во голем број кинески измислени брендови, Magnum, Fuego, Neo, Quart, итн., дури и реномирани брендови некогаш ги стваат, ако ги „мрзи“ да дизајнираат цела нова шасија). Интегралец од ваква иста шасија ќе успееш да најдеш само во овластен сервис за овие телевизори или евентуално на бувљакот. На друго место не верувам дека ќе најдеш. Вр база на симптомите што ги опиша, дефинитивно и јас би се обложил дека процесорот е неисправен, а зошто се расипал, е и тоа треба да се испита, бидејќи може да се случи ситуацијата „ставам нов процесор, пак ми изгоре“. Бидејќи тоа најчесто не може да се испита без да се стави нов процесор, јас барем, не би ризикувал и би ја заменил целата шасија, односно, би ставил „нов телевизор“ во тоа куќиште со екран ;D.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: batka on 15.01.2012, Sunday, 19:33:24
Јас лично би размислил дали да вложувам во таков ТВ ,бидејки за кратко време сите телевизии полека ке преминат на дигитална програма.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: GigaWatt on 15.01.2012, Sunday, 19:39:32
Без разлика, јас би се потрудил да најдам таква иста шасија, не премногу, но би се потрудил. Ако не најдам, тоа е тоа, оди во фурдата шасијата и крај ;D.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: banjifiko on 15.01.2012, Sunday, 20:16:03
Без разлика, јас би се потрудил да најдам таква иста шасија, не премногу, но би се потрудил. Ако не најдам, тоа е тоа, оди во фурдата шасијата и крај ;D.

Се сложувам со тебе, поисплатливо е да најдам шасија, но како би можел да знам дека се компактибилни, според процесорот? Има ли некоја референтна листа или нешто слично?
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: Devil on 15.01.2012, Sunday, 20:53:36
ќе бараш од ист таков телевизор :)
само не верувам дека ќе поминеш ефтино
него тој интегралецот го има за 20-30$ на нет, ама дали ќе одговара е прашање
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: GigaWatt on 15.01.2012, Sunday, 21:04:43
Се сложувам со тебе, поисплатливо е да најдам шасија, но како би можел да знам дека се компактибилни, според процесорот? Има ли некоја референтна листа или нешто слично?

Ќе ја видиш шасијата, физички, на „абе ќе фати“ муабет не верувај, ако е иста со твојата, значи дека најверојатно ќе фати ;). Можно е малку да се разликува менито или нешто друго, ама најверојатно ќе работи ;). Значи само тоа ќе пазиш, да биде иста како твоата. Бидејќи имам видено преку 5 или 6 различни верзии на истава шасија и не се фаќаат „секоја на секоја“, затоа ;).

ќе бараш од ист таков телевизор :)

Е, баш така ;).

него тој интегралецот го има за 20-30$ на нет, ама дали ќе одговара е прашање

Нема да се фати, 100% сум сигурен во ова. Не дека „нема да се фати“, туку тој процесор ќе биде празен, а овие процесори се полни со софтверот за контрола на телевизорот. Тие софтвери се сите многу слични едни на други, но сепак се разликуваат и не се фаќаат еден на друг. Во најдобар случај, ќе се фати, но ќе имаш проблеми со некои работи, растер, калибрациони бити, вредности на регистрите за конфигурирање на тјунерот, итн. Затоа и реков дека нема да одговара било кој процесор од било кој телевизор, дури и да ги има истите ознаки. Софтверот во него нема да е ист, така да, нема да функционира како што треба или воопшто нема да функционира. А ако купиш нов, тој ќе биде празен, непрограмиран, а начин да го извадиш софтерот од стариот нема, дури и да беше исправен (има начини за определени типови на процесори за ТВ приемници, но се премногу комплицирани и најчесто не се исплатат, треба да му наплатиш на муштеријата X2 од цената на телевизорот на ново, така да, нема поента).

Најдобра опција е тоа што ти го кажа Devil, најди иста шасија од ист таков модел и пробај да ја купиш, ако знаеш дека шасијата има некој друг проблем, пробај среди го проблемот. Не би преопрачал одлемување на процесорот од „новата“ на „старата“ шасија бидејќи ми се има случено да изгорам процесор при одлемување со обичен леткум. Ако имаш SMD лемна станица, можеш да пробаш со неа ;). Ако немаш и ако мораш да го одлемуваш, задолжително користи алка за заштита од статички електрицитет ;).
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: batka on 16.01.2012, Monday, 15:59:15
Најдобро е да најдеш некој овластен сервис за Вивакс и да одиш таму на лице место да се разбереш,можеби имаат нешто половно или ново.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: filipmkd on 16.01.2012, Monday, 19:13:07
Имам јас исправен TDA9351PS/N3/3/1997 ама мислам дека не е до него проблемот

Споено мислење: 16.01.2012, Monday, 19:14:57
Најдобро е да најдеш некој овластен сервис за Вивакс и да одиш таму на лице место да се разбереш,можеби имаат нешто половно или ново.

Gigawatt софтверот на телевизорот е во епромот не е во процесорот така да ке се фати процесорот
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: GigaWatt on 16.01.2012, Monday, 20:05:13
Gigawatt софтверот на телевизорот е во епромот не е во процесорот така да ке се фати процесорот

Не мора да значи. Ми се случило да извадам процесор и да ставам нов, со нов испрограмиран EEPROM и да не работи TB-то, иако сум 100% сигурен дека е изгорен процесорот (не осцилира кристалот, на осцилоскоп видов). Кај новиот процесор, осцилираше кристалот, ама џабе, не разменува ништо со EEPROM-от и не се ни пали ТВ-то. Е потоа прочитав некаде online дека кај некои процесори директно им се запишувал софтверот во нив, а EEPROM-от се користи за меморирање на канали, калибрациони бити за тјунер и некои останати ситни работи.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: banjifiko on 16.01.2012, Monday, 21:48:29
Јас сум за секоја полезна идеја... Овластен сервис за Vivax е Паком, некаде кај Фершпед. Но по телефон ми звучеа некако баш како да не им се  пипаат веќе CRT телевизори.
Ако има на форумоив некој да го работи ова од професионална гледна точка, да се договориме за сервис, услови, цена  и слично.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: DX-er on 16.01.2012, Monday, 21:57:48
Тешко да најдеш таков интегралец, освен од стара плоча или да го порачаш од фабрика.
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: GigaWatt on 16.01.2012, Monday, 23:12:53
Јас сум за секоја полезна идеја... Овластен сервис за Vivax е Паком, некаде кај Фершпед. Но по телефон ми звучеа некако баш како да не им се  пипаат веќе CRT телевизори.
Ако има на форумоив некој да го работи ова од професионална гледна точка, да се договориме за сервис, услови, цена  и слично.

Имам јас исправен TDA9351PS/N3/3/1997 ама мислам дека не е до него проблемот

Епа еве, човекот се понуди, пробај, може и да грешам за овој процесор, но знам дека конкретно тој што го менував беше TDA серија произведен од Philips, но мислам дека не беше овој. Помалку пинови имаше колку што ми текнува, овој има многу пинови (од оние Small DIP куќишта е, или Slim DIP, како и да се викаат).
Title: Одг: Купувам TDA9351PS/N3/3 или ТВ шасија CY-PH2529PD
Post by: banjifiko on 17.01.2012, Tuesday, 23:45:39
Имам јас исправен TDA9351PS/N3/3/1997 ама мислам дека не е до него проблемот

Ти пишав и ПП. Да се договориме за сервис, ако е можно.  :(