Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 14.03.2010, Sunday, 02:41:00
-
Ова е многу едноставен детектор на статички електрицитет, можете да ја тестирате неговата работа со чешел или да го носите блиску до ТВ приемник.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=753.0;attach=12509)
Распоредот на изводите на транзисторот BF245 е следен:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=753.0;attach=12511)
-
Lol супер работа е ова! Го имаш направено? Колку треба да е долга антената за да функционира најдобро?
-
Го имам направено и работи, наместо LED може да се стави некој малечок релеј и може да прекинува/вклучува некое коло. Од антената зависи осетливоста, со 5см е осетливо на 20см а со антена од 30см веќе осеќа низ цела соба.
-
а да прашам...за што би можело ова да се користи???
-
Хммм.... повеќе намени има. На пример кога се работи со електроника или компјутери опасно е доколку сме наелектризирани така да овој уред може да ни сигнализира дека не сме „испразнети“ што може да се направи доколку се допреме на заземјување (парно, водовод). Друго, може да се користи за испитување на работата на јонизаторите (сега поголем број на клими имаат вграден јонизатор). Трето, склопот реагира и на зголемување на потенцијалот во воздухот својствено пред да удри гром, што значи со модификација на колото и поставување на убаво место може да се направи некој релеј на пример да ви го исклучи телевизорот пред да удри гром. И на крајот е интересно што може да се направи склоп што работи а има само 2 елементи.
-
Само добро би било да не е на батерија на 9v,да биде на напојуванје мало некое од 220V на 9V исфилтрирана, бидејки ако би се испразнила батеријата под 7V нема да реагира релето,и како што е дадено на шемата на лед диодата вака му идат 3V,ако би било реле на 3V нема да реаги ра т.е вклучува.
Споено мислење: 17.03.2010, Wednesday, 16:09:53
Ќе треба реле од 3,3V зависно од напонот.
-
1.дали чудово работа на 5V
2.Дали ако допрам сопрст на антената ќе се активира, не мора да дава на D 3V може и помалку не е проблем тоа :)
планирам да го преуредам за некој сензори на допир :)
-
1.дали чудово работа на 5V
2.Дали ако допрам сопрст на антената ќе се активира, не мора да дава на D 3V може и помалку не е проблем тоа :)
планирам да го преуредам за некој сензори на допир :)
Па ваљда зависи од LED диодата што ја користиш, колкав пад на напон ќе направи она ;).
-
Jaс ова го направив пред некое време и не работи т.е нон стоп свети лед диодата...Го напојувам со исправувач на 9в и антената е негде 5-6цм...
-
гига види, нема јас да користам лед, без неа планирам да го возам :)
мали ти зрачиш цело време така да не е ни чудно што светела лед диодата, се озрачи со тоа теслините и со сплит трафата (...мајтап ова не сфаќај озбилно...)
-
мали ти зрачиш цело време така да не е ни чудно што светела лед диодата, се озрачи со тоа теслините и со сплит трафата (...мајтап ова не сфаќај озбилно...)
Aхахахахахахахах ама ме насмеа хахахахахаха ;D ;D ;D ;D,ништо чудно :D ;D :D ;D :D
-
Истата шема преправете ја со пет обични ВС547 во дарлингтон спој место еден фет.Ке биде мнооогу поосетлива. И за инфо на еден колега што праша: појачувањето кај дарлингтоновиот спој се рачуна кога ке се помножат појачувањата на секој транзистор посебно.Појачувањето е навистина инпресивно ,но навистина е така.Значи,не да се собираат,ами се множат појачувањата на секој транзистор!!!
-
гига види, нема јас да користам лед, без неа планирам да го возам :)
Епа тогаш поентата е донесеш доволно електрицитет колку да се отвори каналот на FET-от ;). Можеш да пробуваш со врзан волметар меѓу дрејнот и минусот од напојувањето ;).
-
fetovi moze da izvadete od mikrofonza mobilen ili slicnofet ima visoka vlezna otpornost sto nikogas nemoze da go dade BC tranzistorite toa e vsusnost elektrometer so fetot porano istoto se pravese so edna cevka trioda,go zamenuva elektroskopotot so livcinja,se nadevam giima uste vo sobite za fizika
-
Истата шема преправете ја со пет обични ВС547 во дарлингтон спој место еден фет.Ке биде мнооогу поосетлива. И за инфо на еден колега што праша: појачувањето кај дарлингтоновиот спој се рачуна кога ке се помножат појачувањата на секој транзистор посебно.Појачувањето е навистина инпресивно ,но навистина е така.Значи,не да се собираат,ами се множат појачувањата на секој транзистор!!!
Батка еве една таква шема
(http://freecircuitdiagram.com/wp-content/uploads/2010/06/6-MILLION-GAIN.gif)
-
Да ,така нешто Малечко , стави уште два транзистори со отпори од 100 К во колектор и ке биде уште појако!
-
Сам си се цитирам :D
Истата шема преправете ја со пет обични ВС547 во дарлингтон спој место еден фет.Ке биде мнооогу поосетлива. И за инфо на еден колега што праша: појачувањето кај дарлингтоновиот спој се рачуна кога ке се помножат појачувањата на секој транзистор посебно.Појачувањето е навистина инпресивно ,но навистина е така.Значи,не да се собираат,ами се множат појачувањата на секој транзистор!!!
Батка еве една таква шема
(http://freecircuitdiagram.com/wp-content/uploads/2010/06/6-MILLION-GAIN.gif)
Само што го направив колово,и супер е,добро детектира,најдобро на телевизор ;D ;D.Деловите по дома ги имав,а и ме изненади колку е сензитивно на електрицитет,на 2-3 сантима од ѕид и одма детектира кабли,супер е ;D ;D.Тоа што е антената,ставив само обична жица негде 3-4цм :)
-
Направи фотка од склопот
-
а со батерија од 9в ке биде поосетлив или тоа не му менува ништо ?
-
najosetliv e so FET bidejki toj ima visoka vnatresna vlezna otpornost sto e i najvazno
-
Мислам тоа беше поентава на колово да се направи склоп што функционира со минимален број компоненти :)
-
so FET imas najmalku delovi
-
а со батерија од 9в ке биде поосетлив или тоа не му менува ништо ?
Јас го напојувам со 9в батерија,а пробав и на извор,на 6в,ништо различно освен што свети лед диодата повеќе :D :D.
Мислам тоа беше поентава на колово да се направи склоп што функционира со минимален број компоненти :)
so FET imas najmalku delovi
Мене таа шемата од првиот пост,на борче не ми проработе,а нови беа деловите,се добро,нема утка и не проработе...
-
fet e osetliv na staticki elektricitet i lesno gori ,probaj so fet od mikrofon toj ima zastitna dioda
-
Малку е стара темава ама бидејки ја направив шемава па да напишам збор-два. Кога ке поврзам на батерија, цело време свети LE диодата иако на на G од транзисторот немам прикачено никаква антена. Шетав низ повеке места за да случајно не испадне дека баш каде што сум пробал имало многу електрицитет па реагирало и со онаа мала ногарка од транзисторот.
-
Еве ја и сликата
-
Да, тој детектор што го имаш на сликата работи и го имам направено, но овој што го цитирав не работи.
-
Промени го полот на батеријата и смерот на диодата! Вака на D иде - пол,а на S- + пол на батеријата! ЛЕД е обратно врзана!!
Споено мислење: 14.01.2012, Saturday, 02:28:20
Не е лошо и на гејтот да залемиш парче бакарна жица ,долга десетина сантиметри.