Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: donis92 on 26.12.2011, Monday, 22:00:21

Title: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: donis92 on 26.12.2011, Monday, 22:00:21
(http://pic.mk/images/8GldA.jpg)

Искористете ја запалката во автомобилот како усб штек. Ова коло е претворање од 12V DC извор од автомобил од приклучокот од опаљачот да стане USB штек со 5V DC излез. Ова коло може да се користи за напојување електронски уреди до 5V DC или надополнување на батерија на полнење преку USB порта ..
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: ivica.s on 26.12.2011, Monday, 22:09:29
Фина работа, само што за поголеми струи ќе треба на LM317 да се стави ладилник.
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: donis92 on 26.12.2011, Monday, 22:13:31
епа назначено е за што му е намената, за уреди до 5v DC или полнење на батеријата на телефонот така да не ти треба ладник,евентуално некое парченце 1на1цм заради сигурност. :)
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: Bojan on 26.12.2011, Monday, 22:45:24
со 7805 не ли би било поедноставно да се направи... да се исфрли LM317 и двата отпорника после него и ке добиеш иста работа само поедноставно ке биде...
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: donis92 on 26.12.2011, Monday, 22:48:50
па не е некоја комплицирана и скапа шема, инаку зошто да НЕ! што викаат браќата срби А ШТА НЕ БИ МОГЛО!!
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: batka on 27.12.2011, Tuesday, 08:33:15
Онаа диода 5,6 V подобро да се исфрли,оти ако се стави 1А потрошувач не верувам да издржи.И што вели Бојан- подобро е 7805 да се стави.Друго за некои уреди ,кои директно се полнат треба да се даде и некаков преднапон на другите два пина на УСБ то.На шемата ИК заменете го со 7805 лободно,а место 6V ставете 12 V.
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: Djpes on 27.12.2011, Tuesday, 10:55:23
Онаа диода 5,6 V подобро да се исфрли,оти ако се стави 1А потрошувач не верувам да издржи.И што вели Бојан- подобро е 7805 да се стави.Друго за некои уреди ,кои директно се полнат треба да се даде и некаков преднапон на другите два пина на УСБ то.На шемата ИК заменете го со 7805 лободно,а место 6V ставете 12 V.


На шемата влезот на 12 волти треба или 6 волти
Title: Одг: Запалката во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: SaleSk on 27.12.2011, Tuesday, 13:29:07
99% од уредите кои се вклучуваат на УСБ порти работат на 5 волти и максимално може да повлечат 500 милиампери струја, освен екстерни хард дискови, кој не верувам дека некој ке ги уклучува на штек од упаљач во кола...Така да ја не би ја одстранил никако зенерката.
Телефоните кои се пунат преку УСВ исто така не влечат многу струја, најчесто тоа е околу 350 милиампери, така да и без ладилник се би требало да функционира без никаков проблем.  ;)
Title: Одг: Запалката во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: donis92 on 27.12.2011, Tuesday, 14:17:41
и јас не би мењал ништо. зошто како што викаш оваа шема е наменета за мобилни телефони и евентуално мп3 уреди кој се полнат преку усб :) :)
Title: Одг: Опаљачот во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: batka on 27.12.2011, Tuesday, 14:36:25
Онаа диода 5,6 V подобро да се исфрли,оти ако се стави 1А потрошувач не верувам да издржи.И што вели Бојан- подобро е 7805 да се стави.Друго за некои уреди ,кои директно се полнат треба да се даде и некаков преднапон на другите два пина на УСБ то.На шемата ИК заменете го со 7805 лободно,а место 6V ставете 12 V.


На шемата влезот на 12 волти треба или 6 волти

стави 12 В без проблем,а ако го немаш колото тогаш 7805 на мал ладилник и тоа е се.
Title: Одг: Запалката во автомобил како усб штек со ЛМ317
Post by: DX-er on 27.12.2011, Tuesday, 15:00:38
абе каков е тој збор Опаљачот ? Зар вака комуницирате ? Користете Македонски зборови како Запалка. Ако не сакате пишете на српски: Упаљач... ама  Опаљачот стварно нема никакво значење.

Околу темата, ова што го пиша Батка е наједноставно, најевтино и најбрзо се изведува а шемата од првиот пост не верувам да има некаква предност над 7805
Title: Одг: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: GigaWatt on 27.12.2011, Tuesday, 15:09:36
99% од уредите кои се вклучуваат на УСБ порти работат на 5 волти и максимално може да повлечат 500 милиампери струја, освен екстерни хард дискови, кој не верувам дека некој ке ги уклучува на штек од упаљач во кола...Така да ја не би ја одстранил никако зенерката.

Зенер диодата е ставена за заштита од пренапон, да не случано откаже стабилизаторот. И јас не би ја елминирал од колото ;).
Title: Одг: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: Djpes on 27.12.2011, Tuesday, 19:08:33
Сега мене пак не ми е јасно ко ке му пуштам на влез 12волти како ке добијам на излез 5волти ?
Title: Одг: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: SKOLS_OLD on 27.12.2011, Tuesday, 19:18:40
Сега мене пак не ми е јасно ко ке му пуштам на влез 12волти како ке добијам на излез 5волти ?
па со помош на таа шемата,односно со тој стабилизаторот што е.
Title: Одг: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: batka on 28.12.2011, Wednesday, 07:56:53
99% од уредите кои се вклучуваат на УСБ порти работат на 5 волти и максимално може да повлечат 500 милиампери струја, освен екстерни хард дискови, кој не верувам дека некој ке ги уклучува на штек од упаљач во кола...Така да ја не би ја одстранил никако зенерката.

Зенер диодата е ставена за заштита од пренапон, да не случано откаже стабилизаторот. И јас не би ја елминирал од колото ;).

Ако откаже стабилизаторот ,зенерката нема да заштити ништо.Стабилизаторот може да пукне ако го врзе на 220V ,Во ова коло зенерката треба да биде 2W па да биде заштита.Вака само проблеми може да прави  и ако дојде во краток спој да го изгори таа стабилизаторот.
Title: Одг: Запалката во автомобил како USB штек со LM317
Post by: GigaWatt on 28.12.2011, Wednesday, 11:12:10
Ако откаже стабилизаторот ,зенерката нема да заштити ништо.Стабилизаторот може да пукне ако го врзе на 220V ,Во ова коло зенерката треба да биде 2W па да биде заштита.Вака само проблеми може да прави  и ако дојде во краток спој да го изгори таа стабилизаторот.

Па да, поентата беше да биде малку помоќна ;).