Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: triology on 07.12.2011, Wednesday, 13:33:50

Title: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: triology on 07.12.2011, Wednesday, 13:33:50
Ги имам шемите на дадените проекти, воедно имам и некој слики како треба да изгледа плочката , па би сакал да ги изработам во неколку примероци.Благодарам Однапред
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: Malecko on 07.12.2011, Wednesday, 14:16:51
Дај постави ги шемите,ако не се многу сложени ќе ти помогнеме...
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: LordZi on 07.12.2011, Wednesday, 14:18:17
Тоа што сакаш да го правиш е студиска опрема, плус се работи за мали сигнали, има многу замки на кои може да паднеш (распоред, вкрстување водови, распоред на масите...), размисли дали ќе ти е поефтино да нарачаш бар една плочка и после да ја клонираш.
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: batka on 07.12.2011, Wednesday, 14:39:48
Сум видел правена и сум правел таква опрема,ама студиска *home made *опрема не бидува на ова ниска цена на готовата опрема.Ако сакаш аматерски да се занимаваш тоа е ОК,ама за поозбилна работа не ни помислувај.Пред се што сам не знаеш ништо околу електрониката,а и мерењето ,подесувањето се макотрпна работа.Плус тоа фабрички направената опрема користи многу подобри,поквалитетни и пред се брендирани делови,кои на пазарот во КИТ-форма не се преодаваат.Ако некој го тврди спротивното дебело се лаже.
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: triology on 07.12.2011, Wednesday, 16:58:51
би сакал некој да ми помогне околу создавањето на плочките,а тоа околу собирање на самите компоненти и квалитетот на компоненти ке одлучам јас.На пазарот моментално има излезни и влезни трансформатори кои што ги користат НАЈГОЛЕМИТЕ фирми кои конструираат аудио опрема.Carnhill ,Sowter, Edcor итн...се клонови на некогашните аудио излезни и влезни трансформатори кои што се користеле и се користат во најквалитетната опрема на пазарот.Сепак да се вратиме на темата, дали би било возможно да се направи некоја плочка, и дали сигурно е возможно ако имам еден примерок од истата?Благодарам однапред.
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: GigaWatt on 07.12.2011, Wednesday, 17:04:00
Имаш ли монтажни шеми од нив?
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: stefanjanevski on 07.12.2011, Wednesday, 17:22:20
Значи тој нема ништо, има само елктрична шема во три дела и од неа треба да се нацрта таа една плочка :)
Title: Одг: Барам некој компетенен кој би можел да ми изработи плочки
Post by: GigaWatt on 07.12.2011, Wednesday, 17:54:26
Значи тој нема ништо, има само елктрична шема во три дела и од неа треба да се нацрта таа една плочка :)

Од готовите плочки може да се реконструира повтроно ППК-то, дури и од монтажна шема. Ама ако нема ништо од нив, ќе треба да се прават целосно нови плочки, а тоа и не е баш така лесен процес, особено ако имаат многу компоненти. Кај студиска опрема и те како треба да се пази на распоред на компоненти, големина на ППК, дизајн на ППК, итн.