Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: at.koce on 21.11.2011, Monday, 10:52:35

Title: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 21.11.2011, Monday, 10:52:35
Како што кажав во насловот компјутерот не сака да го вклучи мониторот. Работев на компјутерот и наеднаш се блокира, пробав да го рестартирам од копче, не сакаше па го исклучив од копче. Кога го исклучива зелената лед светеше многу малку! Па го исклучив од струја. Пробав пак да го вклучам „по звук“ се си работеше ама мониторот не се пушташе. Обелешаните делови на сликата загреваат многу, до степен да не можеш да ги дипреш, поготово мосфетот кој загрева премногу брзо (за 2-3 секунди не може да се допре). Сменив и графичка,(и на АГП и на ПЦИ слод) и пак ништо. Ве молам за помош  :)
(http://pic.mk/images/H2NcV.jpg)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: Malecko on 21.11.2011, Monday, 11:02:48
Случајно да не е overclock-уван процесорот?Кога ќе го уклучиш компјутерот колку пати титка бузерот?
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: ShAdOw on 21.11.2011, Monday, 11:12:17
Види прво испитај го напојувањето, земи унимер и мери напони, веројатно знаеш која жица кој напон го дава и како се вклучува напојувањето надвор од компјутерот, а ако не знаеш еве помош од мене ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=7086.0;attach=7048)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 21.11.2011, Monday, 11:35:50
Случајно да не е overclock-уван процесорот?Кога ќе го уклучиш компјутерот колку пати титка бузерот?
Ништо не е чепкано, иначе бузерот кој знае од кога е исклучен така да ич не титка  ;D
Quote
Види прво испитај го напојувањето, земи унимер и мери напони, веројатно знаеш која жица кој напон го дава и како се вклучува напојувањето надвор од компјутерот, а ако не знаеш еве помош од мене .
Напојувањето е ок  :)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: Malecko on 21.11.2011, Monday, 11:58:07

Епа уклучи го ;D,обично по титкањето на бузерот ќе дознаеш што ти е расипано има кодови на нет...
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: donis92 on 21.11.2011, Monday, 12:15:46
а помисли ли некој на плочатата? пошто навремето играв неед фор спид ундергорунд 1 и го ставив на пауза после некое време се враќам се беше замрзнато, пробав да рестартирам само си брчеше ни монитор да уклуче ни ништо пробував со други процесори со други графички други рамови на сервис беше носен, и увидоа дека е плочата, после некоа година а пробав истата плоча и си работеше ;D ;D ;D
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 21.11.2011, Monday, 13:58:25
Напојувањето е ок  :)

Си го мерел ли како што кажа ShAdOw?

Епа уклучи го ;D,обично по титкањето на бузерот ќе дознаеш што ти е расипано има кодови на нет...

Добар совет, приклучи си го и ќе знаеме подетално што може да биде врз база на титкањето или нетиткањето на buzzer-от ;).
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 21.11.2011, Monday, 14:17:21
Да да го измерив. Иначе бузерот се приклучува таму каде што пишува speaker? (има нешто вреска плус/минус?)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: go4o on 21.11.2011, Monday, 15:24:51
и јас пред некое време се соочив со ова не ми се палеше мониторот. види на плочата каде што ти е укл мониторот да не има пукнато некој кондензатор кај мене 2 кондензатори на плочата беа пукнати ги сменив па сеа немам мака видено  ;)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: dejanpetrus on 21.11.2011, Monday, 15:36:47
и јас пред некое време се соочив со ова не ми се палеше мониторот. види на плочата каде што ти е укл мониторот да не има пукнато некој кондензатор кај мене 2 кондензатори на плочата беа пукнати ги сменив па сеа немам мака видено  ;)

како ги смени со обичен леткум одлеми залеми или со оние лемни станици професионални
имам и јас една со испукан кондензатор па дали може да се смени со обичен леткум
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 21.11.2011, Monday, 15:56:00
Јас со обичен леткум ги менувам  ;D Иначе нема пробиени кондензатори
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 21.11.2011, Monday, 16:01:30
Да да го измерив. Иначе бузерот се приклучува таму каде што пишува speaker? (има нешто вреска плус/минус?)

Ако ти е обичен buzzer, да, има врска, ако е звучниче (малечко, од оние од 4 или 8 оми), не, нема верска ;). Ама најчесто на плочата е означено, SPK или SPKR и означено кој терминал е плус, а кој е минус ;).

како ги смени со обичен леткум одлеми залеми или со оние лемни станици професионални
имам и јас една со испукан кондензатор па дали може да се смени со обичен леткум

Па јас иако имам лемна станица на топол воздух, најчесто ги менувам со обичен леткум... добро, лемна станица. Е сега да, за вакви работи препорачливо е да имаш лемна станица поради прецизна контрола на температурата ;). Негативните пинови обично бараат многу поголема температура бидејќи се врзани за глобалната маса преку тој пин (а таа е огромна ;D, доста бакар има на неа ;D, глобална маса е), па затоа е препорачливо да имаш лемна станица ;), плус, лемните станици работат на низок напон и се заземјени преку масата на каблеот, така да, опасноста од статички електрицитет или висок напон е доста намалена ;).
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: dejanpetrus on 21.11.2011, Monday, 16:04:45
имам слушнато дека матичните се трослојни. па затоа прашав дали би имало проблеми со обичното лемење. фала
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 21.11.2011, Monday, 16:08:38
имам слушнато дека матичните се трослојни. па затоа прашав дали би имало проблеми со обичното лемење. фала

Најчесто нема проблеми, но пази да не ги оштетиш лемните точки во кои се поставуваат кондензаторите ;). Затоа е препорачливо да се има лемна станица со температурна регулација ;).
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: SaleSk on 21.11.2011, Monday, 17:42:41
Извади ја батеријата и ресетирај го биосот ....
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: batka on 21.11.2011, Monday, 17:58:37
Јас за секој случај би пробал со сосема ново напојување!! Тоа што си мерел не мора ништо да значи.Исто и смени друг РАМ ако имаш,или бар постоечкиот малку протриј го со станиол ( од чоколада) :D
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 22.11.2011, Tuesday, 10:24:59
Кога ке набавам ново напојување ќе пробам  :) Има уште нешто.. напојувањето е исклучено од струја, го приклучувам на матичната и на нард дискот, го приклучувам во струја и без да го стиснам копчето за да се вклучи комп. самиот се вклучува..
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: Steff_Maja on 22.11.2011, Tuesday, 12:08:53
Тоа последното што праша нема врска. Така ти е подесено во БИОС и не треба да му се замараш.
А го послуша ли SaleSK ? Направи ли reset ?
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: maci on 22.11.2011, Tuesday, 13:56:47
ако напојувањето е ок како што викаш,големи се шансите да е отидена матичната.
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: donis92 on 22.11.2011, Tuesday, 15:04:22
матичната е отидена 100%,од  што може да ги прави тиа глупости да грее чипсетот до степен да неможе да се чепне со рака??? од напојувањето, тоа е од матичната дотрајала
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: DX-er on 22.11.2011, Tuesday, 15:08:16
канта. барај нова матична
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 22.11.2011, Tuesday, 15:48:33
матичната е отидена 100%,од  што може да ги прави тиа глупости да грее чипсетот до степен да неможе да се чепне со рака??? од напојувањето, тоа е од матичната дотрајала

Не мора да значи, се случува chipset-ови да греат и поради старост, претпоставувам дека BGA контактите им се малку „разлабавени“, па поради тоа почнуваат да греат (обично се случува на матични плочи со onboard AGP, најчесто Intel-ов), но тоа може да се среди со едно кулерче на chipset-от ;).

Кога ке набавам ново напојување ќе пробам  :) Има уште нешто.. напојувањето е исклучено од струја, го приклучувам на матичната и на нард дискот, го приклучувам во струја и без да го стиснам копчето за да се вклучи комп. самиот се вклучува..

Штом вака реагира матичната, би требало да е исправанa ;). Значи дека работат подесувањата во BIOS-от ;). Пробај со друго напојување, би требало да проработи ;). Ако проработи, оди во Hardware Monitor опцијата во BIOS-от, напонот од 3.3V дали е ОК, смее да е паднат до кај 3.1V максимум, но не смее да биде подолу од тоа ;). Исто, напонот од 5V не треба да има помала вредност од 4.7V и напонот од 12V не треба да биде понизок од 11.5V.
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: batka on 22.11.2011, Tuesday, 15:55:00
Таман  сакав да го пишам истово,Гига ми ги зема зборовите * од уста* ;D ;D  Имаш веројатно  во напојувањето,на матичната,некој елемент - најчесто кондензатор или мос фет на кој паѓаат оние 3,3 или 5V .Ако знаеш како ,мери ги напоните од фет до фет и ке видиш каде паѓа.Можеби треба само со дувалка да се поминат овие елементи,а потоа да се проба .И јас би ги сменил сите електролити во таа гранка.Набави ЕСР метар и пробај со него,ке се зачудиш што ке најдеш кај кондензаторите ( издувани,со половина капацитет или краток спој ).Значи не мора да се подуени! Но,ова е последна мерка. Прво за да се осигураш најди НОВО напојување и приклучи го! Некогаш после 2-3 пати знае матичната да * тргне*.
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: go4o on 22.11.2011, Tuesday, 17:04:07
и јас пред некое време се соочив со ова не ми се палеше мониторот. види на плочата каде што ти е укл мониторот да не има пукнато некој кондензатор кај мене 2 кондензатори на плочата беа пукнати ги сменив па сеа немам мака видено  ;)

како ги смени со обичен леткум одлеми залеми или со оние лемни станици професионални
имам и јас една со испукан кондензатор па дали може да се смени со обичен леткум
со обичен леткум ги имам сменато
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 22.11.2011, Tuesday, 20:39:46
Ајде да набавам ново напојување па ќе пишам што сум направил  :)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: batka on 22.11.2011, Tuesday, 20:44:44
Извади ја батеријата од матичната,рестартирај го биосот, вклучи го само напојувањето на матичната,а извади ги ИДЕ/САТА каблите кон ХДД,ЦД РОМ итд . и така само пушти ја матичната.Не се обесхрабрувај од прв пат! Понекогаш напојувањето треба да легне ! Зошто е така - никој не знае. ;D Ако самостартува напојувањето имаш проблем на плочата,во 5 V линијата веројатно.
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 23.11.2011, Wednesday, 19:40:51
Јас мислам дека од кога го рестартирав биосот само почна да стартува.. Порано не правеше така
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: donis92 on 23.11.2011, Wednesday, 19:50:39
шо сокет е?
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 23.11.2011, Wednesday, 19:53:12
Не знам точно, го немам вадено процесорот но мислам дека е 487
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: batka on 23.11.2011, Wednesday, 20:02:06
А,стави ли ново напојување?? Можеш ли сам да го смениш оној фет што си го заокружил? Веројатно дава напон за АГП-то.Графичката ја проба ли на друга машина?

Иначе плочата е -Socket 754 for AMD Athlon 64 and Sempron processor
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 23.11.2011, Wednesday, 20:10:35
Друго напојување не ставив, не успеав да набавам. Можам сам да го сменам СМД е ама и со обичен леткум ке успеам, но проблемо е што не можам да најдам нов, побарав во логинг немаше ми понудија некои друг и ми кажаа „сличен“, па сеа што подразбираат со под тоа не знам.
Иначе Батка дали си сигурен дека се работи за тој сокет, бидејќи утре ке се обидам да побарам друа матична па да знам  :)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: batka on 23.11.2011, Wednesday, 21:05:15
Колега,само ке пишеш  на Гугл : Asrock K8 upgrade- NF3 и можеш и сервис мануал да извадиш,ако ти треба.Не фаќај ништо - најди НОВО напојување и пробај!! А мосфетот можеш само со дувалка да го смениш. Сепак прво со напојувањето пробај!!
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 23.11.2011, Wednesday, 22:37:32
Пред да почнеш да разлемуваш, послушај го batka да не биде потоа мав работата, да не менуваш нешто што е веќе исправно.
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 23.11.2011, Wednesday, 22:44:00
Да да, ќе проверам да не биде после од готово, вересија  :)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: filipmkd on 27.11.2011, Sunday, 15:50:55
Гледам дека темата е стара околу една недела но ке ти го кажам дефектот на плочата :
На чипсетот треба да му се направи reball од греење изгубил контакт затоа ти грее мосфетот
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 15:54:29
Епа ако е тоа работата, не му се исплати, подобро да си купи нова матична плоча :S.

Затоа, совет до сите, особено оние кои имаат интегрирани графички на самата плоча, ставајте си кулери на ладилниците за northbridge и southbridge. Да, целата машина ќе стане многу бучна, ама барем немате да имате проблеми со контактите и ќе го продолжите векот на компјутерот ;).
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: at.koce on 27.11.2011, Sunday, 18:30:10
Јас немам интегрирана графичка  ::)
Title: Одг: Ми треба помош, компјутерот не сака да го вклучи мониторот
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 18:37:38
Јас немам интегрирана графичка  ::)

Нема везе, затоа реков особено до оние кои имаат, не значи дека не треба да стават и оние кои немаат, јас на сите мои машини имам ставено (добро, барем на оние на кои имам забележано дека northbride-от им грее ;)).