Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: Ico on 17.11.2011, Thursday, 13:55:46

Title: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Ico on 17.11.2011, Thursday, 13:55:46
Ако може да ми кажете каде да најдам шема за трепкач со 3 -4 фасонки кој ќе реагираат на звук...И кој елементи ќе ми требаат за негова изработка...темава не е на правилно место ставена па ако можете преместете ја .. Фала однапред
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Bojan on 17.11.2011, Thursday, 14:21:23
оди “Пребарај“ пиши таму лајт шоу и ке ти излезат неколку теми, и ја ти една тема од батка...подоле има 2 пдф атачменти нив види ги..

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2580.0
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: batka on 17.11.2011, Thursday, 21:26:39
Ице и за тебе поука: побарај малку во постарите постови и ке најдеш многу вакви теми! Значи.прво побарај,па ако нема или не те задоволува нешто,тогаш барај помош! Еве ова шема неколку пати сме ја опишувале
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Ico on 17.11.2011, Thursday, 23:20:47
axaм фала ..ај ќе пробам да праам па ако иам нешо ќе ве прашам ако може по ПП .. =)?
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Bojan on 18.11.2011, Friday, 00:18:00
пиши во темава, кој ке се најде тој ке ти помогне :)
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: GigaWatt on 18.11.2011, Friday, 00:22:23
axaм фала ..ај ќе пробам да праам па ако иам нешо ќе ве прашам ако може по ПП .. =)?

Вакви типови на дискусии се прават исклучиво на форум! Не преку PM!
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: batka on 18.11.2011, Friday, 10:15:43
За да започнеш со градба треба да знаеш минимум неопходни работи : препознавање на електронски делови,читање на шема,изработка на плочка... Значи собери ги на куп прво сите делови,направи си плочка,па ке дискутираме.Се надевам знаеш да лемиш,а само да те предупредам дека овој уред е директно врзан на мрежа 220 V која е опасна по живот.Со сите мерки на предострожност ти препорачувам га го вградиш во пластична кутија ,да ставиш осигурувач и потенциометрите да имаат пластични осовини,поради избегнување на можни допири со мрежа 220V.
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Ico on 27.11.2011, Sunday, 16:44:14
Имам искуство и таква ми е струката учам средно електро и сеа  во 1 полугодие како семинарска работа  по пракса .. треба да направам трепкач   имате појма колку иде цената  на елементите од шемата на батка ? ..
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: batka on 27.11.2011, Sunday, 17:42:09
Имам искуство и таква ми е струката учам средно електро и сеа  во 1 полугодие како семинарска работа  по пракса .. треба да направам трепкач   имате појма колку иде цената  на елементите од шемата на батка ? ..

Тоа не е трепкач - тоа е лајт шоу.Имаш моментално на Форум и друга шема и проценка - деловите се 500-600 денари!
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: Ico on 25.12.2011, Sunday, 14:33:08
Плочката е направена .. но да прашам да не имате некаков елаборат/ литература во врска со трепкачот па да склопам јас или каде отпрлика може да се најде ..ми треба околу 3-5 страни .
Title: Одг: Ми треба инфо за правење трепкач
Post by: batka on 25.12.2011, Sunday, 17:09:19
5-6 страни?? НАцртај ја убаво шемата на една страна.изглед на плочка и монтажна на друга ,список на деловите на трета  .Е сега до 5 страна  ;D треба да филозофираш : првите два транзистора се НФ предпојачалце за микрофон.Микрофонот е електретски/кондензарорски и бара преднапон преку соодветен отпорник од + напојувањето .Напојување зема директно од мрежа 220V преку отпорник и диода ,два електролита ( најмалку 63-100V да бидат!!) Сигналот од вториот тр. оди на разделник  со 3 филтри кои се направени од по еден потенциометар и два-три пасивни делови кои доаѓаат до гејтот на TIC 106 тиристорот.Сега најди и опни една страна за тиристорите,.На крај -во Анодата на секој тиристор се наоѓа по една сијалица во различна боја ,која се пали во ритам на сигналот кој доаѓа ( одосно го пали гејтот на тиристорот!) Мислам дека со воведот ке имаш 5 страници :D :D