Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: puknati on 13.11.2011, Sunday, 15:23:18

Title: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: puknati on 13.11.2011, Sunday, 15:23:18
Значи, потребна ми е шема за заштита на акумулатор, со еден потенциометар да подесувам на колку напон ке се исклучат потрошувачите, 10.5, 11 волти.
Кога напонот ке падне под подесената граница релеј да ги исклучи потрошувачите, а кога напонот на акумулаторот ке ја помине таа граница од 10.5, или 11 волти уредот сам да ги уклучи потрочувачите
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 15:45:02
Најпросто што ми текна сега во моментов, инаку, сигурно може да се подобри шемата со неколку транзисторчиња или логички порти ;). Можно е и да треба да се штелува C1, врз база на потребите и релето ;).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=7010.0;attach=6991)
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: Bojan on 13.11.2011, Sunday, 16:43:46
гига нема баш да ти функционира шемата како што треба :) ако го закачи +12В на акумулаторот, релето никогаш нема да се уклучи, дека цело време ке се намалува напонот на акумулаторот и така референтниот напон донесен на инвертирачкиот влез ке се намалува... може на инвертирачкиот влез да се донесе напон некој од 5V од стабилизатор 78L05 а на неинвертирачкиот влез со делител на напон да се донесе напон што при напон од 11V ке има 5V, па ако се намали тој напон, референтниот напон ке си остане ист...
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 17:05:57

Не не, поентата е да има надворешен извор ;). Значи да се напојува од друго место, од друг извор ;). Инаку, да, во право си, ако се напојува од ист извор, нема да работи ;).

Евентуално, може да се искористи опцијата што ти ја имаш спомнато, односно да се користи посебен стабилизатор за 5V, па да се направи пропорција на „мерениот“ напон ;). Или да, се напојува операцискиот засилувач од извор на напон за 5V (или некој друг стабилизиран извор за напон ;)), па повторно да се штелува „мерениот“ напон да биде пропорционален на напон од 11V или 10.5V ;).

Еве ја шемата во Splan, кој сака нека си ја преправа, нека си ја доцртува, па ќе направиме нешто корисно, најверојатно ;).
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 17:07:01
Еве две шеми ,искомбинирај што ти е позгодно
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: puknati on 13.11.2011, Sunday, 21:09:42
batka, ако може малку коментари т.е објаснување за шемите?
Како што гледам ова се полначи за акумулатори, а планирав да правам и некој автоматски полнач.
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: batka on 14.11.2011, Monday, 08:41:03
Па и двете шеми имаат автоматика за полнење.Вторава шема е нешто што Гига Ват ти презентираше.Значи имаш операционо појачало кое го контролира напонот и во зависност од тоа дали е наполнет аку. го исклучува полнењето.Дадени се и потребните напони за мирна работа,релето со 10А контакти.Само додаваш 14,4V од полњач за акумулатори,а автоматиката е таа.Другата шема е со тиристор и пропратни елементи.Го местиш напонот за полнење ( обично 13,6V) с0 5К потенциометрот и кога акум. ке се наполни тиристорот исклучува и спречува празнење.Тоа е накратко.
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: SKOLS_OLD on 14.11.2011, Monday, 14:00:01
да не отворам нова тема,па еве да прашам тука:
-Колкав трансформатор треба да биде,според ампеража и ватажа за да може еден акомулатор да се наполни?
Дали може трансформаторот да биде 12волтен?
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: batka on 14.11.2011, Monday, 14:41:42
Добро е напонот на секундарот да биде над 13V,уште подобро 14V ,бидејки после грецот нема електролит за филтрирање да го подигне напонот и да го * држи* на исто ниво. Слободно и до 18 V , како што се гледа на шемата,може да се стави.Битно е да се ограничи струјата на полнење со додавање отпорник ( најчесто жичан со поголема сила во W ! ) Тој се пресметува стандардно: влезен напон од секундар -  излезен 13,6V најчесто/  па поделено со 2.Сепак се зависи од јачината на акумулаторот кој се полни ( во ампер часови!)
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: puknati on 14.11.2011, Monday, 18:56:00
Фала батка за одговорите, јасно е!
За оваа првата шема, има ли некоја посебна ознака за тиристорите, или посочи ми кој да го употребам.

На оваа втората шема, не се обележани ногарките на засилувачот, не сум ја толку напреден електроничар, ако може помош?
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: GigaWatt on 14.11.2011, Monday, 19:09:03
На оваа втората шема, не се обележани ногарките на засилувачот, не сум ја толку напреден електроничар, ако може помош?

Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/T/L/0/8/TL081.shtml
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: batka on 14.11.2011, Monday, 20:30:20
Тиристорот зависи од тоа со колкава јачина ке се полни акумулаторот!Затоа и не е дадено кој одреден тип ке биде.Значи,ако го полниш акумулаторот со пр.3А струја,ти треба барем 5-6 А тиристор,а и појак.Во секој случај ,ако можеш од ова TIC.... ( 106,107...) серијата да најдеш во Т0-220 кукиште и обавезно на ладилник со подлошка за изолација! Ако имаш пример акумулатор од 45 Аh со 3А би го полнел - 45/3 =15 часа! За акумулаторот е најдобро кога се полни подолго,а оптимално е да се полни со јачина 1/10 од капацитетот во амперчасови - значи со 4,5А. Но има исправувачи кои даваат со ограничување  само 1А и постојано зимно време се врзани за акумулаторот навечер,кога возилото мирува во гаража,па на сабајле нема проблем со стартот никогаш.Тоа лесно се прави со еден 1А стабилизатор и два три отпорника.И трансформаторот тогаш ке биде помал и евтин.Ако има интерес ке ставам таква шема за надополнување.
Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: puknati on 14.11.2011, Monday, 21:04:50
Стај ти шема, има интерес.
Барав нешто по гоогле, добра ми се гледа оваа шема за увид во напонот на акумулаторот, е сега, кај што е онаа лед диодата за 11 волти, дали можам јас на катодата да поврзам еден транзистор со базата како ВЦ547, кој ќе пали релеј што ќе ги исклучи потрошувачите кога напонот ќе падне на 11 волти?
(http://img507.imageshack.us/img507/2586/lm3914.png) (http://imageshack.us/photo/my-images/507/lm3914.png/)

Title: Одг: Ми треба шема за заштита на акумулатор од празнење
Post by: batka on 14.11.2011, Monday, 22:36:31
Не би ти препорачал: ке правиш само пали -гаси.Овој лед  индикатор брзо менува ниво и не е баш згоден за она што смераш!! Одбери некое решение од овие постоечкиве.Иначе еве и од Др.Бора една шема ,ама е посложена за изработка.Местиш два тримера и крај- заборави на полњачот! ;D