Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 06:52:11

Title: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 06:52:11
Code: [Select]
http://www.reactos.org/en/index.html
Како што доаѓа времето на Win7 и Win8 оперативните системи, јас би го пробал овој оперативен систем од проста причина што не сум задоволен со корисничкиот интерфејс на Win7. Премногу новитети, премалку опции :S. Се осеќам како да губам контрола врз опертивниот систем :S.

Убавината на ReactOS можете да ги инсталирате сите програми кои можете да ги инсталирате и под Windows. Всушност, ReactOS е клон на Windows NT оперативните системи со таа разлика што е open source и е бесплатен ;). Кодот за оперативниот систем е напишан од нула (from scratch), што значи дека е легално „независен“ од Microsoft и Windows ;). Потребата од минимални ресурси е уште една од работите кои овој оперативен систем го прават многу привлечен ;) (200MHz CPU и 32MB RAM меморија :o).

Ваше мислење?
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 10:55:28
Исто како и за сите open програми - многу пофалби од почеток,а финалето не е извесно! Почетните сознаније велат дека сепак се не функционира под овој оперативен систем .Впрочем и  NT оперативните системи беа заменети поради ова.Мислам дека сепак 8-цата има најголема иднина.
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: Malecko on 13.11.2011, Sunday, 11:52:21
Eве неколку други OS
7 Free Online Operating Systems (http://www.youtube.com/watch?v=I1rxtk6cZjQ#)
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 14:53:07
Ама овие се online OS, работат само во web browser, нема инсталација за нив и не може да функционираат како главен оперативен систем, така да, мислам дека и не му се некоја баш голема конкуренција на ReactOS ;).

Исто како и за сите open програми - многу пофалби од почеток,а финалето не е извесно! Почетните сознаније велат дека сепак се не функционира под овој оперативен систем .Впрочем и  NT оперативните системи беа заменети поради ова.Мислам дека сепак 8-цата има најголема иднина.

Кога пишав NT, мислев на Windows XP, бидејќи и тој е NT оперативен систем ;). Еве и Screen Shots, да видите како изгледа и како функционира ;).

(http://www.reactos.org/media/screenshots//2009/ros_039_dxdiag_display.png)

(http://www.reactos.org/media/screenshots//2009/ros_039_dxdiag_files.png)

(http://www.reactos.org/media/screenshots//2009/ros_039_dxdiag_start.png)

(http://www.reactos.org/media/screenshots//2009/ros_039_msworks_85.png)

(http://www.reactos.org/media/screenshots/2007/ros_033_quake3_02.jpg)

(http://www.reactos.org/media/screenshots/2007/ros_033_ut_02.jpg)

Како што може да се види, и игри може да се играат под овој оперативен систем ;) (иако морам да признаам дека игрите се далеку од ниви, сепак, почеток е ;)).

Значи, опертивниот систем е правен врз база на сознанија од принципот на работење на Windows XP и останатите NT оперативни системи (тука е и Server 2003), не само врз база на старите NT оперативни системи ;). Јас колку што имам пробувано, ретко што не можело да се подигне под XP, дури и многу постари Win95 (па и постари) програми без проблем функционираат под XP, што не ми се поакажало како точно под Win7 :S. Сакале или не, мораме да признаеме дека да не беше XP, Microsoft одамна ќе го изгубеа „тронот“ на најкористен оперативен систем на планетава ;). Стабилен, релативно брз и се се подига на него ;).

Поентата ми беше дека оперативниов систем дефинитивно има потенцијал да му стане конкуренција на Windows. Се што може да се подигне под Windows, може да се подигне и под овој, целосно е импортирана PE (Portable Executable) структурата и поддржува (скоро, се работи на тоа) се што може да поддржи и Windows. Не се подигаат само мал број на програми кои бараат некои навистина нови библиотеки кои ги имаат само Win7 или WinVista.

Мислам дека вреди да се проба, јас баш го инсталирав под VMware и ќе видиме како ќе „тера“ ;). Мислам дека најмногу работа ќе им завржи на фирмите кои мораат да користат XP поради компатибилноста на драјверите за фискалните апарати и софтверот под кој работат со самиот оперативен систем, па мораат Windows XP да го инсталираат под виртуелна машина на Win7, а за Win7 мора да плаќаат лиценца (бидејќи, не знам дали сте знаеле, но заедно со лиценцата за Win7 имате и лиценца за WinXP, не знам точно за кои пакети, дали за Professional или за Ultimate само стигнува лиценца, но знам дека стигнува ;)).

Како заклучок, ќе цитирам што еднаш batka има пишано и ми се покажало како апсолутно точно, барем кога станува збор за Windows оперативните системи ;)

Не се сложувам дека 7-цата е толку добра.Го испробавме и Win 8 и ке почекаме да видиме финална верзија.Иначе бара помалку ресурси од седмицата,ама ако сакам се да ми работи на некој компјутер - ставам Win XP profesionall.
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: MarkoMK on 13.11.2011, Sunday, 17:04:40
Со ова скрин шотовиве ме „загреа„ малку...  :-X
Немој да постираш друго ќе ме натераш да го инсталирам ;D ;D ;D ;D


Споено мислење: [time]13 Ноември 2011, 17:05:25[/time]
А како е со драјвери??  ;D ;D
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 17:18:34
А како е со драјвери??  ;D ;D

Како што кажав, бидејќи е клон на WinXP, (NT, но во принцип најголем дел од кодот е пишуван врз база на однесувањето и look and feel на XP), истите драјвери кои можете да ги користите за XP можете да ги користите и во ReactOS ;). Тоа е убавината на оперативниот систем ;D, исо е како да користите Windows, но не користите Windows ;D. Значи граден е да биде компатибилен со се што може да биде компатибилен и Windows ;) ;D. Исто како да користите Windows, ама не е Windows ;D. Бесплатен е и open source ;). Значи и драјвери од Windows на него се фаќаат ;). Мислат дека е Windows Server 2003 ;) (XP е Win Ver 5.1, овој оперативен „глуми“ дека е Win Ver 5.2, односно Server 2003 ;), се гледа тоа од dxdiag-от ;)), а сите дрјавери од XP се фаќаат и на Server 2003 (испробано, од искуство ова го кажувам ;D, kernel-от е ист, малку подобрен од тој на XP, но ист signature има за драјверите ;)), така да, сите драјвери што се „фаќаат“ на XP и Server 2003, ќе се „фатат“ и на ReactOS ;).

Јас веќе го инсталирав во VMware, супер исгледа, classic skin-от му е (скоро) ист како на XP ;). Мислам дека има и XP skin на сајтот за симнување (оној што е сино со зелено), ама не сум го пробал ;). Само малку не ми се допаѓа тоа multiple desktops (тоа 1, 2, 3, 4 на сликите, долу на taskbar-от), ама не е проблем ;), може да се извади тоа (барем така прочитав на сајтот на ReactOS).

Мене ова ми изгледа како наследникот на мојот омилен Server 2003 ;D, или ова ќе го замени, или Server 2008, едно од тие две ;D.
Title: Замена за Windows NT оперативните системи ?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 17:23:11
WinXP professional  доаѓа со колку лиценци сакаш ( минимум за 3 компјутери ) ама коштаааа,....! Сега седмицата треба да биде замена за XP ама во практика се купува 7-цА, а се користи ХР  home edition... Игри да се заработи!! Драјвери за овој ОС? Нема баш многу претерано,од скенери,печатари,па до мултифункциски уреди,дигитални апарати,телефони....Ако стане многу популарен веројатно ке се најдат и дрјвери,ама многу треба да чекаш!!
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 17:25:00
Драјвери за овој ОС? Нема баш многу претерано,од скенери,печатари,па до мултифункциски уреди,дигитални апарати,телефони....Ако стане многу популарен веројатно ке се најдат и дрјвери,ама многу треба да чекаш!!

Прочитај што пишав во претходниот post ;D.

... така да, сите драјвери што се „фаќаат“ на XP и Server 2003, ќе се „фатат“ и на ReactOS ;).
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 17:27:24
Може да биде добра замена за фирмиве каде им треба win подршка,со тоа што овој не се плаќа.Ама,пак велам очекувам проблеми со дрјвери,веке свашта се вклучува под win ,разни уреди ,гаџети.... ке биде интересно!  Нема се да работи што работеше под ХР ,бидете сигурни..
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 17:32:17
Може да биде добра замена за фирмиве каде им треба win подршка,со тоа што овој не се плаќа.Ама,пак велам очекувам проблеми со дрјвери,веке свашта се вклучува под win ,разни уреди ,гаџети.... ке биде интересно!

Епа тоа ми беше поентата ;), мислам дека од овој оперативен систем најголем ќар ќе имаат фирмите кои мораат да имаат WinXP поради компатибилност со хардвер (како фискалните печатачи, итн.), но и многу други ќе имаат ќар ;).

А за уреди и gadgets, не е проблем ;), ако има драјвер за уредите и за gadget-ите за XP, има и за ReactOS, тоа е поентата, се што се „фаќа“ на Win, да се „фаќа“ и на ReactOS ;). Добро, можно е да има некои мали проблеми со некои навистина нови уреди, ама со нив ќе има проблеми и XP, не само овој оперативен систем ;).
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 17:43:00
Гига, ке видиме.... Претерано е сега да зборуваме,ама проблем е што по неколку недели или месеци може да се очекуваат првите резултати.Не ми беше зборот само за игри,печатари, туку и за мрежни уреди,разни софтверски пакети кои професионално треба под ХР да работат.Тие работи (професионалните решенија) треба да се види дали и како ке работат.Сепак се си има ограничувања,а овој ОС е многу * млад* за конкретно да се каже.Слична еуфорија беше и за 7 -цата,ама после испаднаа големи проблеми со куп работи. Србите велат *живи били-па видели!* ;D
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 17:54:51
ОК, во право си за тоа, ама јас и онака треба во брзо време да го форматирам PC-во (сум фатил некој тројан ;D), така да, сигурно ќе го пробам овој оперативен систем едно месец или два ;). Ќе видам што се фаќа, а што не на него ;). Ќе пробам од професионални алатки за работа со аудио (тоа работам од професионален софтвер, ако некој може, нека проба и Photoshop или нешто слично ;)), па ќе пишам кои ми се искуствата, дали се се фаќа или само некои работи и кои се тие работи кои имаат проблем со оперативниот систем ;).
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 18:38:16
Имам еден *паднат од први спрат* лап-топ со минимални  карактеристики за овој ОС  ;D ;D,па ке го инсталирам и јас повторно на него и  ако *преживее* малтретирање некое време - ке го пофалам!! Слична еуфорија беше со Линуксот,ама сега освен исклучоци ( што мораат! ;D ;D) никој не го погледнува.Дури и сите наставници и професори од основно и средно си ги преинсталраа оние нивните *  ееее...* компјутерчиња на Win XP,
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: Steff_Maja on 13.11.2011, Sunday, 18:50:15
Ако е толку сличен на XP тогаш тоа е копија на него, а не ново осмислен OS.
Можеби бргу ќе го снема од интернетот заради Microsoft и авторските права.
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: Bojan on 13.11.2011, Sunday, 19:08:03
Ако е толку сличен на XP тогаш тоа е копија на него, а не ново осмислен OS.
Можеби бргу ќе го снема од интернетот заради Microsoft и авторските права.

од нула било пишувано, така да немаат они никакви авторски права за тоа...
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: Steff_Maja on 13.11.2011, Sunday, 19:17:07
Кој може да докаже дека е од нула пишувано кога финалната верзија е 80% иста како XP. Копија, крадење на идеја.
Ќе паднат тужби  :)
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: batka on 13.11.2011, Sunday, 19:29:45
Даден  е слободен код, може да се провери  ;D ;D
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: Malecko on 13.11.2011, Sunday, 19:48:15
Eве нешто повеќе на wikipedia:
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/ReactOS
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 13.11.2011, Sunday, 23:39:02
Кој може да докаже дека е од нула пишувано кога финалната верзија е 80% иста како XP. Копија, крадење на идеја.
Ќе паднат тужби  :)

Штом до сега не паднале тужби за авторски права, не верувам дека ќе паднат ;). Прво и основно, нема нитуеден закон кој забранува reverse engineering се додека не се користат копирани делови од кодот во апликацијата (или што и да е) која е под сомнение дека користела копирани делови од kernel-от ;). Имало многу тужби во светов на оваа база, но се додека не се најдат цели кодови ископирани (а тоа не е возможно, освен ако го немате source-от, тешко е да копираш цели делови од ASM код и во повеќето случаи, не функционира или бара мнноооооогу повеќе работа одколку да изанализираш што прави тој дел од кодот и „јово наново“ да го напишеш ;), како што и прават повеќето reversers, и тоа е сосема легално, некој напишал софтвер, ти го дезасемблираш и гледаш како работи ASM кодот, си пишуваш свој код за истиот софтвер и твојот и неговиот ASM код нема никогаш да бидат исти, ниту пак ќе имаа цели секции кои се еднакви ;)), не може ништо да направат ;). А повеќето спецификации за начинот на комуникација на уредите и апликациите, сервисите итн. со kernel-от се веќе зададени во Win32 Programmer's Reference, така да, само врз база на тие информации може да се напише kernel кој ќе биде сосема компатибилен со Win32 NT kernel-ите ;), а уште ако се искристат и reversing техники, кодот може да биде и многу подобар и побрз врз база на анализа на оригиналниот ASM код ;).

А за крадење на идеја, не може никој да тужи ;), еден куп луѓе чуле добри идеи од некој друг, ги раазработиле тие идеи и заработиле многу пари, а овие кои ги имале идеите може само да се каат за тоа што они не го направиле тоа, и ништо повеќе ;).
Title: Одг: ReactOS - Замената за Windows NT оперативните системи?
Post by: GigaWatt on 26.01.2014, Sunday, 18:26:57
Хммм... интересен развој ;). Можно е во брзо време овој проект да стане по популарен ;).

Code: [Select]
https://www.kickstarter.com/projects/thorium/thorium-core-cloud-desktop