Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 08.03.2010, Monday, 00:46:46
-
Пишете дали некој ги користи и колку корисници има на тие фрекфенции? ;D
-
Јас имам кинески FRS (пишува дека се производство GE) на 409MHz, беа 100mW ги засилив на 500mW и им ја продолжив антената на L/4, фаќа низ град (низ улици) добри два-три километри, ги користам понекогаш али повеќе како забава a не професионално. (овие ми се за продажба ако некој е заинтересиран)
Имам уште и Мотороли PMR446 (модел Т9500) е овие се појаки околу 1.5W се и фаќаат десетина километри кај и да си :) Ретко ги користам и овие но ми се наоѓаат некогаш кога подесуваме WiFi антени (човек качен на столб, јас долу со лаптоп) или микробранови линкови.
Имам и трети кои се правени (домашни) и се на 49MHz, околу 1W меѓутоа заради пониската фрекфенција (неможе да истегнеш долга антена на токи-воки) и се фаќаат послабо од другите два ама барем се фаќаат во визби и места каде што 446MHz неможе да „влезе“ :)
-
јас користам PMR446
две станици BRONDI FX400 со 500mW има 8 канали 38CTCSS подканали и 83 DCS подканали
меѓу згради фаќаат многу малку до 500м. ама на отворено дометот им е доста поголем па и до 5-6 км.
инаку нема многу корисници што би ти сметале на врската, во просек од 8-те канали што ги има на пмр на два има некој корисник. е сега добрата работа е во подканалите (сквелчот). и да има некој на 3 канал (на пример) ти мозе да на 3канал и некој подканал (3канал, 18CTCSS на пример) воопшто да не го слушаш. како и кај сите токи воки знаеш дека секој со скенер може да те слуша :)
Јас имам кинески FRS 409MHz,
само заради информација FRS и GMRS кај нас не е license-free т.е неможеш да го користиш легално.
-
јас некни на спектрален анализатор со добра антена пробував на од школо да фатам некој
ама освем овие радиата и дел од телевизијата не се фаќа ништо
исто има нешто и од модулацијава за мобилните
друго некој шум и нешто хармоници има
-
само заради информација FRS и GMRS кај нас не е license-free т.е неможеш да го користиш легално.
Види, никаде не пише дека тие фрекфенции не се дозволени за слободна употреба но никаде не пише дека тие фрекфенции се наменети за нешто друго. Едноставно ги нема во планот. Така да колку се забранети току и се незабранети.
-
никаде не пише дека тие фрекфенции не се дозволени за слободна употреба но никаде не пише дека тие фрекфенции се наменети за нешто друго. Едноставно ги нема во планот
на кој план мислиш? на планот за слободни фрекфенции?
од 9Hz до 275GHz сите фрекфенции се испланирани и оние слободни меѓу кои и 446MHz се само еден мал дел од планираните што се користат како што се на пример за радионавигација во воздухопловство...
еве го планот за намена на радиофрекфенциските опсези, за да бидат појасни работите:
-
не тој план, едино знаеш што мислам, изгледа се зафатени и се користат за токи воки на УХФ.
Фирми, обезбедување, чувари, таксисти......
-
Jaс имам PMR 500mW исто кинески како и обично а марката е GE (General Eletric америчка марка)и пред некој ден скенирав и да ви кажам нема никој на тие фрекфенции во близина :( порано до пред 2-3 години се слушаше некој муабет ама сега ич
Низ град се факаат на некој си 100-500 метри меѓу згради во зависност од густината. На отворено тераат и 6-7km а може и повеке
Јас имам кинески FRS (пишува дека се производство GE) на 409MHz, беа 100mW ги засилив на 500mW и им ја продолжив антената на L/4, фаќа низ град (низ улици) добри два-три километри, ги користам понекогаш али повеќе како забава a не професионално. (овие ми се за продажба ако некој е заинтересиран)
Ако не ти е тешко пиши нешто повеке како ги засили, како го направи тоа двосмерно појачало, што транзистор употреби, на колку ја продолжи антената а и за колку ја продолжи L4 ?
Имам уште и Мотороли PMR446 (модел Т9500) е овие се појаки околу 1.5W се и фаќаат десетина километри кај и да си :) Ретко ги користам и овие но ми се наоѓаат некогаш кога подесуваме WiFi антени (човек качен на столб, јас долу со лаптоп) или микробранови линкови.
Чек не е можно да се 1,5W оти PMR стандардот е дефиниран на само 500mW :(
Имам и трети кои се правени (домашни) и се на 49MHz, околу 1W меѓутоа заради пониската фрекфенција (неможе да истегнеш долга антена на токи-воки) и се фаќаат послабо од другите два ама барем се фаќаат во визби и места каде што 446MHz неможе да „влезе“ :)
Тие на 49MHz колкав домет имаат на отворено а колкав низ град?
Ако имаш шема стави ја на форумот оти сакам да направам токи воки на 49MHz
Имам уште и Мотороли PMR446 (модел Т9500) е овие се појаки околу 1.5W се и фаќаат десетина километри кај и да си :) Ретко ги користам и овие но ми се наоѓаат некогаш кога подесуваме WiFi антени (човек качен на столб, јас долу со лаптоп) или микробранови линкови.
Чек не е можно да се 1,5W оти PMR стандардот е дефиниран на само 500mW :(
-
Чек не е можно да се 1,5W оти PMR стандардот е дефиниран на само 500mW :(
Можно е :) Не сум дочитал доволно ама можда во Македонија не е дозволено, значи сум пират :) Еве инфо:
http://salestores.com/motoro15.html
Во врска со модификацијата на тие кинеските 409MHz ќе направам нов пост а во врска со токи-воките на 49MHz пак нова тема.
-
Друже финтата е следна, 0,5W се користат ако токи вокито го користиш на PMR 446 фрекфенциитеа додека ги користиш тие другите 22канали кои мислам дека се комбинација од GMRS и FRS тогаш емитува со 1,5W што е сасим нормално.
Дали тие токи воки (1,5W) ги имаш отворено и дали имаш забележано што врста е излезниот транзистор?
Во врска со модификацијата на тие кинеските 409MHz ќе направам нов пост а во врска со токи-воките на 49MHz пак нова тема.
Oдлично! Чекаме :)
Јас имам кинески FRS (пишува дека се производство GE) на 409MHz, беа 100mW ги засилив на 500mW и им ја продолжив антената на L/4, фаќа низ град (низ улици) добри два-три километри, ги користам понекогаш али повеќе како забава a не професионално. (овие ми се за продажба ако некој е заинтересиран)
ги продаваш со се појачалата или без нив? Ако можеш стави некоја фотка од појачалото како изгледа :)
Имам и трети кои се правени (домашни) и се на 49MHz, околу 1W меѓутоа заради пониската фрекфенција (неможе да истегнеш долга антена на токи-воки) и се фаќаат послабо од другите два ама барем се фаќаат во визби и места каде што 446MHz неможе да „влезе“ :)
Мислам дека е обратно поточно како подоле напишаното, ниските фрекфенции не можат секаде да влезат а пак високите на 446MHz можат
тие фрекфенции неможат да влезат во згради и автомобили поради тоа што брановата должина им е голема и не ги „собира“ да се протнат низ прозорците. Буквално.
-
ги продаваш со се појачалата или без нив? Ако можеш стави некоја фотка од појачалото како изгледа
Всушност е само променет излезен транзистор (беше некој слаб SMD, јас ставив 2N3866) и изваден емитерски отпорник, но тоа нема да одговара така на сите станици!!! Оваа беше со едноставен излез :) А станиците се залепени заради антената и неможам да ги отворам веќе така да нема слика од внатрешноста.
Мислам дека е обратно поточно како подоле напишаното, ниските фрекфенции не можат секаде да влезат а пак високите на 446MHz можат
Зборувам за ако веќе си во објектот :)