Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: batka on 16.10.2011, Sunday, 02:06:16

Title: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 02:06:16
Од одредени посетители и гости на Форумов е констатирано дека на Форумов се врши само * copy-paste* на одредени содржини и ништо повеке!
Сакам да им го одговорам следново: мене ме радува кога одреден број вљубеници во електрониката ке се соберат и ке дискутираат за одреден проблем,шема или настан поврзан со електрониката.За тоа е Форумов. На Форумот не можат да се поставуваат само уникатни шеми,да се прават сите поставени уреди или да се одговори на секое поставено прашање! Апсурдно е да говориме за авторства, некакви теории за новини или пак уникатни проекти,кога Форумов е непрофитна форма на дружење и размена на искуства ,шеми или форма на учење на помладите и понеискусни членови. Секоја замерка во однос на дискусиите,начинот на презентирање и формите на поставување на проблемите е во најмала рака - смешно! Ако некој што се смета професионалец им замери на основци и средношколци што по којзнае кој пат дискутираат за пример
каков транзистор да се стави на влезот на појачувачот,во најмала рака го сметам смешно и несериозно.
Форумот не треба и не смее да се споредува со часопис,со професионален или стручен медијум кој треба да понесе одговорност за некој нерешени проблеми.Ако мисли некој дека само тој и никој друг има примат или не знам авторство на некој сеопшто прифатен модел,ке му одговорам дека греши! Поминаа времињата кога дата-шит апликациите се појавуваа како авторски шеми или преземањата на шеми од ЕЛЕКТОР се прогласуваа за авторство! Тогаш лугето немаа пристап до информации,го немаше Интернетот,Гугл и слично.Ве уверувам дека барем во Македонија не постои електроничар  што може да се пофали дека сите конструкции кои ги направил или со кои работи се исклучиво НЕГОВО ЛИЧНО АВТОРСТВО !!
Таков човек не постои,барем не тука.И затоа,оставете го на мира Форумов и не покучавајте да сеете * магла*.Оставете ги членовите на  Форумов  да се дружат,да дискутираат,да се расправаат понекогаш и да уживаат во моментите кога некој ке направинешто,ке купи седмица глушец или ке се смее на клиповите и вицовите. Имам ли подршка од Вас ценети форумџии????
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Malecko on 16.10.2011, Sunday, 02:13:17
И затоа,оставете го на мира Форумов и не покучавајте да сеете * магла*.Оставете ги членовите на  Форумов  да се дружат,да дискутираат,да се расправаат понекогаш и да уживаат во моментите кога некој ке направинешто,ке купи седмица глушец или ке се смее на клиповите и вицовите. Имам ли подршка од Вас ценети форумџии????
Од мене дефинитивно имаш! ;) :)
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: daniel spasovski on 16.10.2011, Sunday, 02:17:38
Од одредени посетители и гости на Форумов е констатирано дека на Форумов се врши само * copy-paste* на одредени содржини и ништо повеке!
Сакам да им го одговорам следново: мене ме радува кога одреден број вљубеници во електрониката ке се соберат и ке дискутираат за одреден проблем,шема или настан поврзан со електрониката.За тоа е Форумов. На Форумот не можат да се поставуваат само уникатни шеми,да се прават сите поставени уреди или да се одговори на секое поставено прашање! Апсурдно е да говориме за авторства, некакви теории за новини или пак уникатни проекти,кога Форумов е непрофитна форма на дружење и размена на искуства ,шеми или форма на учење на помладите и понеискусни членови. Секоја замерка во однос на дискусиите,начинот на презентирање и формите на поставување на проблемите е во најмала рака - смешно! Ако некој што се смета професионалец им замери на основци и средношколци што по којзнае кој пат дискутираат за пример
каков транзистор да се стави на влезот на појачувачот,во најмала рака го сметам смешно и несериозно.
Форумот не треба и не смее да се споредува со часопис,со професионален или стручен медијум кој треба да понесе одговорност за некој нерешени проблеми.Ако мисли некој дека само тој и никој друг има примат или не знам авторство на некој сеопшто прифатен модел,ке му одговорам дека греши! Поминаа времињата кога дата-шит апликациите се појавуваа како авторски шеми или преземањата на шеми од ЕЛЕКТОР се прогласуваа за авторство! Тогаш лугето немаа пристап до информации,го немаше Интернетот,Гугл и слично.Ве уверувам дека барем во Македонија не постои електроничар  што може да се пофали дека сите конструкции кои ги направил или со кои работи се исклучиво НЕГОВО ЛИЧНО АВТОРСТВО !!
Таков човек не постои,барем не тука.И затоа,оставете го на мира Форумов и не покучавајте да сеете * магла*.Оставете ги членовите на  Форумов  да се дружат,да дискутираат,да се расправаат понекогаш и да уживаат во моментите кога некој ке направинешто,ке купи седмица глушец или ке се смее на клиповите и вицовите. Имам ли подршка од Вас ценети форумџии????

Говор од срце Батка !! Респект за ова !! :)
Јас мислам дека на форумов има место и простор за сите членови без однос на тоа кој колку знае и дали е почетник или е професионалец ... Сепак за тоа и сме тука ....Да научиме нешто плус што ке ни користи во животот  ... Еден од друг, друг од трет и така ... Дури и ти што си електроничар со големо долгогодишно искуство сеуште учиш за некои работи со кои не си се сретнал ... Апсолутно те подржувам !!! :)
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 02:20:11
На Форумов сите сме равноправни,сите имаме исти права во однос на основните поставки.Има правила на однесување и треба сите така да се однесуваме.Не можам никого да натерам да го прочита мојот пост и да го прифати.Но,не треба никого и да го подценувате,ако гласно праша нешто,ако погреши или се занесе во дискусијата.Дружењето е дел од цивилизациската придобивка што се вика Интернет,но треба да се има доблест ,нерви и пред се стрпление за да не се доведе човек во ситуација да се прецени себе си!!
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: donis92 on 16.10.2011, Sunday, 04:01:00
секоја чест батка!!! требаше вакво нешто само немаше храбар да пресече. Респект до тебе!!!
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: stefanstip on 16.10.2011, Sunday, 09:38:02
Секоја чест батка  :) Јас кога се зачленив на форумов немав никакво искуство но со помош на сите членови кога и да сум побарал нешто секогаш сум имал одговор.Апсулутна подршка Батка .
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: at.koce on 16.10.2011, Sunday, 09:40:05
Батка, јас те поддржувам максимално  :)
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: DX-er on 16.10.2011, Sunday, 12:32:57
Од одредени посетители и гости на Форумов е констатирано дека на Форумов се врши само * copy-paste* на одредени содржини и ништо повеке!
Сакам да им го одговорам следново: мене ме радува кога одреден број вљубеници во електрониката ке се соберат и ке дискутираат за одреден проблем,шема или настан поврзан со електрониката.За тоа е Форумов. На Форумот не можат да се поставуваат само уникатни шеми,да се прават сите поставени уреди или да се одговори на секое поставено прашање! Апсурдно е да говориме за авторства, некакви теории за новини или пак уникатни проекти,кога Форумов е непрофитна форма на дружење и размена на искуства ,шеми или форма на учење на помладите и понеискусни членови. Секоја замерка во однос на дискусиите,начинот на презентирање и формите на поставување на проблемите е во најмала рака - смешно! Ако некој што се смета професионалец им замери на основци и средношколци што по којзнае кој пат дискутираат за пример
каков транзистор да се стави на влезот на појачувачот,во најмала рака го сметам смешно и несериозно.
Форумот не треба и не смее да се споредува со часопис,со професионален или стручен медијум кој треба да понесе одговорност за некој нерешени проблеми.Ако мисли некој дека само тој и никој друг има примат или не знам авторство на некој сеопшто прифатен модел,ке му одговорам дека греши! Поминаа времињата кога дата-шит апликациите се појавуваа како авторски шеми или преземањата на шеми од ЕЛЕКТОР се прогласуваа за авторство! Тогаш лугето немаа пристап до информации,го немаше Интернетот,Гугл и слично.Ве уверувам дека барем во Македонија не постои електроничар  што може да се пофали дека сите конструкции кои ги направил или со кои работи се исклучиво НЕГОВО ЛИЧНО АВТОРСТВО !!
Таков човек не постои,барем не тука.И затоа,оставете го на мира Форумов и не покучавајте да сеете * магла*.Оставете ги членовите на  Форумов  да се дружат,да дискутираат,да се расправаат понекогаш и да уживаат во моментите кога некој ке направинешто,ке купи седмица глушец или ке се смее на клиповите и вицовите.
Прекрасно опишана вистината.

Имам ли подршка од Вас ценети форумџии????
Потполно те Поддржувам и Голем Респект.

Ке ја ставам темава за главна и сега за сега ке стои најгоре цело време
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: nickyyoh on 16.10.2011, Sunday, 13:41:38
Подршка 100% ;)
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: ShAdOw on 16.10.2011, Sunday, 14:51:52
Алал нека ти е Batka за делото кое го стори :), имаш апсолутна поддршка од мене ;).
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Urahara on 16.10.2011, Sunday, 14:55:13
Извини batka но 90% од твоите шеми итн, се копи-пејст од извори од интернет. Малку иронично нели ?
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Devil on 16.10.2011, Sunday, 15:04:43
прочитај го постот на батка пак
се работи за тоа што некои луѓе сметаат дека многу сме копирале од нет, епа луѓе мене никој не ме плаќа за да дизајнирам или што знам што, се разбира дека има многу работи кој и така можат да се најдат на нет, како и по сите останати форуми, списанија и слично..

Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 15:07:13
Урахара, иронично ,ама јас тоа никогаш и никаде не сум го сокрил, дури многу често наведувам ( ако читаш!) и од каде е превземена  шемата!Стои веб страна или часопис од каде е! Иронично што јас никаде не сум се потпишал како автор .Многу шеми ( прочитај!) јас ги добивам во размена или овие млади електроничари ми ги носат со цел да расправаме за нејасни или проблематични работи,ситуации или некои делови кои не им се познати,Често пати добивам нацрт на звучна кутија или само елементи од кои треба да составам звучни кутии и морам да прилагодувам и правам конструкции,ама никогаш не се ПОТПИШУВАМ како автор!
Повторно тврдам - извинете,ама во МКД се многу ретки конструкторите ( дури и ги нема) кои би рекле - ова од почеток до крај е мое дело!! Сите користат апликации од фабриките или модифицираат веке готови апликации.Затоа ,не се замарај со мене,моите авторски дела се заштитени и не се за форуми,туку за некои други медиуми,каде поинаку се вреднуваат!
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: GigaWatt on 16.10.2011, Sunday, 17:19:18
се работи за тоа што некои луѓе сметаат дека многу сме копирале од нет, епа луѓе мене никој не ме плаќа за да дизајнирам или што знам што, се разбира дека има многу работи кој и така можат да се најдат на нет, како и по сите останати форуми, списанија и слично..

Апсолутна вистина, така да, нема лутиш. Тоа е реалноста, за без ич или ситни суми на пари, не планирам ни јас да дизајнирам. Ако дизајнирам нешто за мене, се разбира дека ќе го презентирам, или (евентуално) ако имам слободно време поради X причини, зошто па и да не помогнам на некој и да му дизјанирам некое коло или да му напишам програма за микроконтролер, но ова САМО АКО имам слободно време, а да се замарам и никој динар да не ми даде или некоја симболична сума, не планирам. Па дури и тие шеми што ги превземаме од некаде авторите првично ги имаат правено ЗА НИВ, не за некој друг, затоа и ги презентирале, ако мене ми служи, зошто па да не му служи и на некој друг.
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 17:57:08
Вистината е таа - ако веке се мачам и пронаоѓам (дизајнирам) нешто ново,сигурно прво на Форум нема да дојде! Прво ке се бара купувач,па ке оди на многу повисоко ниво,а тек на крај во книга,списание,а на крај на Форум.Тука пари нема,нема како да заработиш! Разликата е таа и нема воопшто начин да се смени.Впрочем,како ке знам кој се ова ке го прочита и *симне*.
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: stealek on 27.10.2011, Thursday, 19:43:59
ОГРОМНА ПОДРШКА од мене , но сакам да изразам и една голема благодарност до форумот бидејќи ми помогна околу моето вработувањето бидејќи станав електричар после 18 години од моето завршување, па иако некој од вас се за мене деца ми помогнавте многу околу мојата адаптација ,и затоа САМО НАПРЕД,ЗЛОБНИЦИТЕ НЕКА ЛААТ ВИЕ РАБОТЕТЕ СИ ЈА ВАШАТА РАБОТА  ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ЕЛЕКТРОНИЧ
АРИ
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Zdravkovski on 27.10.2011, Thursday, 20:01:17
Quote
голема благодарност до форумот бидејќи ми помогна околу моето вработувањето бидејќи станав електричар после 18 години од моето завршување

честито новото работно место ти посаскувам да си го задржиш работното место подолго отколку што си чекал за да се вработиш и се најдобро
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Goce on 27.10.2011, Thursday, 20:59:40
се работи за тоа што некои луѓе сметаат дека многу сме копирале од нет, епа луѓе мене никој не ме плаќа за да дизајнирам или што знам што, се разбира дека има многу работи кој и така можат да се најдат на нет, како и по сите останати форуми, списанија и слично..

Апсолутна вистина, така да, нема лутиш. Тоа е реалноста, за без ич или ситни суми на пари, не планирам ни јас да дизајнирам. Ако дизајнирам нешто за мене, се разбира дека ќе го презентирам, или (евентуално) ако имам слободно време поради X причини, зошто па и да не помогнам на некој и да му дизјанирам некое коло или да му напишам програма за микроконтролер, но ова САМО АКО имам слободно време, а да се замарам и никој динар да не ми даде или некоја симболична сума, не планирам. Па дури и тие шеми што ги превземаме од некаде авторите првично ги имаат правено ЗА НИВ, не за некој друг, затоа и ги презентирале, ако мене ми служи, зошто па да не му служи и на некој друг.

@Гига,@батка и @девил за ова се во право и јас имам огромен број на проекти кој ги имам правено за некоја фирма или некој поединец кој ми платил само тие не се за на форум бидејки некој од нив ми рекле немој да го правиш ова на некој друг ке си платам повеке и поради тоа не ги постриам на форум имам и некој други кој ги имам изработувано за себе и си мислам дека не се прво да се постираат на форумов.Ама секогаш кога имам повеке време на кој да му треба помош ке му погнам дали за целосно проектирање на некој уред програма за микроконтролер не сакам пари ни да ми се врати услугата едноставно сакам да помогнам и да го споделам своето знаење.

@ stealek честито и од мене ново работно место и убаво да ти трне новата работа.
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: Zdravkovski on 27.10.2011, Thursday, 21:46:46

На ова ќе речам и да и не ако сите и за се размислуваат вака тогаш повеќе ќе нема копи/пасте а за тоа што некој си платил екстра тогаш и проектот го купил значи е негов и он одлучува дали ќе го сподели со други или не и под кои услови, ама во секој случај треба колку може да се споделува со луѓето така ќе се зголеми интересот за областа а и да му се помогне на некој кој никогаш не се го сретнал во животот е благодарна работа нели?
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: batka on 27.10.2011, Thursday, 22:28:03
Скоро на сите Форуми се вртат истите шеми,истите теми и неблагодарно е да праша некој - кој беше прв? И најголемите светски електронски часописи * крадат* проекти од стари  броеви,ги дотеруваат и ги пријавуваат како нови и свои.Зар мислите дека еден пример Емитер  има толку пари па се нови и свои проекти  пласира?!  И не само Емитер -  и една пр.Инфоелектроника *преведува* цели статии од Електор ! Веке видено!
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: DX-er on 27.10.2011, Thursday, 23:13:16
stealek Честито работно место и да си здрав и жив. Форумот и мене ми има многу помогнато, па благодарение на него јас можам да се наречам електроничар (засега хобист)
Title: Одг: Повик до сите добронамерни посетители на Форумов
Post by: GigaWatt on 27.10.2011, Thursday, 23:58:18
На ова ќе речам и да и не ако сите и за се размислуваат вака тогаш повеќе ќе нема копи/пасте а за тоа што некој си платил екстра тогаш и проектот го купил значи е негов и он одлучува дали ќе го сподели со други или не и под кои услови, ама во секој случај треба колку може да се споделува со луѓето така ќе се зголеми интересот за областа а и да му се помогне на некој кој никогаш не се го сретнал во животот е благодарна работа нели?

Добро, да и ова „држи вода“, но повторно малку ќе „навалам“ на страната на Goce. Интересирање е една работа, за луѓе кои очигледно е дека се интересираат за нешто, ОК, нема проблем, ако имам слободно време, зошто да не му помогнам во дизајнот на некое коло или за пишување на програма за микроконтролер, не гледам причина, особено ако за мене е ептен лесно тоа ;). Но имало некои поединци (членови на форумот) кои очигледно барале дизајн за комерцијални цели со мислење „абе ај, ќе се најде некој бу*ала, ќе напише софтверче“. Искрено, би го направил ова само за некој долгогодишен соработник (индивидуа која со години соработува и купува мои дизајни) и тоа само ако станаува збор за нешто навистина просто и што може да се направи за (фигуративно кажано) 10 минути. Вакви ситуации (барање на готов проект за без ич пари) не се пречести, ама ги имало на форумов и сум ги забележал. Дали некој ќе му одговори на ова барање или не, тоа е сосема друга работа, секој со своите убедувања. Јас лично, не. Не поради друго, ме иритира идејата дека членот со мојот дизајн ќе направи пари, а јас нема ништо од тоа да добијам. Да беа повеќето луѓе фер и да ми речеа „друже, ОК, ја напиша програмата, го дизајнира колото, нејќам да биде муабетов „те зае*ав“, затоа, еве процент од секаде каде што ќе го продадам твојот дизајн“, зошто да не, би напишал. Ама на никој тоа нема да му текне, освен можеби на некои алтруистички настроени индивидуи, кои не верувам дека воопшто би побарале „помош“ од ваков тип, туку сами ќе засукаат ракави и ќе научат како да го прават тоа. Кога ќе го земам се ова во обзир, значи дека сите кои би побарале ваков тип на услуга, во принцип, не мислат да ми платат за мојот труд за уред кој е дизајниран за специјални потреби. Епа извинете, ама не мислам да бидам ни прв ни пследен бу*дала на кој ова му се случило.

Како за крај само сакам да нагласам дека ова не е ситуацијата со повеќе од 90% од побарувањата на форумот. Најчесто се бараат решенија за некои лични и куќни потреби, што е ОК, со таков тип на помош немам никаков проблем. Сакав ова да го нагласам со цел некој да не ме свати погрешно дека не сакам да помагам на членовите на форумот, а со тоа да дадам и порака према другите да не помагаат. Верувајте, тоа е далеку од вистината ;). Поентата ми беше да спомнам дека има и ваков тип на побарувања (со комерцијална цел), но сепак се (сеуште барем) многу ретки ;).

ПС: Со среќа со работното место stealek ;).