Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: batka on 09.10.2011, Sunday, 22:51:56

Title: Заштита на напојување
Post by: batka on 09.10.2011, Sunday, 22:51:56
Оверпротектор или заштита на напојувањето е комбинирано со осигурувач и MOV ( метал оксид варистор).Има малку делови и лесно се инсталира во било која дозна за мрежен напон ( популарна разводна кутија).Овие неколку делчиња ке ве спасат од купување на фабричка заштитна разводна кутија која чини и до 400 ден.За да спасите некоја пара побарајте ги деловите низ фјоките и кутиите или извадете ги од некоја расипана направа  ;D  Варисторот штити до 275V, a осигурувачот  e 6,5A.Погодно е за заштита на компјутер,ТВ,ДВД,музички систем.
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: nickyyoh on 15.10.2011, Saturday, 18:16:19
Дали може да се направи нешто вака за заштита до 250V ?
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: SKOLS_OLD on 15.10.2011, Saturday, 18:18:32
Дали може да се направи нешто вака за заштита до 250V ?
Мислам дека Батка пишал:
Варисторот штити до 275V
значи може  ;D ;)
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: nickyyoh on 15.10.2011, Saturday, 18:22:44
Да. Варисторот штити до 275V но моето прашање беше дали може да штити до 250V? :D
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: donis92 on 15.10.2011, Saturday, 18:36:47
па нормално ако пишува дека штити до 275в а поминува границата од 250в и ШТИТИ!! ако е 275в а да сакаш да штитиш 380в НЕ МОЖЕ!!!
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: Zdravkovski on 16.10.2011, Sunday, 13:12:04
Значи се е океј во шемава се до еден монент а тој е следниот осигурувачот секогаш се поставува на фазниот проводник не викам дека вака како што е преставен нема да работи напротив ќе работи ама имам еден предлог ако некој веќе се реши да го изработува да направи мала модификација на склопот со тоа што ќе го постави осигурувачот пред прекинувачот и така ќе се запази основното правило (извор,осигурувач,прекинувач па после сите составни делови)

или ако сум грешка нека ме поправи некој
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 14:39:52
Во овој случај осигурувачот е на нулата бидејки неговата реакција би била последна ! ;D Фазата доаѓа директно на прекинувачот кој има тлеалка во себе ,која свети кога е во работна состојба.Варисторот е тој кој прв би требало да е на удар и промената кај него условува прегорување на осигурувачот.Тогаш тлеалката нема да свети!
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: Zdravkovski on 16.10.2011, Sunday, 15:40:49
да тлеалката на прекинувачот ќе престане да свети затоа што нема да има нула(разлика на потенцијали) но фаза сеуште ќе има на шукото а со тоа и на уредот кој патем сепак нема да работи без нулата со што еден вид на заштита е обезбедено но сепак мојата забелешка беше од друг вид  :) но овде се работи за заштита на напојувањето а не на луѓето кои имаат мака од фазите нели
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 15:48:04
ОК! Ова шема е предвидена да се направи и смести во дозна од  некој продолжен кабел и да штити од пренапон ,краток спој или пробивање. Значи,точно е - фаза на осигурувач! Да, ама овде  ако ги свртам не знам дали тлеалката ке ја има потребната функција.
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: Zdravkovski on 16.10.2011, Sunday, 15:51:14
сигурно ќе ја има затоа што тлеалката ќе свети секогаш кога ќе имаме фаза ( вклучен прекинувач и здрав осигурач ) и обратно нема да свети секогаш кога ќе имаме ( исклучен прекинувач или прегорен осигурач) без разлиак каде ќе биде сместена заштитата
Title: Одг: Заштита на напојување
Post by: batka on 16.10.2011, Sunday, 18:45:40
да тлеалката на прекинувачот ќе престане да свети затоа што нема да има нула(разлика на потенцијали) но фаза сеуште ќе има на шукото а со тоа и на уредот кој патем сепак нема да работи без нулата со што еден вид на заштита е обезбедено но сепак мојата забелешка беше од друг вид  :) но овде се работи за заштита на напојувањето а не на луѓето кои имаат мака од фазите нели

Значи,во случај да прегори осигурувачот ( а тој треба последен да реагира,прво треба да реагира варисторот!) Варисторот  е така поврзан да во случај на дефект го гори осигурувачот.Тогаш во дозната се прекинува нулата,нема напон ,а со исклучување на прекинувачпт нема ни фаза во штекот.Сигурноста е запазена.