Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: at.koce on 03.10.2011, Monday, 22:38:07
-
Значи, не знам што е проблемот но последниве 2 дена нетот ми е многу спор и кога ке го погледнам „она“ Sent - Receiven, бројките постојано растат! Молам за помош :)
-
Види во позадина да не имаш нешто ставено да симнуваш (download), некој торент или сл.
-
Нема ништо
-
Провери на speedtest колку ти е download/upload
-
(http://www.speedtest.net/result/1515133128.png)
-
Каков интернет користиш ? Од кој провајдер ?
Очигледно е дека имаш преспора конекција, е сега до што е проблемот не знам. Дали до мрежата на провајдерот или пак си го прекорачил лимитот.
-
Не знам бе што му е, од вчера е ваков. Иначе сум на телекабел, лимитот не е пречекорен.
-
Па јави им се нека ја проверат врската,веројатно е до нив.
-
Ќе ги пријавам во она АЕК :P хаха, батка и ти си во право, ке им се јавам утре, сеа тешко дека ке добијам некого..
-
at.koce вероватно имаш лош сигнал до или од модемот или многу шум...ке треба да ги викнеш од телекабел да измерат и подесат како што треба. Во најлош случај некој да пуштил предавател директно во кабелот од кабелската на фрекфенција на која работи модемот :D
-
Паа не сакам баш да ми доаѓаат зашо ке видат тоа дбарите што сум праел :P Аа тоа со предавателот, што знам, можно е ама тука во близина нема луѓе што се разбираат во ел.
-
нема да ти влегуваат дома, само ке го закачат инструментот на кутијата каде што е сплитерот и тамо мерат сигнал... е сега ако сигналот е во ред и до кај нив е во ред тогаш може да ти речат да ти го заменат модемот
-
Тоа е и проблемот, јас додадов уште еден сплитер со 8 излези е чинам, за да имам кабелска на сите телевизори дома, а тоа го направив без они да знаат зошто кога стававме кабелста бараа по 500 ден. за секој ТВ..
-
е добро де, не е тоа проблем. нема да ти замерат за тоа. тие беа други времиња
-
Ај да те послушам :)
-
Не не. Има уште казнуват за то. Барем во Битола. Не е дозволено сами да си приклучваме сами повеќе телевизори во куќата, оти за то се наплаќа.
-
Не не. Има уште казнуват за то. Барем во Битола. Не е дозволено сами да си приклучваме сами повеќе телевизори во куќата, оти за то се наплаќа.
Во Скопје нема проблеми околу тоа
at.koce доколку пак ти е несигурно јави се во телекабел и прашај па види што ке ти кажат.
-
Ќе ги пријавам во она АЕК хаха, батка и ти си во право, ке им се јавам утре, сеа тешко дека ке добијам некого..
АЕК може да постапат дури одкако ќе те одбијат од операторот ако се јавиш во АЕК без да се јавиш прво кај операторот на услуги ќе те ислушаат ама ќе те препратат прво таму да се обратиш
-
Се шалев кога го кажав тоа не мислев озбилно, но сепак фала на информацијата :)
-
На Телекабел моментално им е за никаде конекцијата, не е само кај тебе, и кај мене имам проблеми, не отвора сајтови, а за ping-от, да не зборувам, невидени катастрофи :S. Мислам дека пак треба да си ја надградуваат мрежата бидејќи последен пат пред години или година и нешто ја надградуваа, ама сега па нудат и телефонија и дигитални канали, и pay-per-view, така да, сега мрежата им е преоптеретена и ќе мора да си ја надградуваат. Само што чекаат да дојде „јајцето до га*от“, типично Македонска работа, да почнат да се жалат сите, па дури тогаш да надградат, така беше и лани кога ја надградуваа мрежата, почнаа да паѓаат цели населби пред да решат да ја надградат :S.
-
На почеток на месецот е катастрофа, а не па на крај! Нема да може ништо да се отвори ! >:(