Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 04.03.2010, Thursday, 01:35:59
-
Го читав накратко законот наш за електронски комуникации и увидов дека има уште неколку нови слободни фрекфенции на кои е дозволено да се експериментира и да не си радио аматер освен фрекфенциите кои ни се познати на сите како слободни.
Досега познатите слободни фрекфенции се:
27MHz
49MHz
433MHz
2.4GHz
5.7GHz
Новите слободни фрекфенции во Македонија се:
6.7MHz
13.5MHz
40.6MHz
24GHz
-
Е како не ставија и во ФМ опсегот некоја како 87,5 или 107,9MHz >:(
-
Ставија во опсегот од 60GHz, 122GHz и 250GHz. Уште малку и светлината ќе влезе како слободна фрекфенција :) Ај да те видам направи предавател на 250GHz :)
-
хахахахаха ;D ;D ;D ;D ;D
-
хахаха...па за тоа 250GHz е слободна...зашто нема да можеш да ја искористиш а они ке викаат дека има слободни фреквенции
-
ваква дискусија се водеше и на српски форумот е сега еден член рече дека за мисијата на марс НАСА користи или ке користи предаватели на 500GHz, дали на некој му е познато ова ???
Ако тоа е вистина тогаш тие се луди, зошто ?
Епа на марс и околу марс сите фрекфенции се слободни така да може да си бираат + ај да те видам направи антена за 500GHz колкава ке е, и колку ке има засилување ако е омни ? ако е насочена тогаш не е тоа финтата, финтата е омни антена.
-
Ц.ц.ц. како не ставија некоја слободна за Фм :)
-
Ц.ц.ц. како не ставија некоја слободна за Фм :)
тие за Фм ке ги продаваат....кој ке ти дава беспари Фм фреквенција....
-
А да не знае некој како одат цени за тоа дали месечно ...и се плака повеке/помалку во зависност на покриеноста...пример Антена ја покрива цела Македонија а некои радија само нивните градови...(и да не знае некој кај се наога предавателот на Антена 5?)
-
Го читав накратко законот наш за електронски комуникации и увидов дека има уште неколку нови слободни фрекфенции на кои е дозволено да се експериментира и да не си радио аматер освен фрекфенциите кои ни се познати на сите како слободни.
Досега познатите слободни фрекфенции се:
27MHz
49MHz
433MHz
2.4GHz
5.7GHz
Новите слободни фрекфенции во Македонија се:
6.7MHz
13.5MHz
40.6MHz
24GHz
Пола од фрекфенциите не се слободни затоа што се во радио аматерскиот опсег и тоа : 433ГХз, 2.4ГХз, 5.7ГХз, 24ГХз
-
Да, тие навистина се аматерски ама се ставени под светскиот ISM (Industrial, Scientific, Medical) стандард што значи (цитирам фуснота М15): „Овие фрекфенции се наменети за индустриски, научни и медицински (ISM) апликации. Радиокомуникациските служби што работат во овие опсези мора да ги прифатат штетните пречки што можат да бидат предизвикани од овие апликации.“
Што во превод би значело дека радио-аматерите не можат да се жалат на АЕК и да експериментира некој со предаватели што од друга страна би значело "Let's Rock!" во западен жаргон.
-
Го читав накратко законот наш за електронски комуникации и увидов дека има уште неколку нови слободни фрекфенции на кои е дозволено да се експериментира и да не си радио аматер освен фрекфенциите кои ни се познати на сите како слободни.
Досега познатите слободни фрекфенции се:
27MHz
49MHz
433MHz
2.4GHz
5.7GHz
Ама овие се слободни до некаде, еве кај 2,4Ghz до 100mW смееш, кај 5,7Ghz до 200mW, кај 27Mhz до 4 W, кај 433MHz до 10мW мислам дека беше.
-
слободен е опсегот 433,040 - 434,790 MHz меѓутоа не е дозволен пренос на звук и говор :)
кој сака да се информира еве ги сите слободни фрекфенции што може да се користат без одобрение со максимално дозволени ERP
-
според тој документ смееме да емитуваме со 8W во фрекфенциите за GSM
-
според тој документ смееме да емитуваме со 8W во фрекфенциите за GSM
Па сигурно се мисли на мобилките (мобилни терминали) што сите ние ги имаме. Колку знам за нив никој не бара дозвола. А базните станици (репетитори) се веќе нешто друго. Јас така го сваќам ова. инаку документов е прилог на Правилникот за користење на радиофреквенции без одобрение донесен на ден 11.05.2007 и објавен во Сл.Весник на РМ бр.64/2007 а стои на сајтот на агенцијата за електронски комуникации.
-
па не е баш така. Прво мобилните оператори платиле за лиценца + платиле и за нас да може да ги користиме фрекфенциите но затоа тие од нас наплакаат. Иначе мобилкиве не зрачат со 8W туку со некој си макс. 2W и тоа импулсивно а во документот пише дека тие фрекфенции се слободни. Значи може да направиме предаватели на тие фрекфенции и да емитуваме со 8W па операторите нека ја чукаат главата.
-
Хммм... ајде сега малку мозочна гимнастика на сите: Во многу институции се користат сметачи за мобилни телефони... во суштина тие се предаватели со шум во одредени фрекфенциски граници. Значи сега тоа е легално или не?
-
Како и многу други работи кај нас и оваа за слободниве фрекфенции има некои недоречености.
На пример опсегот 433,040 - 434,790 MHz инаку е познат како LPD433, поделен на 69 канали и се користи со максимален ERP 10mW и претставува дополнување на PMR446 со опсег 446.00625 - 446.09375 си само 8 канали и ERP 500mW.
Е сега у овој документов за слободниве фрекфенции опсегот на LPD433 е опфатен но во забелешка пишува "Не е дозволен пренос на звук и говор"
е тоа ви е контрадикторност
Како ќе користиме еден license-free PMR446 уред што во себе го има интегрирано и LPD443 каков што е на пример Midland G7, а при тоа да не емитираме никаков звук na 433MHZ ??? :o
-
Слушнете ова е интересно, се продаваат токи воки кои работат на ферекфенции кои не се спомнати од страна на АЕК ниту како лиценцирани ниту слободни. Едноставно не постојат во ниту еден список.
Се работи за 462 и 467MHz a има и некои други токи воки кои работат + и на 150MHz
-
Тоа е FRS:
http://en.wikipedia.org/wiki/Family_Radio_Service
Тие се за Амерички пазар и не е легално да се користат кај нас.
Исто така има FRS на 409MHz. Тие се за кинески пазар (хонг-конг поточно) и воопшто не требало да се продаваат во европа ама еве. Јас дома имам такви :)
-
Да но интересно е што тие фрекфенции воопшто не се спомнати во ниту еден план на АЕК. Иначе на тие фрекфенции може да се слушне некој од време на време (тоа за пред 4-5 год, сега не знам ) Иначе најнормално се продаваат во продавниците без никаков проблем :)
-
Тие радио станици кои велиш дека работат на 150+ MHz е всушност MURS (USA) или BB (Business Band) (Eur):
http://en.wikipedia.org/wiki/Multi-Use_Radio_Service
http://en.wikipedia.org/wiki/Business_band
Оваа фрекфенција (канал) за жал мора да се купи ама према табелата за цени не е скапа.
-
Новите слободни фрекфенции во Македонија се:
6.7MHz
13.5MHz
40.6MHz
Борче ако можеш пиши го линкот за новите слободни фрекфенции, не за друго туку да го испечатам и доколку во иднина направам таков предавател барем да имам и копија од тој документ за секој случај.
-
865,6 - 867,6 MHz
2 W e.r.p.
Ширина на канал 200 KHz
CEPT документи ERC/REC 70-03 Annex 11