Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 12:29:00

Title: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 12:29:00
здраво до сите имам еден проблем кој незнам да го решам сам па решив да побарам помош а проблемот е следен користам микроконтролер 16Ф887 тој уклучува на излез осум solid state релеа кои работат од 3 до 24 волти но после извесно време микроконтролерот ке загрее малце и кога ке треба да се уклучат релеата тој се рестартира ако го оставам да се излади извесно време пак си работи но за кратко време пак истото и заборавив да напоменам но излезите имам ставено само 68оми отпорник за да ја ограничам струјата

можеби решението е да се стават транзистори но незнам какови одпорници да ставам затоа барам помош
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 13:17:49
На излезите од микроконтролерот дирекно неможеш да приклучиш реле или било каков потрошувач кој влече струја повеке од 20mA ти бидејки ги имаш дирекно поврзани релињата на илезите се уклучува заштита и се гаси микроконтролерот

Можеш да ставиш оптокаплер со кој ке го улучуваш релето транзистор или некое коло како ULN 2003 одлучи што сакаш да употребиш па ке ти помогнеме како да го изведеш тоа
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартирk
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 13:32:34
еве може со ULN 2003

Споено мислење: [time]09 Септември 2011, 12:43:03[/time]
јас еднаш имав ставено ULN 2003 но и тогаш имав проблеми мислам дена не можеш да ги побуди релеата
може и со транзистори некоја шема ако имаш
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 14:10:57
Еве со транзисторче на портот од микроконролерот да речеме RА.1 ставаш отпорник од 10К и го врзуваш со базата на транзисторот (NPN BC547,BC327) емитерот на транзисторот го врзуваш на маса а колектророт оди на едниот карај од релето а другиот крај од релето оди на плусот од напојувањето ако работи релето на 12 волти му носиш напон +12волти
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 16:18:04
а може релето наместо на колектор да се врзе на емитер и нетреба тука да се стави некаков одпорник ?
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: MarkoMK on 09.09.2011, Friday, 16:41:19
Рече дека користиш солид стате релеа. Не би имало потреба од голема струја пошто самото солид стејт реле е еден вид оптотријак со одредени заштити итн.. Пиши кој тип на реле користиш..
И како ги одреди отпорниците дека треба да бидат 68 оми? Пробај експериментално со поголеми отпорници, на пример 100, 200 оми дали ќе работи, пошто очигледно големата струја е проблемот.
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 16:54:43
Големо изинување до недоразбирањето од моја страна во текстото не забележив дека користиш solid state релиња си мислев дека користиш класично реле како што кажа Маркомк  кажини кој тип на релиња ги користиш за да можеме да помогнеме.
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 17:51:19
вака работниот напон им е од 3 до 24 волти а за типот сега неможам да ви кажам зошто наработа ми се порбав со 100 оми  не се уклучуваат 68 оми се уклучуваат ама поврзани дирекно на микроконтролер значи микроконтролерот одпорникот и релето но по извесно време како што кажав се рестартира микроконтролерот мене ми одговара со BC547 ги имам ама незнам колкави одпорници да ставам
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 17:57:03
За да ги дефинираме вредностите на отпорниците и начинот на поврзување ни се потребнин карактеристики за релињата ако можеш да ни го кажет типот на релето за да ти помогнеме
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 18:16:30
во недела одам наработа дотогаш нисто неможам да видам а би сакал да го решам проблемов но ако не ке почекам што можам друго а може да ми кажеш како можам сам да прерачунам како е формулата ?
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: GigaWatt on 09.09.2011, Friday, 18:19:17
Едно кратко прашање, поточно две, што се solid state релиња и која е разликата меѓу нив и обичните релиња?
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Bojan on 09.09.2011, Friday, 18:30:38
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Solid_state_relay
нешто слично како опто каплер е, ама поголема струја може да издржи и такви работи, и предност има што е побрз од обично електро механичко реле..
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 18:36:28
solid state релиња се електронски релиња немат механички контакт добрата особина со многу мала струја се побудува а може да контролира многу поголема галвански ти го одвојуваат микроконтролерот со товараот кој сакаш да го контролираш исто така има изведби за DC и AC напони/струи некој имаат струјни заштити термички ...накратко тоа е  ;)
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: GigaWatt on 09.09.2011, Friday, 18:37:24
нешто слично како опто каплер е, ама поголема струја може да издржи и такви работи, и предност има што е побрз од обично електро механичко реле..

А, нешто како switching MOSFET е, ама гејтот му е одвоен со оптокаплер од каналот ;). Така ќе му дојде?

Ако е така, тогаш доволно му е само еден отпорник да стави помеѓу излезите од микроконтролерот и влезот на ова реле. Вредноста, треба да се пресмета врз база на параметрите на оптокаплерот во релето ;).
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 19:45:38
еве колкеги отидов до наработа и зедов информации моделот на релето е RP530060 3-0 ајде сега помагајте
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: GigaWatt on 09.09.2011, Friday, 20:41:05
еве колкеги отидов до наработа и зедов информации моделот на релето е RP530060 3-0 ајде сега помагајте

Влезна импеданса на контролните влезови на релето му е 1K. 5V/1K=5mA, не знам зошто се гаси микроконтролерот кога и онака повлекува околу 5mA струја. Пробај измери колку струја повлекува од влезот за оптокаплерот, да не случајно грешам. Нека ме корегира некој ако грешам, можеби погрешно ги читам податоците од datasheet-от ???. Еве јас каде гледав.

(http://img689.imageshack.us/img689/5070/shot0023on.jpg)
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 21:02:33
три четири недели си работеше супер бес никаков одпорник дирекно врзано на излез од микроконтролерот но сега се рестартира а колку што измерив непојувањето е стабилно 5V а се растартира само кога треба да ги уклучи релеата
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: SKOLS_OLD on 09.09.2011, Friday, 21:23:29
три четири недели си работеше супер бес никаков одпорник дирекно врзано на излез од микроконтролерот но сега се рестартира а колку што измерив непојувањето е стабилно 5V а се растартира само кога треба да ги уклучи релеата
а да мериш кога се активираат релињата.Да не паѓа напонот,со што да не е расипан напонскиот регулатор,ако кориситиш 7805?Провери тој да не е,или стави нов и директно на ладилник поврзи го.
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 09.09.2011, Friday, 21:41:26
да да тогаш и мерев и има 5v јас мислев излезите да не се преоптоварени
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: MarkoMK on 09.09.2011, Friday, 23:18:51
А каков потрошувач уклучуваат релињата?
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Goce on 09.09.2011, Friday, 23:35:16
Како што кажа Гига со таа влезна отпорност кој ја имаат релињата не би требало да имаш никаков проблем.

Дали ти се ресетира кога ке уклучи било кое реле или пак само на едно тоа да не е проблематично да повлекува повеке струја .
Ако се во ред сите релиња прво пробај побудувајги со некој транзистор како што пишав ако пак имаш проблем имаш некој прооблем со напојувањето и пикот се доведува во Brown out состојба

Brown out е сосотојба која го исклучува микроконтролеро.Микроконтролерот доага во ваква состојба поради високи пречки на напојувањето.
Ако напонот на кој се напојува микроконтролер заигра на задна ивица од дозволената и бидејки е составен од повеке склопови кој работаат на различни напони и напонот падне под тоа ниво он ке се збуни и ке се углави за вакви проблеми постојат екстерни кола кој се приклучуваат на пинот за ресет MCLR
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 10.09.2011, Saturday, 14:27:30
ок ке пробам утре тогаш сум наработа ке измерам уште еднаш па ке видиме
релињата уклучуваат електромагнетни вентили на 24V
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Devil on 10.09.2011, Saturday, 21:52:53
дали си сигурен за кодот, да не имаш нешто изгибано, пинот мцлр треба да е на 5В цело време, ако се спое на маса ќе се ресетира, стави го со отпорниче према 5В
ако ти падне напонот под одредено ниво (напонот од напојувањето) ќе се исклучи, односно ресетира
е сега тоа може да се случи и ако моментално снема напојување, значи тоа трае микросекунди (види во даташитот колку време треба за да се исклучи откако снема напојување)
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 10.09.2011, Saturday, 22:40:39
мислам со кодот дека е се ок затоа што ако е кодот нема ич да работи
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Devil on 10.09.2011, Saturday, 22:47:56
провери, ништо не те кошта да видиш да не случајно имаш некоја грешка негде
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартирk
Post by: gladiator on 10.09.2011, Saturday, 23:16:50
да да утре ке проверам подетално но се мислев да го заменам и микроконтролерот имам уште еден таков па ке видиме
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: MarkoMK on 11.09.2011, Sunday, 10:06:58
ок ке пробам утре тогаш сум наработа ке измерам уште еднаш па ке видиме
релињата уклучуваат електромагнетни вентили на 24V

А од нив да не се ствараат некои повратни пречки (индукција)?? Пробај стави заштитна диода паралелно на вентилот
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 11.09.2011, Sunday, 19:54:19
го пронајдов дефектот а го предизвикувало колото за ресет TL7705 го отстранив него и сега работи без проблем се надевам дека ќе остане само на тоа и само што сега неможам да го рестартирам микроконтролерот во работа  ;D но како и да е мислам и дека ќе немам и потреба  ::)
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: Devil on 11.09.2011, Sunday, 20:29:07
епа можеш да направиш некој склоп кој ќе ти го спојува пинот со маса, не мора да е посебно некое коло

кажи ни ја замислата ќе ти помогнеме
Title: Одг: зошто микроконтролерот се рестартира сам ?
Post by: gladiator on 11.09.2011, Sunday, 21:11:51
неможем сега ништо да променувам плочката е двострана и лакирана наедноставно би било да се промени TL7705 но мислам дека може и без ресет да функционира ајде утре ќе ви покажам некоја слика да видите како тоа изгледа

Споено мислење: 13.09.2011, Tuesday, 19:06:59
еве колеги како што ветив тука се и сликите и големо благодарам на сите што се ангажираа да ми помогнат

состојба на ормарот пред ремонтот

(http://www.pic.mk/images/2011091112.jpg)

и после ремонтот


(http://www.pic.mk/images/201109mjm.jpg)


(http://www.pic.mk/images/201109uru.jpg)